Мигел Унамуно
Мигел де Унамуно бил поет, романописец и филозоф од Билбао, Баскија, Шпанија. Tреба да се истакне дека како и Кјеркегор тој бил против секаков систем во Филозофијата.
Miguel de Unamuno y Jugo | |
---|---|
Мигел де Унамуно, од Агенс депрес Меурисе, во 1925 година | |
Роден(а) | 29 септември 1864 Билбао, Шпанија |
Починал(а) | 2 декември 1936 Саламанка, Шпанија |
Период | во 20 - век |
Подрачје | Западноевропска филозофија |
Школа | егзистенцијализам, постмодернизам... |
Значајни идеи | intrahistoria, теодицеја... |
Влијанија од
| |
Влијаел врз
|
Животопис
уредиМигел де Унамуно бил етнички Баскиец, роден и врзан за планините на својата земја - бунтовна и воинствена, но исполнета со природни питомини и исконска љубов. Самиот Унамуно, говорејќи за Баскиците вели:
„ | Тие се Ибери, имаат засебен јазик, кој е исто така толку различен и од шпанскиот и од францускиот јазик. Јас сум Баскиец. Моето име Унамуно е баскиско, и тоа значи - брег со цвеќиња... [1] | “ |
Унамуно бил долгогодишен професор по грчка и шпанска литература на универзитетот во Саламанка и доживотен ректор на овој Универзитет. Во Саламанка му се раѓаат неговите осум деца во текот на првиот 14 годишен престој, пред егзилот во Франција. Унамуно е сменет од својата функција од владата во 1924 година. Живеел во егзил до 1930 година, и бил протерана на Канарските Острови, од каде што избегал во Франција, таму го пишува своето дело Агонија на христијанството. Унамуно се вратија во Шпанија по падот на Мигел Примо де Ривера и повторно станал ректор на Универзитетот во Саламанка. За ова време се врзува и неговото прочуено нагласување на опасноста на фашизмот и несогласувањата со режимот на Франко, поради што е ставен во домачен притвор каде и умира. Унамуно работел во сите главни жанрови: есеј, роман, поезија и театар. Како приврзаник на модерната придонесува да се бришат границите меѓу жанровите. Унамуно со своите дела играл важна улога во интелектуалниот живот на Шпанија.
Унамуно и Фашизмот
уредиПо воениот удар на Франциско Франко, Унамуно постепено станал убеден шпански националист и покрепител на фашизмот. Сметал дека Шпанија ќе биде упропастена од надворешните влијанија, и затоа во краток период Унамуно го поткрепувал фашизмот и политиката на Франко. Сепак, поради суровоста на фашистите во пресметките со нивните противници, почнал да ги критикува приврзаниците на Франко и во согласност со неговиот карактер, истовремено, бил против фашистите и републиканците [2]
Филозофијата на Унамуно
уредифилозофија на Унамуно не претставува системска филозофија, туку негација на сите системи и афирмација на верата во сопственото Јас. Унамуно бил под влијание на рационализамот и позитивизмот, но за време на својата младост тој напишал статиите во кои јасно се гледаат неговите симпатиии кон социјализмот и голема загриженост за ситуацијата во Шпанија, во тоа време. Најпознатото дело на Унамуно е Трагичното чувство на животот. Важен концепт за Унамуно е таканаречената intrahistoria, односно мислењето дека историјата може најдобро да се разбере преку гледањете на малите истории на анонимните луѓе, наместо со фокусирањето на големите настани како што се војните и политичките договори. Од оваа формулација се гледа дека Унамуно бил под влијание на Блез Паскал и Серен Кјеркегор кои го нарекува свој духовен брат. Треба да се истакне дека според некои толкувачи на Унамуно и неговото дело, како што е Никола Милошевиќ, Унамуно всушност бил повеќе под влијание на Ниче, иако самиот Унамуно се оградува од него и во своите дела ја критикува филозофијата на Ниче. Имено, Унамуно за да го оспори Ниче, ја прифатил неговата виталистичка скала на вредности и така се заплеткал во своите критики кон делото на Ниче. Унамуно е творец на една теодицеја. Секоја теодицеја во основа го претставува оправдувањето на Бога пред разумот. Унамуно истакнува дека католичката вера е единствената вера која може да го спаси и духот и телото на човекот. Според Унамуно, Бог е хуман и само хуманиот Бог е вистинскиот Бог. Дополнително Унамонуно го критикува разумот истакнуваќи дека единствено имагинацијата е сѐ, и затоа идеалот на Унамуно е Дон Кихот е кој требало со татковски божји поглед да ги ослободува грешниците, а на вратите на пеколот, наместо мрачната порака, да напише: Надевајте се. По прашањето за сопствената вера Унамуно истакнува:
„ | Мојата религија е да ја барам вистината во животот и животот во вистината, дури и знаејќи дека можеби никогаш нема да ги најдам додека сум жив. Мојата религија е постојано и неуморно да се борам со мистеријата; мојата религија е да се борам со Бог уште од зори се до крајот на ноќта, како што велат дека Јаков се борел со Него. | “ |
Последниот говор на Дон Мигел де Унамуно
уредиНа 12.10.1936 година се одржала свеченост во амфитеатарот на Универзитетот во Саламанка, на која присуствувале голем број поканети гости, а меѓу нив и бискупот, гувернерот, госпоѓата Франко (жената на Франциско Франко), генералот Милан Астрај, и секако, доживотниот ректорна на Универзитетот, Мигел де Унамуно. По вообичаениеот церемонијал станал генералот Астрај и во својот политички говор ги нападнал Каталонија и баскиските провинции, кои за него биле:
рак рана на телото на нацијата
Во амфитеатарот некој од восхитената толпа ја извикал прочуената генералова девиза:
Viva la muerte! ( Да жиевее смртта!)
