Автопат (Демир Капија)
„Автопат“
| |
Местоположба | 41°25′03″N 22°13′02″E / 41.41750° СГШ; 22.21722° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Демир Капија |
Општина | Демир Капија |
Тип |
|
Период | раноантичко време |
римско време | |
Портал „Археологија“ |
Автопат — археолошко наоѓалиште кај гратчето Демир Капија. Претставува храм од раноантичкото и римското време.
Се наоѓа северозападно од Демир Капија, покрај железничката пруга Скопје-Гевгелија, поточно на клучката каде автопатот А1 се вкрстува со регионалните патишта Р29171 и Р2137.
При патните работи биле откриени остатоци од помала градба. Во неа, на простор од 4 м2 се најдени релјефи, статуети, фрагменти од керамика и друго.[1]
Релјефите и статуетите се од композиција на диоскури во друштво на божици (Артемида). Се претпоставува дека се работи за светилиште посветено на диоскурите (браќата Кастор и Полукс, исто така претставени со соѕвездието Близнаци). Според наодите, наоѓалиштето временски е датирано од IV век п.н.е. до II век од н.е.[1]
Поврзано
уреди- Просек — важна тврдина близу наоѓалиштето
- Список на археолошки наоѓалишта во Демиркаписко
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 227. ISBN 9989-649-28-6.