Список на археолошки наоѓалишта во Демиркаписко

Ова е список на археолошките наоѓалишта во Демиркаписко,[1] односно на наоѓалиштата кои се наоѓаат на територијата на Општина Демир Капија. Подредени се по азбучен редослед на населените места во или кај кои се наоѓаат. Списокот веројатно не е целосен.

Населено место Општина Име Тип Период
Барово Демир Капија Грамаѓе - Дабје храм и некропола римско време
Гробана некропола римско време
Дабот некропола доцноантичко време
Ридот населба и некропола римско време
Бесвица Демир Капија Барака рудник римско време
Клунот населба римско време
Криви Дабец населба доцноантичко време
Бистренци Демир Капија Дубљани населба римско време
Корминиш некропола доцноантичко време
Ограѓе - Св. Петка црква со некропола старохристијанско време
Рудина населба и некропола римско време
Демир Капија Демир Капија Автопат храм раноантичко и римско време
Бандера - Бошавица храм и некропола римско време
Бандерица некропола и ѕидан водовод римско време
Болница некропола; депо на монети раноантичко време; среден век
Будур Чифлик населба и некропола доцноантичко време
Градина населба; некропола бронзено време; римско време
Клисура населба раноантичко време
Кула на Пострелец утврдување хеленистичко и доцноантичко време
Манастир населба; некропола од праисториско до доцноантичко време; старохристијанско време и среден век
Манастир - Варници населба и некропола римско време
Некропола 1 некропола железно време
Некропола 2 - Будур Чифлик некропола железно време
Просек утврден град од архајско време до доцен среден век
Рамниште утврдена населба железно и хеленистичко време
Римски Пат пат римско време
Црквиште базилика со некропола; црква со некропола старохристијанско време; среден евк
Драчевица Демир Капија Падарница населба и некропола доцноантичко време
Дрен Демир Капија Браова Нива населба доцноантичко време
Буеви Ниви населба неолитско време
Бука некропола римско време
Голем Змеовец светилиште римско време
Калуѓерска Чука црква среден век
Колнеш рударска населба доцноантичко време
Лути Камен топилница доцноантичко време
Оризари населба и некропола среден век
Црквиште викус доцноантичко време
Иберли Демир Капија Даутлак населба и некропола среден век
Самандере населба доцноантичко време
Клисура Демир Капија Маркова Чешма - Св. Јован населба неолитско време
Старо Село населба доцноантичко време
Црквиште црква и некропола среден век
Чукајлица населба и некропола хеленистичко и римско време
Копришница Демир Капија Рупова Нива населба доцноантичко време
Корешница Демир Капија Ашичка Река населба и некропола доцноантичко време
Забрњик населба и некропола доцноантичко време
Копанец некропола римско време
Крстевите некропола среден век
Кула - Јуручки Камен утврдување хеленистичко време и среден век
Маркови Кули утврдување хеленистичко време, доцноантичко време, среден век
Црквиште населба доцноантичко време
Кошарка Демир Капија Асан Гроб некропола среден век
Кошарашка Лака населба и некропола среден век
Прждево Демир Капија Богдашна Глава градиште железно време
Илинци - Сврачка населба римско време
Слатина сакрален објект среден век
Стрмашево Демир Капија Челопек базилика старохристијанско време
Челевец Демир Капија Каингеди некропола доцноантичко време
Кале опидум доцноантичко време
Керамитчето населба среден век
Пештерата утврдена населба доцноантичко време
Чифлик Демир Капија Грамаѓе рудник римско време
Илинов Рид населба римско време
Оризарски Гробишта - Воденица некропола римско време
Оризарско Поле - Старо Село населба римско време

Наводи уреди

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 225-237. ISBN 9989-649-28-6.