Неколку фалангисти во сини кошули веднаш салутирале пред Франковиот портрет, а тогаш стариот професор и ректор бавно и спокојно станал и ги изрекол следниве не заборавни зборови, кои толку многу наликуваат на Сократовата беседа пред Атинскиот суд:
Вие сите очекувате што сега јас ќе речам. Ме познавате и знаете дека не можам да молчам. Зашто молчењето може да биде протолкувано како согласување. Би сакал да придодам нешто на говорот - ако со тоа име може да се нарече ова - на генералот Астрај. Да не зборуваме за личната навреда што ми ја нанесе неговата силна атака врз Баските и Каталонците. Јас сум Баскиец роден во Билбао. Бискупот - покажувајќи со прстот кон престрашениот црковен великодостојник - било тоа за него мило или не, е Каталонец од Барцелона.
Молкот што тогаш настанал бил стравотен. Таков говор, на јавно место, дотогаш не бил одржан во националистичка и фашистичка Шпанија. Потем Унамуно продолжил:
Слушнав еден морбиден восклик, без каква и да е смисла - Да живее смртта! И јас што сиот свој живот го минав во создавање на парадокси што предизвикуваа гнев кај оние што не ги разбираа, јас во својство на стручњак за тие нешта мора да кажам дека овој варварски парадокс мене ми е одвратен. Генералот Милан Астрај е сакат. Да го кажеме тоа без некоја нечовечка задна мисла. Тој е воен инвалид. Сервантес исто така беше воен инвалид . За жал, денес во Шпанија има и премногу сакати. И ќе ги има наскоро уште повеќе ако бог не ни помогне. Патеам од помислата дека генералот Милан Астрај би можел да постави основи за една психологија на масите. Еден сакат кој ја нема духовната величина на Сервантес обично за себеси бара олеснување во сакатењата на коишто ги подложува другите околу себе.
Генералот веќе не можел да ги поднесе овие како чекан силни зборови и глано извикал:
Abajo la inteligencija! Viva la muerte! (Долу интелигенцијата! Да живее смртта!) [4]
Се создал силен џагор во знак на поддршка од страна на фалангистите, но Унамуно успева да го продолжи говорот:
Овој Универзитет е храм на интелигенцијата. А јас сум неговиот главен свештеник. Вие ги осквернувате неговите свети sидини. Вие ќе победите зашто имате повеќе брутална сила. Но, никого нема да убедите... За тоа би требало да го имате она што ви недостасува, разумот и правото на вашата страна... [5]
По овој говор Мигел де Унамуно бил одведен во домашен притвор и по две недели умира.
Филозофија
уреди- En torno al casticismo (1895)
- Vida de Don Quijote y Sancho (1905)
- Por tierras de Portugal y España (1911)
- Del sentimiento trágico de la vida (1913)
- La agonía del cristianismo (1925)
Поезија
уреди- Poesías (Poems), (1907)
- Rosario de sonetos líricos, (1911)
- El Cristo de Velázquez, (1920)
- Andanzas y visiones españolas, (1922)
- Rimas de dentro, (1923)
- Rimas de un poeta desconocido, (1924)
- De Fuerteventura a París, (1925)
- Romancero del destierro, (1928)
- Cancionero, (1953, објавена посмртно)
Извори
уреди- ↑ Од разговорот со Б. Радица од 10.08.1928, Писмо
- ↑ Helen Graham (2005). The Spanish Civil War: A Very Short Introduction. Very Short Introductions. Oxford University Press. p. 68.
- ↑ „Miguel de Unamuno - My religion, translated by Armand F. Baker, posted at www.armandfbaker.com“ (PDF).
- ↑ Paul Preston, Las tres Españas del 36, capítulo 2: «José Millán Astray. El novio de la muerte», pp. 91–92
- ↑ Antony, Beevor (2006). The Battle for Spain. London: Phoenix. pp. 111–113.
Надворешни врски
уреди- Дела од Miguel de Unamuno на проектот „Гутенберг“
- Досие за Unamuno Архивирано на 13 декември 2014 г.
- Concordances of Unamuno's Poetry
- Unamuno's Letters to Candamo Архивирано на 23 јуни 2011 г. by Jesus Blazquez
- "God is dreaming you": Narrative as Imitatio Dei in Miguel de Unamuno by Costica Bradatan Архивирано на 27 јуни 2010 г.
- Dios te está soñando La narración como Imitatio Dei en Miguel de Unamuno por Costica Bradatan Архивирано на 10 јули 2011 г.