Габриел Оноре Марсел

(Пренасочено од Габриел Марсел)

Габриел Оноре Марсел (француски: Gabriel Honoré Marcel), (Париз, 7 декември 1889 - Париз, 8 октомври 1973) - француски филозоф, драмски писател, музички критичар и водечки христијански егзистенцијалист. Автор на преку десетина книги и најмалку триесет претстави. Често се смета за првиот француски егзистенцијалист.

Габриел Марсел
Gabriel Marcel

Габриел Марсел во 1969 година
Роден(а)Габриел Оноре Марсел
7 декември 1889(1889-12-07)
Париз, Франција
Починал(а)8 октомври 1973(1973-10-08) (возр. 83)
Париз, Франција
УстановаУниверзитет во Париз
ПериодФилозофија на XX век
ПодрачјеЗападна филозофија
Школаегзистенцијализам
Егзистенцијална феноменологија[1]
Претежна дејност
Онтологија • Субјективност • Етика
Значајни идеи
„Другиот“, конкретна филозофија (philosophie concrète)

Марсел како егзистенцијалист

уреди

Егзистенцијализмот во средината на XX век се нашол во средиштето на расправи со марксизмот, психоанализата, структурализмот околу можностите за истражување на човекот како и можностите на филозофијата; истовремено настојувал да изгради еден посебен вид рационалност која ќе може да се спротивстави на сциентизмот и на различните форми на детерминистичкиот редукционизам и притоа да го сочува специфичниот начин на гледањето на човечкиот опстанок. Со намаленото влијание на егзистенцијализмот не исчезнале и неговите методолошки достигнувања, неговите теми; притоа, треба да се разликува егзистенцијализмот како и филозофски правец и егзистенцијалистичката проблематика која останува трајно актуелна, бидејќи е најтесно поврзана со човековиот непосреден опстанок и во светот и неговата вечна потрага за смисла.

Габриел Марсел е основач на католичкиот егзистенцијализам; помеѓу неговите важни документи се: Метафизички дневник (1925), Да се биде и да се има (1935), Човек – скитник (1945), Луѓе против човечкото (1951), Тајна на битисувањето I-II (1951), Есеј за конкретната филозофија (1967).

Сите Марселови дела создадени се од кратки фрагменти, дневник белешки. Тоа не е само стилистичка специфика на неговата форма на изразување, туку последица на фундаменталните принципи на неговата филозофија. Тој пред сè е под влијание на христијанската форна на исповест, а целта на исповестите е во тоа на мислите да им се даде интимен живот, нивната вистинска егзистенција, која денес е од онаа што била вчера, или од онаа што ќе биде утре. Филозофија на постоењето што ја открива автентичната срж на човековата егзистенција не треба да се излага на мртви јазични апстракции туку така да звучи глас на осамениот човек кој се слуша сега и овде. Како убеден католик Марсел го отфрлил томизмот како рационалистичко учење што се обидува да ја измери верата и позитивната наука. Постоењето на Бог треба да се изведе од постоењето на човекот, од тајната што се наоѓа во човекова свест. Ако вистината не се согласува со ортодоксната вера, дотолку полошо за ортодоксијата.

Марсел изградил сопствен оригинален систем на филозофски категории, напоредно со филозофски категории (суштествување, трансцендентно, онтолошко) ги става и христијанските поими (љубов, отелотворување, верност, мачеништво, слобода, потчинетост, надеж, очај, доказ, тајна, желба, и др.). Иако сите негови категории вообичаено јавуваат во парови, уште со ова непотполно нивно набројување се гледа дека тука наоѓаме цела ниска типично „егзистенцијални“ поими.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Paul T. Brockelman, Existential Phenomenology and the World of Ordinary Experience: An Introductio, University Press of America, 1980, p. 3.
  2. Jon Bartley Stewart, Kierkegaard and Existentialism, Ashgate Publishing, Ltd., 2011, p. 204.
  3. Spiegelberg, Herbert and Schuhmann, Karl (1982). The Phenomenological Movement. Springer. pp. 438–439, 448–449.
  4. A. Wadge, The Influence of Royce on the philosophy of Gabriel Marcel, Master's thesis, Durham University, 1972.

Надворежни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: