Гаврил Стоиловски
Гаврил Стоиловски (именуван како и Гаврил Стоилов Сејменски; Смојмирово, Беровско, 1884) — македонски револуционер, деец на ВМОРО и ВМОК, доброволец во Македонско-одринското ополчение и малешевски околиски војвода.
Гаврил Стоиловски | ||
Роден | 1884 Смојмирово, Отоманско Царство |
---|
Животопис
уредиГаврил Стоиловски, кај народот познат под псевдонимот „Гаво Комитата“ е македонски револуционер и деец на ВМОРО и ВМОК. Роден е во 1884 година во малешевското село Смојмирово, кое тогаш се наоѓало во рамките на Отоманското Царство. Со избувнувањето на Првата балканска војна, се приклучил како доброволец во Македонско-одринското ополчение, уште познато и како Македонско-одрински доброволни чети и служел во четата на Дончо Златков. Од 1913 година, станал малешевски околиски војвода и водел голем број на борби против српските чети. За време на Првата светска војна, служел во партизанската чета на поручникот Никола Лефтеров.
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |