Тетумски јазик

јазик на островот Тимор

Тетумскиот, или тетунски, е австронезиски јазик, дел од подгрупата на тиморско-бабарски јазици. Јазикот се зборува на островот Тимор, односно и во индонезискиот Западен Тимот и во независниот Источен Тимор. Во Источен Тимор, тетумскиот е службен јазик во државата, покрај португалскиот. Во главниот град Дили се развила креолизирана форма на јазикот наречена тетумско-дилиски јазик. Двете форми не се меѓусебно разбирливи.[1]

Тетумски јазик
Lia-Tetun
Застапен воИндонезија, Источен Тимор
Говорници500,000  (2004)[1]
Тетунско-дилискиот е расшиен во Источен Тимор како втор јазик
Јазично семејство
Писмотетумска азбука
Статус
Службен во Источен Тимор
Регулативен органНационален институт за лингвистика
Јазични кодови
ISO 639-2tet
ISO 639-3или:
tet — тетунски
tdt — тетунско-дилиски

Името „Тетум“ потекнува од португалскиот назив за јазикот. Оригиналното име на јазикот е „Тетун“.[2]

Правопис

уреди

Тетумскиот јазик не бил официјално регулиран или поддржан ниту за време на португалската ниту за време на индонезиската управа. Во скоро време, правописот на јазикот бил стандардизиран од страна на Националниот институт за лингвистика. Сепак, сè уште постојат различни пишани верзии за јазикот.

Сегашниот правопис на јазикот потекнува од 1974 кога Фретилин започнале кампања за зголемување на писменоста во Источен Тимор. Овој систем исто така бил употребуван од Католичката црква на островот.

големи букви
A Á B D E É F G H I Í J K L M N Ñ O Ó P R S T U Ú V X Z
мали букви
a á b d e é f g h i í j k l m n ñ o ó p r s t u ú v x z

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди