Палеолитска Венера

Венерските фигурини вклучуваат широк спектар на статуетки од Горниот Палеолит кои ги претставуваат жените со преувеличени физички карактеристики. Повеќето биле откопани во Европа, но други се пронајдени и во Сибир, што ја протега нивната дистрибуција низ поголемиот дел на Евроазија.

Повеќето од нив имаат нагласени колкови, стомак, гради, бутови, или вулва.[1][2] Рацете и нозете често отсуствуваат, а главата е обично мала и безлична. Тие можеле да иматат ритуална или симболичка функција, да бидат автопортрети на жени, да бидат амблеми на безбедност и успех, икони на плодноста, или директни репрезентации на божицата-мајка.

Хелен Бенини тврди во Појавата на Божицата дека конзистентноста во дизајнот на овие безлични, често бремени[3] личности со големи гради, во текот на еден поширок регион и во текот на долг временски период укажуваат на тоа дека тие претставуваат архетип на женски Врховен Создател. Луѓето во неолитот, бронзеното време, и железното доба најверојатно ја сметале жената како творец вродено сврзана со циклусите на природата: жените роѓале (создавале) и нивниот менструален циклус бил во согласност со Месечните циклуси и плимата и осеката.[4]

НаводиУреди

  1. Conard, Nicholas J (14 May 2009). "A female figurine from the basal Aurignacian of Hohle Fels Cave in southwestern Germany" (PDF). Nature. 459 (7244): 248–252. doi:10.1038/nature07995. PMID 19444215. Посетено на 27 July 2010.
  2. Cressey, Daniel (13 May 2009). "Ancient Venus rewrites history books". Nature. News. doi:10.1038/news.2009.473. |access-date= бара |url= (help)
  3. Sandars, 29
  4. Benigni, Helen, ed. 2013. The Mythology of Venus: Ancient Calendars and Archaeoastronomy. Lanham, Maryland : University Press Of America.
  5. Sandars, plate 12

Надворешни врскиУреди