Марија Гимбутас
Марија Гимбутас (литвански: Marija Gimbutienė; 23 јануари 1921 - 2 февруари, 1994), била литванско-американски археолог позната по нејзиното истражување за културите на неолитот и бронзеното доба на "Стара Европа" и за нејзината широко прифатена хипотеза за Курган, која ја укажува праиндоевропската татковина во Понтската Степа. Гимбутас тврдеше дека неолитските наоѓалишта во Литванија и во цела Европа обезбедуваат докази за прединдоевропски општества кои биле ниту матријархални ниту патријархални, иако подоцна во одредени научни кругови се проширило верувањето дека предложила дека тие општества биле матријархални.[1]
Ран живот
уредиГимбутас е родена во Вилнус, главниот град на Литванија. Нејзините родители биле членови на литванската интелигенција, општествена класа која се издигна од земјоделската класа за време на владеењето на империска Русија.[2] Нејзината мајка доби докторат по офталмологија во Берлин во 1908 година и стана првата жена лекар во Литванија. По руската револуција во 1917, родителите на Гимбутас ја основале првата Литванска болница во главниот град.[2] Родителите на Гимбутас ја познавале традиционалната литванска народна уметност и често поканувале современи музичари, писатели и автори во нивниот дом.[3]
На смртната постела на нејзиниот татко, Гимбутас му вети дека ќе учи за да стане научник: "Одеднаш морав да мислам што да бидам, што да правам со мојот живот. Сум била толку невнимателна во спортското-пливање со милји, уметничкото лизгање, возењето велосипед. Се променив целосно и почнав да читам."[4][5]
Кариера
уредиПо пристигнувањето во САД, Гимбутас веднаш отиде на работа во Универзитетот Харвард преведувајќи археолошки текстови од Источна Европа. Таа потоа стана професор на Одделот за антропологија.
Курганска хипотеза
уредиВо 1956 година Гимбутас ја претстави својата хипотеза за Курган, која комбинирала археолошки студии на карактеристичните Кургански могили со лингвистиката за да реши некои проблеми во студиите за луѓето што зборувале праиндоевропски, кои таа ги нарече "кургани"; имено, за да го открие нивното потекло и да се определат нивните миграции во Европа. Оваа хипотеза, и чинот на премостувањето на дисциплините, имале значително влијание врз индоевропските студии.
Во текот на 1950-тите и раните 1960-ти, Гимбутас заработила репутација како врвен специјалист за индоевропското бронзено доба, како и за литванската народна уметност и праисторијата на Балтичките народи и Словените, делумно сумирани во нејзиниот конечен опус, Културите од бронзеното доба во Средна и Источна Европа (1965). Во нејзината работа таа ја реинтерпретирала европската праисторија благодарение на нејзината работа во лингвистиката, етнологијата и историјата на религиите, и ги открила грешките во многу од традиционалните претпоставки за почетоците на европската цивилизација.
Гимбутас насочувала големи ископувања на неолитски локации во Југоисточна Европа помеѓу 1967 и 1980 година, вклучувајќи ги и Анзабегово во близина на Штип, и Минаре и Ахилејон во Тесалија. Копањето низ слоевите на земјата кои претставувале временски период пред современите проценки за неолитските живеалишта во Европа - каде што другите археолози не очекувале понатамошни откритија - таа откопала голем број на артефакти од секојдневниот живот и на верски култови, за која таа истражувала и ги документирала во текот на нејзината кариера. Една изјава на Марија Гимбутас за време на нејзината успешна кариера гласи: По еден милениум откако Хунската Империја пропаднала, се појави повторно посебна словенска култура и се ширила брзо. Гимбутас напиша: "Ниту Бугарите ниту Аварите го колонизирале Балканскиот Полуостров, откако ги опустошиле Тракија, Илирија и Грција се вратиле во нивната територија на север од Дунав. Словените биле тие кои го колонизирале."[6]
Подоцнежна археологија
уредиГимбутас стекна слава - и озлогласеност - со нејзините последни три книги: Божиците и Боговите на Стара Европа (1974); Јазикот на Божицата (1989), која инспирирала изложба во Висбаден, 1993-1994; и нејзината последна книга, Цивилизацијата на Божицата (1991), која врз основа на нејзините документирани археолошки наоди презентирала преглед на нејзините заклучоци за неолитските култури во Европа: моделите на домување, социјалната структура, уметноста, религијата, и природата на писменоста.
Цивилизацијата на Божицата ги артикулирала разликите што Гимбутас ги виде помеѓу Стариот Европски систем - центриран на божицата и жената, и индоевропската патријархална (андократична) култура од бронзеното доба која го истисна. Според нејзините толкувања, матристичните општества биле мирни, ги почитувале хомосексуалците, и се залагале за економска еднаквост.
Андократичните Кургански народи, од друга страна, ја нападнале Европа и го воспоставиле хиерархиското владеење на машки воини.
Наводи
уреди- ↑ C. Spretnak (2011). "Anatomy of a Backlash: Concerning the Work of Marija Gimbutas" Архивирано на 27 март 2014 г., The Journal of Archaeomythology, vol. 7.
- ↑ 2,0 2,1 Ware & Braukman 2004, стр. 234.
- ↑ Marler 1998, стр. 115.
- ↑ Marler 1998, стр. 116.
- ↑ Marler 1997, стр. 9.
- ↑ History And Archaeology Through Laboratory Examinations, Tome Egumenoski & Aleksandar Donski, 2012 pp.8.
Наводи
уреди- Chapman, John (1998), „The impact of modern invasions and migrations on archaeological explanation: A biographical sketch of Marija Gimbutas“, Во Díaz-Andreu, Margarita; Sørensen, Marie Louise Stig (уред.), Excavating Women: A History of Women in European Archaeology, New York: Routledge, стр. 295–314, ISBN 0-415-15760-9.
- Häusler, Alexander (1995), „Über Archäologie und den Ursprung der Indogermanen“, Во Kuna, Martin; Venclová, Natalie (уред.), Whither archaeology? Papers in honour of Evzen Neustupny, Prague: Institute of Archaeology, стр. 211–229, ISBN 80-901934-0-4.
- Marler, Joan (1997), Realm of the Ancestors: An Anthology in Honor of Marija Gimbutas, Manchester, Connecticut: Knowledge, Ideas & Trends, ISBN 1-879198-25-8.
- Marler, Joan (1998), „Marija Gimbutas: Tribute to a Lithuanian Legend“, Во LaFont, Suzanne (уред.), Women in Transition: Voices from Lithuania, Albany, New York: State University of New York Press, ISBN 0-7914-3811-2.
- Meskell, Lynn (1995), „Goddesses, Gimbutas and 'New Age' Archaeology“, Antiquity, 69: 74–86.
- Spretnak, Charlene (2011), Marler, Joan; Haarmann, Harald (уред.), „Anatomy of a Backlash: Concerning the Work of Marija Gimbutas“ (PDF), Journal of Archaeomythology, 7: 1–27, ISSN 2162-6871, Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-03-27, Посетено на 2014-06-24
- Ware, Susan; Braukman, Stacy Lorraine (2004), Notable American Women: A Biographical Dictionary Completing the Twentieth Century, Cambridge, Massachusetts: Harvard University Press, ISBN 0-674-01488-X.