Виктор Франкл
Виктор (Емил) Франкл (герм. Viktor Emil Frankl) (* 26. Март 1905; † 2. Септември 1997) беше австриски невролог и психијатар, Основач е на логотерапијата и егзистенцијалната анализа, третата виенска психотерапевтска школа (заедно со фројдовата психоанализа и адлеровата поединечна психотерапија). Повикувајќи се на неговите доживувања и искуства што ги стекнал како преживеан логораш од холокаустот, тој ја развива логотерапијата во којашто ја нагласува потребата за потрагата по смислата дури и во најтрагичните околности, а неговата книга ‘’Man’s search for meaning; An introduction to logotherapy ’’ ќе стане едно од најчитаните дела на дваесеттиот век.
Виктор Франкл | |
---|---|
Роден(а) | 26 март 1905 Виена, Австроунгарија |
Починал(а) | 2 септември 1997 Виена, Австрија |
Полиња | Психотерапија |
Влијаел врз | Ирвин Јалом |
Животопис
уредиВиктор Франкл е роден во Виена, Австрија, во семејство на еврејски службеници. Бил брилијантен ученик, а интересот за психологијата и психијатријата го пројавил уште во тинејџерските години. Веќе на 16 годишна возраст му испратил краток писмен труд на Фројд којшто тој го оценил како одличен и го препратил до Меѓународниот часопис за психоанализа каде што бил објавен три години подоцна. Во 1923 година ја предал матурсkaта тема под наслов Психологија на филозофското мислење. По матурирањето во гимназијата, продолжил со студиите по медицина на виенскиот универзитет каде што и специјализирал неврологија и психијатрија особено проучувајќи ги проблемите на депресијата и самоубиството. По завршувањето на студиите бил поставен за одговорен на одделот за третман на жени кои имале обид за самоубиство. Кога нацистичка Германија ја презема контролата врз Австрија, нацистите го поставуваат Франкл за раководител на болницата Родшилд, единствената еврејска болница на којашто и’ било дозволено да работи во Виена.
Но, со депортацијата на евреите во концентрационите логори, во јануари, 1942 година, Фрнакл бил однесен во кампот Тересиенштад близу Прага, еден месец по женидбата со Матилда Гросер. Подоцна бил префрлен во Аушвиц каде што докторот на кампот Јозеф Менгеле ја надгледувал распределбата на новодојдените логораши во два реда. Оние во левиотѕ ред биле насочувани кон гасните комори, а оние во десниот биле поштедени. Франкл бил распределен во левиот ред, но незабележливо успеал да се спровре во десниот и така успеал да се спаси од сигурна смрт. Таа среќа ја немале неговата бремена жена, родителите и братот.
Во 1947 година, кога било потврдено дека жена му е почината, Франкл се оженил за Елеонор Швинд со која ја има ќерката Габриеле Франкл- Фезели.
Поствоената кариера Франкл ја поминува како професор по неврологија и психијатрија во Виена каде што предавал сè до неговата 85 година. Дваесет и пет години бил шеф на одделот за неврологија при виенската поликлиничка болница. Во текот на својот работен век држел предавања на престижни универзитети, бил добитник на бројни почесни докторати, напишал над 30 книги и бил првиот не-американец кој ја добил наградата Оскар Пфистер од Американската психијатриска асоцијација за врвен придонес во религијата и психијатријата. Негово хоби било планинарењето, а на 67 годишна возраст добил пилотска дозвола.
Починал на 2. Септември, 1997 година, од срцева слабост.
Развој на логотерапијата
уредиУште пред војната, Франкл почнал да развива теорија дека психолошкото здравје зависи од наоѓањето смисла во животот. Концентрационите логори, ќе напише, му ги потврдиле овие првични увиди на начин кој никогаш не би го претпоставил. Во камповите на смрта, тој забележал дека затворениците кои дозволиле да бидат преплавени од очајот, кои се откажале од слободата да избираат, често запаѓале во паралитичка апатија и депресија. Клучот да им се помогне на овие луѓе бил да им се покаже како да ја најдат смислата дури и во околности на незамислив ужас. Смислата би можела да се состои од држење до пријатните сеќавања или да им се помогне на логорашите да се откажат од самоубиство.
По поразот на Германија и неговото ослободување од логорот, Фрнакл се вратил во Виена и благодарение на скришно зачуваните ракописи од неговите посматрања за психологијата на логорашите, издава книга под наслов ‘’…trotzdem Ja zum Leben sagen: Ein Psychologe erlebt das Konzentrationslager’’. Книгата подоцна е преведена и преработена на англиски и издадена под наслов ‘’ ’Man’s search for meaning; An introduction to logotherapy’’. До неговата смрт, книгава е преведена на 24 јазици и препечатена 73 пати и долго време е користена како обврзно четиво во многу средни училишта и универзитетски курсеви по психологија, филозофија и религија. Книгата извршила големо влијание врз работата на многу психијатри кои им ја препорачувале оваа книга на своите очајни пациенти кои ја изгубиле вредноста на живеењето.
Дела
уредиНа германски:
- Ärztliche Seelsorge. Grundlagen der Logotherapie und Existenzanalyse. Franz Deuticke, Wien, und Fischer Taschenbuch 42302, Frankfurt am Main, 1946–1997.
- Frühe Schriften 1923–1942. Издадено од Gabriele Vesely-Frankl. Maudrich, Wien 2005, ISBN 3-85175-812-9.
- Gesammelte Werke, Teilband 2: Psychologie des Konzentrationslagers / Synchronisation in Birkenwald / Ausgewählte Texte 1945–1993. Издадено од A. Batthyany, K.-H. Biller und E. Fizzotti. Böhlau, Wien 2006, ISBN 3-205-77390-X.
- Gesammelte Werke, Teilband 3: Die Psychotherapie in der Praxis und ausgewählte Texte über angewandte Psychotherapie Издадено од A. Batthyany, K.-H. Biller und E. Fizzotti. Böhlau, Wien 2008, ISBN 978-3-205-77664-2.
- Das Leiden am sinnlosen Leben. Psychotherapie für heute. Herder, Freiburg 1978–2006, ISBN 3-451-04859-0.
- Der leidende Mensch. Anthropologische Grundlagen der Psychotherapie. Hans Huber, Bern, 1975–2005, ISBN 3-456-84214-7.
- Der Mensch auf der Suche nach Sinn, Ernst Klett Verlag Stuttgart, 1972, ISBN 3-451-01930-2.
- Logotherapie und Existenzanalyse, München: Piper 1987 (ISBN 3-492-03113-7), Neuauflage 1998, Psychologie Verlags Union, Weinheim, Taschenbuchausgabe: BELTZ Taschenbuch 129, Weinheim 2005, ISBN 3-407-22129-0.
- Der Mensch vor der Frage nach dem Sinn. Eine Auswahl aus dem Gesamtwerk, München: Piper 1979–2006 (ISBN 3-492-20289-6) Rezension von Der Mensch vor der Frage nach dem Sinn
- Pathologie des Zeitgeistes, Wien: Franz Deuticke 1955
- Psychotherapie für den Laien. Rundfunkvorträge über Seelenheilkunde (überarb. und erw. Neuauflage von „Pathologie des Zeitgeistes“), Freiburg: Herder 1971 , 5. Aufl. 1975 (ISBN 3-451-01887-X)
- … trotzdem Ja zum Leben sagen (Drei Vorträge), Wien: Franz Deuticke 1946
- … trotzdem Ja zum Leben sagen. Ein Psychologe erlebt das Konzentrationslager. Kösel-Verlag, München, 3. Auflage. 2012, ISBN 978-3-466-36859-4. →Taschenbuchausgabe: Deutscher Taschenbuch Verlag, München (dtv 30142), 26. Auflage. März 2006, ISBN 3-423-30142-2.
- … trotzdem Ja zum Leben sagen. Hörbuch, gelesen von Martin Schwab. Universal Music / Deutsche Grammophon (Literatur) 2007, ISBN 978-3-8291-1878-1.
- Theorie und Therapie der Neurosen. Einführung in Logotherapie und Existenzanalyse, Ernst Reinhardt, München- Basel, 1956–1999 (8. Auflage), ISBN 3-497-01294-7.
- Der unbedingte Mensch, Wien: Franz Deuticke 1949
- Der unbewußte Gott. Psychotherapie und Religion, Kösel-Verlag, München, 1948–2004 (ISBN 3-423-35058-X); und Deutscher Taschenbuch Verlag (dtv 35058, ISBN 3-466-20302-3) Textauszug aus Der unbewußte Gott, Psychotherapie und Religion
- Der Wille zum Sinn. Ausgewählte Vorträge über Logotherapie, Bern: Hans Huber 1972–1997 (ISBN 3-456-81165-9). 5. Auflage. 2005 (broschiert): ISBN 3-456-84173-6. Lizenzausgabe: Serie Piper, München 1994, ISBN 3-492-11238-2.
- Was nicht in meinen Büchern steht. Lebenserinnerungen. Weinheim: Beltz 2002, ISBN 3-407-22757-4.
- Viktor E. Frankl, und Pinchas Lapide: Gottsuche und Sinnfrage. Gütersloh 2005, ISBN 3-579-05428-7.
На англиски:
- On the Theory and Therapy of Mental Disorders. An Introduction to Logotherapy and Existential Analysis Преведено од James M. DuBois. Brunner-Routledge, London-New York 2004. ISBN 0415950295
- Man's Search for Meaning. An Introduction to Logotherapy, New York: Simon & Schuster; Boston: Beacon, ISBN 0-8070-1426-5; London: Random House / Rider 2004, ISBN 1-8441-3239-0
- Psychotherapy and Existentialism. Selected Papers on Logotherapy, New York: Simon & Schuster
- The Will to Meaning. Foundations and Applications of Logotherapy, New York: New American Library, ISBN 0-452-01034-9
- Man's Search for Ultimate Meaning. (A revised and extended edition of The Unconscious God; with a Foreword by Swanee Hunt). Perseus Book Publishing, New York, 1997; ISBN 0-306-45620-6. Paperback edition: Perseus Book Group; New York, July 2000; ISBN 0-738-20354-8.
- The Question Of God Experiences in a Concentration Camp
Надворешни врски
уреди- Viktor Frankl Institut
- Chronik, Viktor Frankl Архивирано на 31 јануари 2012 г.
- Frankl-Zentrum Wien
- Deutschlandradio Kultur – Wenn das Leben hinterfragt wird
- Hörprobe aus der österreichischen Mediathek: Viktor Frankl Vortrag in Wien 1976
- fegerl.at – Viktor E. Frankl, Begründer der Logotherapie und Existenzanalyse Архивирано на 29 декември 2011 г.
- Was nicht in seinen Büchern steht – Bemerkungen zur Auto-Biographie Viktor Frankls
- Viktor Frankl: Why to believe in others Архивирано на 14 ноември 2012 г.
- Viktor and I, der Film 2011 Архивирано на 11 октомври 2016 г.
Литература
уредиStrickland, B. (Ed.) (2001) The Gale Encyclopedia of Psychology, 2nd ed. Gale Group ISBN 0-7876-4786-1
При составувањето на текстот користени се податоци и од англиската и германската википедија.