Тијаго Илори

Португалски фудбалер

Тијаго Абиола Делфим Алмеида Илори (роден на 26 февруари 1993 во Хампстед) — португалски фудбалер, играч од одбраната на Спортинг Лисабон.

Тијаго Илори
Лични податоци
Роден на 26 февруари 1993(1993-02-26)(31 г.)
Роден во Хампстед, Англија
Држава Португалија Португалија
Висина &100000000000001900000001,90 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон
Број 3
Младинска кариера
Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон
Ешторил Ешторил
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011-2013 Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 12 (1)
2012-2013 Спортинг Лисабон Б Спортинг Лисабон Б 20 (0)
2013-2017 Ливерпул Ливерпул 0 (0)
2014Гранада Гранада 9 (0)
2014-2015Бордо Бордо 16 (1)
2015-2016Астон Вила Астон Вила 0 (0)
2017-2019 Рединг Рединг 53 (1)
2019- Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 3 (0)
Репрезентација
2010-2011 Португалија Португалија 18 2 (0)
2011-2012 Португалија Португалија 19 15 (1)
2012-2013 Португалија Португалија 20 9 (0)
2013-2015 Португалија Португалија 21 10 (1)
2016 Португалија Португалија 23 3 (0)
* Ажурирано на: 3 јули 2012
** Ажурирано на: 3 јули 2012

Животопис

уреди

Роден е во Хампстед, Лондон,[1] од татко британец со нигериско потекло и мајка португалка. Своето детство го поминал во градот Албуфеира, каде започнал да игра фудбал.

Клупска кариера

уреди

Својата фудбалска кариера ја започнал во екипата на Спортинг Лисабон на која и се приклучил во младинските категории во 2006 година.[2] Своето деби за првиот тим на Спортинг го направил на 6 ноември 2011, играјќи ги комплетните 90 минути во победата со 3-1 на домашен терен над Леирија во Примеира лига.[3] На 14 декември, го одиграл својот прв натпревар во Лигата на Европа, во поразот со 2-0 од Лацио на Олимпико.[4] Во својот четврти настап за Спортинг, Илори го постигнал првиот погодок за клубот во победата со 3-2 над Жил Висенте.[5]

На 2 септември 2013, Илори потпишал за Ливерпул во трансфер вреден 7 милиони фунти.[6][7]

Откако не одиграл ниту еден натпревар за Ливерпул во првиот дел од сезоната, тој бил позајмен на Гранада до крајот на сезоната 2013-2014. Своето деби за андалусијците го направил во поразот со 1-0 на гостувањето кај Еспањол на 7 февруари 2014. Во следниот натпревар тој му асистирал на Пити за единствениот гол во победата над Реал Бетис.[8]

Следната сезона бил проследен на нова позајмица, овојпат во Бордо.[9] За франускиот клуб одиграл 12 натпревари и постигнал еден гол во ремито 1-1 против Сент Етјен.[10]

За сезоната 2015-2016, бил позајмен во Астон Вила до крајот на сезоната, но откако не одиграл ниту еден натпревар за клубот заемот бил прекинат во јануари 2016 и тој се вратил во Ливерпул. Следниот ден по враќањето во Ливерпул, тој го одиграл својот единствен натпрвар за "црвените" од Енфилд против Ексетер Сити во ФА Купот.[11]

На 18 јануари 2017, Илори потпишал за клубот од Чемпионшип лигата, Рединг, за сума од без малку 4 милиони фунти.[12][13] Своето деби за кралските поданици го направил три дена подоцна, во поразот со 3-2 на гостувањето кај Дарби Каунти.[14] Тој одиграл вкупно 8 натпревари за клубот во сезоната 2017-2018, и бил во тимот на Рединг кој го играл финалето на плејофот за промоција во Премиер лигата на 29 мај, во кое загубиле од Хадерсфилд Таун по изведување на пенали. Својот прв погодок за Рединг го постигнал на 15 септември 2018, во гостинската победа со 3-2 над Престон Норт Енд. Вкупно за Рединг во две и пол сезони одиграл 64 натпревари и постигнал 1 гол.

