Манастир (Демир Капија)
„Манастир“
| |
Местоположба | 41°24′00″N 22°14′00″E / 41.40000° СГШ; 22.23333° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Демир Капија |
Општина | Демир Капија |
Тип |
|
Период | праисторија |
доцноантичко време | |
старохристијанско време | |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Манастир — археолошко наоѓалиште во градот Демир Капија. Претставува населба од праисториското до доцноантичкото време, старохристијанска и средновековна некропола. Претставува пресечен рид од десната страна на реката Вардар, пред самиот влез во клисурата. Зарамнувањето на ридот е извршено во 1938 година, при трасирањето на патот. Со археолошките ископувања од 1948 до 1954 година се откриени многу бројни остатоци од различна временска и културна припадност, и тоа од праисторијата до средниот век. Откриени се старохристијански гробни структури и остатоци од градби. Во ѕиданите гробници, над главата на покојникот имало насликани крстови. Подоцна, со истражувањата на археологот Виктор Лилчиќ е утврдено дека се работи за старохристијанска три корабна базилика со нартекс, односно за гробишна базилика изградена на доцноантичка некропола, во една ареа мартиум каде што биле концентрирани гробови на христијани.[1]
Поврзано
уреди- Автопат — храм од раноантичкото и римското време;
- Бандера - Бошавица — храм и некропола од римското време;
- Бандерица — некропола и ѕидан водовод од римското време;
- Болница — некропола од раноантичкото време и депо на средновековни монети;
- Будур Чифлик — населба и некропола од доцноантичкото време;
- Градина — населба од бронзеното и некропола од римското време;
- Просек — средновековна тврдина;
- Клисура — населба од раноантичкото време;
- Кула на Пострелец — утврдување од хеленистичкото и доцноантичкото време;
- Манастир - Варници — населба и некропола од римското време, базилика и некропола од доцноантичкото време и средновековна црква со некропола;
- Некропола 1 — некропола од железното време;
- Некропола 2 - Будур Чифлик — некропола од железното време;
- Рамниште — утврдена населба од железното и хеленистичкото време;
- Римски Пат — Остатоци од пат од римското време;
- Црквиште — старохристијанска базилика со некропола и средновековна црква со некропола;
- Демир Капија;
- Список на археолошки наоѓалишта во Демиркаписко;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 230, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |