Римски Пат (Демир Капија)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Римски Пат

Карта

Местоположба 41°24′00″N 22°14′00″E / 41.40000° СГШ; 22.23333° ИГД / 41.40000; 22.23333
Основни податоци
Место Демир Капија
Општина Демир Капија
Тип

 пат


Период римско време
Портал „Археологија“

Римски Пат археолошко наоѓалиште во градот Демир Капија.

Претставува пат од римско време

На северниот крај од секторот Манастир е зачуван дел од пат во должина од 20 м. Доаѓајќи од северозапад, од северната страна патот ја заобиколувал старата населба пробивајќи се кон изохипсите на најблиското седло, преку карпа која го претставува лицето на клисурата од јужната страна. Конструкцијата на патот одговара на карпестиот состав на теренот. Оттука не било потребно, ниту пак можно, да се прави подлога на патот. Единствени податоци за конструкцијата на патот се зачуваните всечени траги од колски тркала, широки 10 см и длабоки до 12 см, поставени на растојание од 125 см. Изгледа дека патот бил во тесна врска со најстарата населба на наоѓалиштето Манастир.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 230, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069