Серен Кјеркегор
Серен Оби Кјеркегор (дански: Søren Aabye Kierkegaard; 5 мај 1813 – 11 ноември 1855) — дански филозоф од XIX век, се смета за воспоставувач на основите на егзистенцијализмот, филозоф на личноста, постмодернист, хуманист, идеалист и христијански мислител.
Серен Аби Кјеркегор | |
---|---|
Кјеркегор на цртеж (~1840) | |
Роден(а) | 5 мај 1813 Копенхаген, Данска |
Починал(а) | 11 ноември 1855 Копенхаген, Данска | (возр. 42)
Период | Филозофија на XIX век |
Подрачје | Западна филозофија |
Школа | Данско златно доба, предвесник на т.н. „континентална филозофија“,[1] егзистенцијализам (агностички, атеистички, христијански), егзистенцијална психологија, апсурдизам, дијалектичка теологија и мн. д-р |
Претежна дејност | христијанство, метафизика, епистемологија, естетика, етика, психологија, филозофија |
Значајни идеи | Се смета за татко на егзистенцијализмот, егзистенцијален очај, три сфери на човековото постоење, витез на вербата, бесконечна квалитативна разлика, скок на вербата |
Потпис | |
Животопис
уредиКјеркегор е роден во Копенхаген. Татко му го воспитувал во религиозен дух. Кјеркегор уште од рана возраст бил измачуван со тегобност од исчекување на неодредена казна, поради гревот на неговиот татко од младоста.[2] Тоа се одразило врз животот на Кјеркегор и неговата филозофија. Тој студирал теологија и филозофија, а докторирал со тезата за иронијата и нејзината примена кај Сократ[3]. Во Берлин отпрвин со воодушевување студирал кај Шелинг, но набргу се разочарал и се вратил дома. Во Копенхаген се посветил на филозофијата. Во животот се вљубил само еднаш, но ја нашуштил свршеницата затоа што сметал дека таа нема да биде среќна со него како филозоф кој е постојано незадоволен од себе и од светот[4]. Во родниот град на јавните места ги подучувал луѓето на вистината и етичкиот живот, налик Сократ. Кјеркегор бил против официјалното христијанство и стоел пред портите на црквата одвраќајќи ги верниците да влегуваат внатре (слично како и Мартин Лутер), а од друга страна тоа го предизвикал гневот кај црковната хиерархија. Кјеркегор од своја страна пак ја презирал толпата и немал контакти со општествените движења на своето време. Исцрпен од своите внатрешни демони и противставувања во животот, истоштен паднал на улица и умрел релативно млад.
Филозофија
уредиФилозофски, Кјеркегор ги поврзува Хегеловата филозофија и подоцнежниот егзистенцијализам. Кјеркегор силно ги отфрла и Хегел и она што тој го смета за празна формалност на данската црква. Многу од неговите дела расправаат за религиозни проблеми како: природа на верата, институцијата на христијанската црква, христијанската етика и теологија. Заради ова, делото на Кјеркегор некогаш се класифицира како христијански егзистенцијализам (спротивно на егзистенцијализмот на Жан Пол Сартр или праегзистенцијализмот на Фридрих Ниче, двата изградени врз изразено атеистичка основа). Делото на Кјеркегор е тешко за толкување, заради тоа што голем дел од неговото рано творештво се објавува под разни псевдоними и често овие псевдо-автори коментираат на делата на претходните псевдо-автори.
Против Апсолутниот дух на Хегел и систематската филозофија
уредиКјеркегор се противставува на тогаш општоприфатената филозофија на Хегел за Апсолутниот дух, првенствено Кјеркегор го критикува филозофскиот систем[5][6], кој сака од сите идеи и сите негови делови да направи целина, од тука произлегува и дека човекот треба да се потчини на идејата. Кјеркегор го претпочитува личниот однос на човекот кон светот, за него, основниот проблем на човекот е егзистенцијата како единечно постоење во светот. Егзистенцијата е еднократна и неповторлива, таа е конкретно постоење, испреплетена со апсурди и парадокси, со кои човекот како единка е оставен да се бори сам со себе. Никаква рационалност не може да му ја објасни егзистенцијата на човекот, ниту како тој да живее во светот исполнет со парадокси.
Егзистенцијата
уредиЕгзистенцијата е секогаш она единечното, единствената реалност. Да се заклучува од мислењето кон постоењето е противречно, бидејќи мислењето навистина од реалноста го одзема постоењето и го мисли така што го укинува и го преведува во апстракција. Човекот како човек, сам по себе е егзистенција, и таквата егзистенција е несигурна, случајна, минлива, неповторлива и конечна единечност. Егзистенцијата на човекот е еднократна во својата можност. Човекот е суштество на можности, на слободата и има лична одговорност за тоа што ќе стане, каква ќе биде неговата судбина и што ќе биде тој. Со овој пристап Кјеркегор ги претставува одговорноста и потресеноста од егзистирањето. Егзистенцијата е непредвидлива, таа е парадокс, а тоа е така зошто егзистенцијата во себе содржи противречности кои се исклучуваат меѓу себе. Поради тоа човекот се наоѓа на крстопат во доживувањето на тие противречности, меѓу конечното и бесконечното, смислата и бесмисленоста, смртта и бесмртноста, човечкото и божественото. Противречностите го доведуваат човекот да се соочи со својата егзистенција како вистина, преку стравот што произлегуваат од личното соочување со животот и смртта. Кјеркегор истакнува дека човекот е суштество болно на смрт, а смртта кај човекот доведува до небиднина, и затоа само смрта може да биде сигурна за човекот. Човекот е постојано во грижа за својата егзистенција и постојано се наоѓа во ситуација на или - или, да избира, и да не знае што да прави и како тоа да го направи, и тоа кај човекот предизвикува вина, очај и грев. Поради тоа човекот се наоѓа во безизлезна ситуација и во неможност да се определи, со оглед на тоа дека му е сигурна само смртта.
Егзистенцијален избор
уредиПри таквата егзистенција и таквите можности за избор, на човекот му остануваат само очајот, лудилото или верата. Според Кјеркегор решението од ништото е изборот на верата која е она вистинското. Но верата е реткост, бидејќи се однесува на вистинската, автентична егзистенција, која што луѓето ја избегнуваат. На патот на автентичната егзистенција се разликуваат три стадиуми. Егзистенцијата ги поминува стадиумите во форма на развој, што не се одвива постепено, туку со нагли премини од еден во друг стадиум. Естетски живот. Првиот стадиум е кога личноста им се препушта на сетилата, фантазијата, на миговните задоволства, на неповторливоста во моментот на уживањето. Идеалот на таквиот живот е Дон Жуан. Етички живот. Вториот стадиум е кога личноста постапува според должностите, во согласност со животниот повик, дејствување со етичка обврска кон другите и кон општеството со надминување на несигурноста. Идеалот на овој стадиум е Сократ. Религиозен живот. Третиот стадиум е кога животот се поставува во релација со Апсолутот, со Бога, кога човекот се откажува од себеси, се негира себеси со тоа што потиснува сѐ во него световно и се претопува во Бог. Идеалот е Исус Христос.
Теологијата на Кјеркегор и критика на Црквата
уредиСпоред Кјеркегор личниот однос кон Бога е најзначаен. Верата е единствениот спас на човекот. А само со вистинската, личносна вера во Бога се надминува стравот од минливоста. Овој премин кон Бога е придружен со болка и страдање, а со тоа и промена на целокупниот живот на човекот. Луѓето многу ретко го достигнуваат овој стадиум, затоа што луѓето многу ретко егзистираат како вистински, слободни и одговорни личности. Кјеркегор истакнува дека секој го промашил својот живот, ако не стане свесен дека е дух кои стои пред Бога. Само личниот однос кон Бога како лична вера во Бог е единствениот вистински начин да се најде смисла на егзистенцијата. Верата е приватен, личен однос кон Бога затоа што сите животни проблеми се поединечни. И секој човек мора да го најде својот личен пат кон верата во Бога. Вистинската религиозност на поединецот се покажува со поимот повторување. Тоа значи дека христијанинот мора да ја повтори самиот во себе целокупната содржина на вистинската вера. Без таков личен, свој пат не може да се биде религиозен, судбината на Спасителот треба секој во себе да ја повтори. Зашто само со повторување може да се негира вредноста на надворешниот свет, без повторувањето единката ќе го изгуби своето Јас и нема да биде сопствена егзистенција и автентичност. Кјеркегор сметал дека црквата и официјалното христијанство се приспособиле на светот и на неговите празни вредности. Со самото тоа, Црквата го изневерува христијанството. Притоа Кјеркегор протестирал дека Црквата наместо да ја воспостави верата, таа понудила сигурност, наместо личното барање на верникот, таа го воспоставила учењето молитиви на памет.[7]
Влијанието на Кјеркегор
уредиКјеркегор во 19. век бил заборавен, но во 20. век бил откриен како прв филозоф на егзистенцијализмот. Неговото влијание широко се чувствува во книжевноста (Ибзен, Стриндберг, Рилке и др.), во филозофијата и во современата теологија. Денес, Данска го слави како свој најголем филозоф, а во протестанската теологија е еден од највлијателните современи филозофи на религијата.
Големото влијание на Кјеркегор е забележливо во творештвото на американскиот писател Џон Апдајк, кој во една прилика напишал: „... едно време, за сите мои книжевни дела мислев како на илустрации на Кјеркегор“.[8]
Кјеркегоровите дела
уреди- Од делата на Кјеркегор, на македонски јазик е преведена само книгата Дневникот на заводникот, во превод од англиски, од Александар Темков.[9]
- Af en endnu Levendes Papirer. Udgivet mod hans Villie, 1838.
- Om Begrebet Ironi med stadigt Hensyn til Socrates, 1841.
- Enten - Eller. Et Livs-Fragment udgivet af Victor Eremita, 1-2, 1843.
- To opbyggelige Taler, 1843.
- Frygt og Bæven. Dialektisk Lyrik af Johannes de Silentio, 1843.
- Gjentagelsen. Et Forsøg i den experimenterende Psychologi af Constantin Constantius, 1843.
- Tre opbyggelige Taler, 1843.
- Fire opbyggelige Taler, 1843.
- Begrebet Angest. En simpel psychologisk-paapegende Overveielse i Retning af det dogmatiske, 1843.
- To opbyggelige Taler, 1844.
- Tre opbyggelige Taler, 1844.
- Philosophiske Smuler eller En Smule Philosophi af Johannes Climacus, udgivet af S. Kierkegaard, 1844.
- Problem om Arvesynden af Vigilius Haufniensis, 1844.
- Forord. Morskabslæsning for enkelte Stænder efter Tid og Leilighed af Nicolaus Notabene, 1844.
- Fire opbyggelige Taler, 1844.
- Tre Taler ved tænkte Leiligheder,1845.
- Stadier paa Livets Vei. Studier af Forskjellige. Sammenbragte, befordrede til trykken og udgivne af Hilarius Bogbinder, 1845.
- Afsluttende uvidenskabelig Efterskrift til de philosophiske Smuler. Mimisk-pathetisk-dialektisk Sammenskrift, Existentielt Indlæg, af Johannes Climacus. Udgiven af S. Kierkegaard, 1846.
- En literair Anmeldelse. To Tidsaldre, Novelle af Forfatteren til "en Hverdags-Historie", udgiven af J. L. Heiberg, 1846.
- Opbyggelige Taler i forskjellig Aand, 1847.
- Kjerlighedens Gjerninger. Nogle christelige Overveielser i Talers Form, 1847.
- Christelige Taler, 1848.
- Lilien paa Marken og Fuglen under Himlen. Tre gudelige Taler, 1849.
- Tvende ethisk-religieuse Smaa-Afhandlinger af H.H., 1849.
- Sygdommen til Døden. En christelig psychologisk Udvikling til Opbyggelse og Opvækkelse. Af Anti-Climacus, udgivet af S. Kierkegaard, 1849.
- "Ypperstepræsten - "Tolderen" - "Synderinden", tre Taler ved Altergangen om Fredagen, 1849.
- Indøvelse i Christendom af Anti-Climacus. Nr. I. II. III, udgivet af S. Kierkegaard, 1850.
- En opbyggelig Tale, 1850.
- To Taler ved Altergangen om Fredagen, 1851.
- Om min Forfatter-Virksomhed, 1851.
- Til Selvprøvelse. Samtiden anbefalet, 1851.
- Dette skal siges; saa være det da sagt, 1855.
- Øieblikket nr.1-10, 1855
- Synspunktet for min Forfatter-Virksomhed. En ligefrem Meddelelse, Rapport til Historien, skrevet 1848. Udgivet efter S.K.s død i 1859.
- Dømmer selv. Til Selvprøvelse Samtiden anbefalet. Anden Række, skrevet 1851-52. Udgivet efter S.K.s død i 1876.
- Bogen om Adler skrevet 1846-47. Udgivet efter S.K.s død i 1916.
Псевдонимите на Кјеркегор
уредиГолем дел од своите дела Кјеркегор ги пишува под псевдоними, особено во првата фаза како и првите дела од втората фаза на неговото творештво. Тие претставуваат различни начини на размислување кај самиот Кјеркегор. Кјеркегор пишува на овој начин, со цел да спречи, неговите дела да бидат третирани како филозофски систем со систематска структура. Кјеркегор притоа истакнува дека:
„ | Во делата со псевдоним, не постои еден единствен збор што е мој. Немам мислење за овие работи, освен како трето лице, без знаење на нивното значење, освен како читател... [10] | “ |
- Виктор Еремите, ИЛИ - ИЛИ
- Константин Константиус, Повторување
- Јоханес де Силентио, Страв и трепет
- Јован Лествичник, Филозофски трошки
- Вилијам Афхам, Стадиуми на животниот пат
Користена литература
уреди- Adorno, Theodor W.(1989). Kierkegaard: Construction of the Aesthetic. Minneapolis: University of Minnesota Press. ISBN 0-8166-1186-6
- Angier, Tom. (2006). Either Kierkegaard/or Nietzsche: Moral Philosophy in a New Key. Farnham, Surrey: Ashgate Publishing. ISBN 0-7546-5474-5
- Beck, M. (1928). Referat und Kritik von M.Heidegger: Sein und Zeit, in: Philosophische Hefte 1 7 (германски)
- Bergmann, Samuel Hugo. (1991). Dialogical philosophy from Kierkegaard to Buber. New York: SUNY Press. ISBN 978-0-7914-0623-6
- Bösl, Anton. (1997). Unfreiheit und Selbstverfehlung. Søren Kierkegaards existenzdialektische Bestimmung von Schuld und Sühne. (германски) Herder: Freiburg, Basel, Wien
- Cappelorn, Niels J. (2003). Written Images. Princeton: Princeton University Press. ISBN 0-691-11555-9
- Carlisle, Claire. (2006). Kierkegaard: a guide for the perplexed. London: Continuum International Publishing Group. ISBN 978-0-8264-8611-0
- Conway, Daniel W. and Gover, K. E. (2002). Søren Kierkegaard: critical assessments of leading philosophers. London: Taylor & Francis. ISBN 978-0-415-23587-7
- Dreyfus, Hubert. (1998). Being-in-the-World: A Commentary on Heidegger's Being and Time, Division I. Cambridge, MA: MIT Press. ISBN 978-0-262-54056-8
- Dru, Alexander. (1938). The Journals of Søren Kierkegaard. Oxford: Oxford University Press.
- Duncan, Elmer. (1976). Søren Kierkegaard: Maker of the Modern Theological Mind. Word Books, ISBN 0-87680-463-6
- Evans, C. Stephen. (1996). "Introduction" in Fear and Trembling by Søren Kierkegaard, trans. by C. Stephen Evans and Sylvia Walsh. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-84810-7
- Gardiner, Patrick. (1969). Nineteenth Century Philosophy. New York: The Free Press. ISBN 978-0-02-911220-5
- Joakim Garff|Garff, Joakim]]. (2005). Søren Kierkegaard: A Biography, trans. by Bruce Kirmmse. Princeton: Princeton University Press. ISBN 978-0-691-09165-5
- Hall, Sharon K. (1983). Twentieth-Century Literary Criticism. Detroit: University of Michigan. ISBN 978-0-8103-0221-1
- Hannay, Alastair . (2003). Kierkegaard: A Biography (new ed.). Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 0-521-53181-0
- Hannay, Alastair and Gordon Marino (eds). (1997). The Cambridge Companion to Kierkegaard. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 0-521-47719-0
Извори и белешки
уреди- ↑ Оваа класификација е застарена. Кјеркегор бил исклучително уникатен мислител и затоа неговите дела не можат да се сместат во ниедна школа или традиција, дотолку што и самиот не се наоѓал во ниедна од нив. Неговите дела се сметаат за претходница на голем број правци во XX и XI век.
- ↑ Како дете, таткото на Кјеркегор бил овчар и не можел да го издржи таквиот тежок живот, и затоа еден ден почнал да го навредува Бог, да богохули, и од тука се јавила легендата во неговото семејство, дека сите се проколнати заради богохулењето на таткото
- ↑ Soren Kierkegaard, The Concept of Irony with Constant Reference to Socrates, Lee M. Chapel, New York, 1965
- ↑ Sören Kierkegaard, ENTEN ELLER, Forforerens Dabog,Københaven, 1843.
- ↑ Green, Ronald M. Kierkegaard and Kant: The Hidden Debt. SUNY Press, 1992
- ↑ Om Begrebet Ironi med stadigt Hensyn til Socrates, 1841.
- ↑ (Hannay, 2003)
- ↑ Biljana Dojčinović, „Zeka Angstrom (opet) beži“, во: Džon Apdajk, Beži, Zeko, beži. Laguna, Beograd, 2018, стр. 365.
- ↑ „Шест книги за на пуст остров: Александар Темков“. Архивирано од изворникот на 2012-01-19. Посетено на 2021-06-23.
- ↑ (Kierkegaard, 1998a, p. xii)