Дубљани (Бистренци)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Дубљани

Карта

Местоположба 41°26′48″N 22°12′02″E / 41.44667° СГШ; 22.20056° ИГД / 41.44667; 22.20056
Основни податоци
Место Бистренци
Општина Демир Капија
Тип

 населба


Период римско време
Портал „Археологија“

Дубљанинаселба од римско време во атарот на селото Бистренци, Македонија. Археолошкото наоѓалиште е наречено според поранешното село Дубљани. На просторот на денешната населба Бистренци, крај левиот брег на Вардар, во непосредна близина на католичката црква „Св. Јосиф“ се откриени фрагменти од керамички садови, питоси и една плоча од мермер на која е релјефно претставено машко лице на средна возраст. Плочата се наоѓа кај Ј. Трајков од селото Бистренци.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 224. ISBN 9989-649-28-6.