Брестови (Смојмирово)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Брестови

Карта

Местоположба 41°43′59″N 22°51′00″E / 41.73306° СГШ; 22.85000° ИГД / 41.73306; 22.85000
Основни податоци
Место Смојмирово
Општина Берово
Тип

 населба


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Брестовинаселба од доцноантичкото време. Се наоѓа северозападно од селото, меѓу атарите на Умлена, Робово и Смојмирово, лево од патот Берово-Делчево. Претставува блага падина што се протега од исток кон запад, во правецот на селото Мачево. На површината има градежен камен и голем број фрагменти од градежни ќерамиди, како и од керамички садови со сива боја од III-IV век. Во нива се забележуваат остатоци од темели на ѕидови во кои се вградени римски тули. Во 1952/53 година случајно биле откопани повеќе златни монети (депо), од кои 5 солиди од Јустин I.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069