Будур Чифлик (Демир Капија)
„Будур Чифлик“
| |
Местоположба | 41°24′00″N 22°14′00″E / 41.40000° СГШ; 22.23333° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Демир Капија |
Општина | Демир Капија |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Будур Чифлик — археолошко наоѓалиште во градот Демир Капија.
Претставува некропола и некропола од доцната антика.
Во 1947 година е откриен гроб од камени плочи со димензии од 1,92 × 0,66 × 0,64 м, поставен во правец север-југ. Од внатрешната страна гробот бил обложен со мермерни плочи, дното му било послано со поголема мермерна плоча, а бил затворен со обична плоча од камен. Внатре, од гробни прилози имало богати предмети од злато и сребро, меѓу кои една белезица од злато и листови од гагат со аметист на средината. Многу подоцна, во 1964 година, на ова наоѓалиште, при изградбата на поединечни станбени куќи, се откриени темели од објекти за живеење со повеќе простории. Темели од вакви објекти се пронајдени од двете страни на реката Дошница.[1]
Поврзано
уреди- Автопат — храм од раноантичкото и римското време;
- Бандера - Бошавица — храм и некропола од римското време;
- Бандерица — некропола и ѕидан водовод од римското време;
- Болница — некропола од раноантичкото време и депо на средновековни монети;
- Будур Чифлик — населба и некропола од доцноантичкото време;
- Градина — населба од бронзеното и некропола од римското време;
- Просек — средновековна тврдина;
- Клисура — населба од раноантичкото време;
- Кула на Пострелец — утврдување од хеленистичкото и доцноантичкото време;
- Манастир - Варници — населба и некропола од римското време, базилика и некропола од доцноантичкото време и средновековна црква со некропола;
- Некропола 1 — некропола од железното време;
- Некропола 2 - Будур Чифлик — некропола од железното време;
- Рамниште — утврдена населба од железното и хеленистичкото време;
- Римски Пат — Остатоци од пат од римското време;
- Црквиште — старохристијанска базилика со некропола и средновековна црква со некропола;
- Демир Капија;
- Список на археолошки наоѓалишта во Демиркаписко;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 227, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |