Крстевите (Корешница)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Крстевите

Карта

Местоположба 41°26′04″N 22°14′13″E / 41.43444° СГШ; 22.23694° ИГД / 41.43444; 22.23694
Основни податоци
Место Корешница
Општина Демир Капија
Тип

 некропола


Период среден век
Портал „Археологија“

Крстевитесредновековна некропола во атарот на селото Корешница, Македонија. На една тераса на десниот брег на Вардар се забележуваат камени конструкции на гробови од типот циста. Од некрополата потекнува една белезица од стаклена паста што се чува во Народниот музеј во Неготино.[1]

Истражувања

уреди

Некрополата била случајно пронајдена во 1980-тите години, кога мештаните пронашле мал фрагмент од сликана, стаклена белегзија. Во текот на 1990 и 1991 година биле извршени подетални рекогносцирања, со ова се дознале масивни плочи од делкан камен, а исто дека постарите селани и сопствениците на имот во селото наоѓале плочи (гробови), човечки коски, прстени и друго поголем број години. Во 1992 година, во организација на Музејот на град Неготино со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија, се извршени ископувања на наоѓалиштето.[2]

Приметено е дека во некрополата нема ниту едно преклопување ниту непочитување на просторот на гробовите, ова би значело дека има некакви надгробни обележија, и ако такво нешто не е откриено, целосно е можно да биле направени тие надгробни бележија од дрво.[3] Сите од гробовите се ориентирани според христијанската традиција, односно запад-исток, забележана е и семејствено групирање на гробовите кое довело до мали отстапки од на насочеността запад-исток, односно СЗ-ЈИ или ЈЗ-СИ.[4] Од пронајдените скелети било заклучено дека мажите имале поробусни градби додека жените претежно грацилни, голем број на пронајдените заби имале разни болести (кариес, цисти, забен каменец и др.), забележано е исто и дека традицијата на погребни гозби била присутна и во оваа некропола, поради пронајдоците на печка и остатоци на храна и искршени садови.[5]

Освен самата облека, накитот е единствен друг тип на артефакт пронајден во гробовите. Пронајдени се разни видови на накит како: ѓердани, наушници, приврзоци, белегзии и друго.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 232. ISBN 9989-649-28-6.
  2. Крстеви средновековна некропола, Елица Манева, Скопје 2000, стр 28-29
  3. Крстеви средновековна некропола, Елица Манева, Скопје 2000, стр 32
  4. Крстеви средновековна некропола, Елица Манева, Скопје 2000, стр 33
  5. Крстеви средновековна некропола, Елица Манева, Скопје 2000, стр 38