На 29 јануари 2019, Илори се вратил во Спортинг Лисабон по 5 и пол години,[15] потпишувајќи четири и пол годишен договор со клубот.[16]

Репрезентативна кариера

уреди

Илори играл за португалската репрезентација на четири различни нивоа, претставувајќи ја својата земја на Европско првенство за играчи под 19 години 2012, Светското првенство за играчи под 20 години 2013, Турнирот во Тулон во 2013 и Европско првенство за играчи под 21 година 2015.[17] Тој сè уште има право да игра за Португалија, Англија или Нигерија на сениорско ниво.[18]

Клупска статистика

уреди

Статистката е ажурирана на 20 мај 2018.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2011-2012   Спортинг Лисабон ПЛ 1 0 КП+ЛКП 0+0 0 ЛЕ 1 0 - - - 2 0
2012-2013 ПЛ 11 1 КП+ЛКП 0+0 0 ЛЕ 1 0 - - - 12 1
авг. 2013-2014   Ливерпул ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 0 0
2013-2014   Гранада ПД 9 0 КШ - - - - - - - - 9 0
2014-2015   Бордо ПД 12 1 КФ+ЛКФ 2+1 0 - - - - - - 15 1
2015-јан. 2016   Астон Вила ПЛ 0 0 ЛК 0 0 - - - - - - 0 0
јан. - јун. 2016   Ливерпул ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 3+0 0 ЛЕ 0 0 - - - 3 0
2016- јан. 2017 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 0 0
Вкупно Ливерпул 0 0 3 0 0 0 - - 3 0
јан. - јун. 2017   Рединг ЧЛ 5+3[19] 0 - - - - - - - - - 8 0
2017-2018 ЧЛ 29 0 ФАКуп+ЛК 3+2 0 - - - - - - 34 0
2018-2019 ЧЛ 19 1 ФАКуп+ЛК 1+2 0 - - - - - - 22 1
Вкупно Рединг 56 1 8 0 - - - - 64 1
јан. - јун. 2019   Спортинг Лисабон ПЛ 3 0 КП 1 0 ЛЕ 1 0 - - - 5 0
Вкупно Спортинг Лисабон 15 1 1 0 3 0 - - 19 1
Вкупно во кариерата 92 3 15 0 3 0 - - 110 3

Наводи

уреди
  1. De Menezes, Jack (1 August 2014). „Mats Hummels transfer latest: Manchester United to revive interest as Liverpool's Tiago Ilori could hold the key to move“. The Independent. London. Посетено на 27 May 2015.
  2. „10 facts about new boy Tiago Ilori“. Liverpool F.C. 2 September 2013. Посетено на 5 November 2014.
  3. Liga round-up: Sporting close gap Архивирано на 31 јули 2013 г.; PortuGOAL, 6 November 2011
  4. Clinical Lazio through after Sporting triumph; UEFA, 14 December 2011
  5. Young Lions prevail in Barcelos Архивирано на 8 ноември 2013 г.; PortuGOAL, 16 February 2013
  6. „Liverpool complete Ilori deal“. Liverpool F.C. 2 September 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2 September 2013.
  7. „Liverpool sign Tiago Ilori from Sporting Lisbon as they look to add defensive depth“. Daily Mirror. 2 September 2013. Посетено на 2 September 2013.
  8. „Piti wins it for Granada“. ESPN FC. 16 February 2014. Посетено на 18 February 2014.
  9. „Prêt – Tiago Ilori, nouvelle recrue bordelaise!“ [Loan – Tiago Ilori, new bordelaise recruit!] (француски). FC Girondins. 18 August 2014. Архивирано од изворникот на 29 November 2014. Посетено на 19 November 2014.
  10. „Saint-Etienne-Bordeaux (1–1), Bordeaux résiste à Saint-Etienne“ [Saint-Etienne-Bordeaux (1–1), Bordeaux hold on at Saint-Etienne] (француски). Goal. 25 September 2014. Посетено на 19 November 2014.
  11. Rose, Gary (8 January 2016). „Exeter City 2–2 Liverpool“. BBC Sport. Посетено на 8 January 2016.
  12. Shaw, Chris (18 January 2017). „Tiago Ilori completes permanent move to Reading“. Liverpool F.C. Посетено на 18 January 2017.
  13. „Tiago Ilori moves to Reading from Liverpool on three-and-a-half year deal“. ESPN FC. 18 January 2017. Посетено на 18 January 2017.
  14. „Derby County 3–2 Reading: Rams win battle of promotion hopefuls“. Sky Sports. 21 January 2017. Посетено на 24 February 2018.
  15. „Ilori departs to sign for Sporting Lisbon“. Reading F.C. 29 January 2019. Посетено на 29 January 2019.
  16. „Comunicado por Tiago Ilori“ [Tiago Ilori announcement] (португалски). Sporting CP. 28 January 2019. Посетено на 28 January 2019.
  17. „Tiago Ilori“. Portuguese Football Federation. Посетено на 18 June 2015.
  18. Prentice, David (11 November 2014). „Mamadou Sakho believes he has the leadership qualities to help Liverpool FC“. Daily Post. Посетено на 18 June 2015.
  19. 3 настапи во плејофот.

Надворешни врски

уреди