Сирак (растение)

(Пренасочено од Сирак (житна култура))
Сирак
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Монокотиледони
Нерангирано: Комелиниди
Ред: Тревовидни
Семејство: Треви
Потсемејство: Просолики
Род: Сирак
L.
Видови

околу 30 видови, во текстот

Сирак (науч. Sorghum) — род од многу видови на треви, што се одгледуваат како жито и фуражна култура. Успеваат во потоплите краишта. Видовите се автохтони во тропските и суптропските подрачја на сите континенти, покрај југозападното тихоокеанско подрачје и Австралазија. Ова растение спаѓа во потсемејството просолики (Panicoideae) и племето Andropogoneae (на кое припаѓа и шеќерната трска).

Одгледување и употреба

уреди

Обичниот сирак или алаваџиско просо (Sorghum bicolor),[1] е мошне важна житна култура во светот. Се користи како храна (во зрна и меласата), сточна храна, за произведување на алкохолни пијалаци и за биогорива. Највеќето сорти се отпорни на суша и топлина,[2] па затоа се од особено значење во суви краишта, каде оваа житарка е важна за прехраната на сиромашното и селското население. Во разни тропски региони, овие сорти играат важна улога и како храна за стоката по пасиштата. Кај луѓето, сиракот е мошне значајна прехранбена култура во Африка, Средна Америка и Јужна Азија и претставува „петта најважна житна култура во светот“.[3]

Некои видови сирак содржат извесна доза на цијановодород, хорденин и нитрати, кои се смртоносни ако животнотите ги јадат додека растението е младо. При услови на суша и жештини, дури и возрасните растенија стануваат отровни.[4]

Друг вид пак, наречен алепски сирак или „Џонсонова трева“ (S. halapense) во САД претставува наезден (инвазивен) вид.[5]

Одгледување во Македонија

уреди

Во Македонија се одгледува скромно количество сирак. Во 2017 г. се произведени 45 тони сирак, што претставува значаен пад од 82 тони во 1996 и дури 346 тони во 1992 г.[6]

 
Поле со сирак во Средна Америка
 
Зрна на бел сирак

Споредба со други прехранбени култури

уреди

На табелава е претставена хранливата содржина на сиракот во однос на други основни прехранбени култури.

Хранлива содржина на основните прехранбени култури[7]
ПРЕХРАНБЕНА КУЛТУРА: Пченка[А] Ориз[Б] Пченица[В] Компир[Г] Маниока[Д] Соја[Ѓ] Сладок компир[Е] Сирак[Ж] Јам[Џ] Готварска банана[Ш]
Состојка (на 100 г) Количина Количина Количина Количина Количина Количина Количина Количина Количина Количина
Вода (гр) 76 12 11 79 60 68 77 9 70 65
Енергија (кЏ) 360 1528 1419 322 670 615 360 1419 494 511
Белковини (г) 3,2 7,1 13,7 2,0 1,4 13,0 1,6 11,3 1,5 1,3
Маст (г) 1,18 0,66 2,47 0,09 0,28 6,8 0,05 3,3 0,17 0,37
Јаглехидрати (г) 19 80 71 17 38 11 20 75 28 32
Влакна (г) 2,7 1,3 10,7 2,2 1,8 4,2 3 6,3 4,1 2,3
Шеќер (г) 3,22 0,12 0 0,78 1,7 0 4,18 0 0,5 15
Калциум (мг) 2 28 34 12 16 197 30 28 17 3
Железо (мг) 0,52 4,31 3,52 0,78 0,27 3,55 0,61 4,4 0,54 0,6
Магнезиум (мг) 37 25 144 23 21 65 25 0 21 37
Фосфор (мг) 89 115 508 57 27 194 47 287 55 34
Калиум (мг) 270 115 431 421 271 620 337 350 816 499
Натриум (мг) 15 5 2 6 14 15 55 6 9 4
Цинк (мг) 0,45 1,09 4,16 0,29 0,34 0,99 0,3 0 0,24 0,14
Бакар (мг) 0,05 0,22 0,55 0,11 0,10 0,13 0,15 - 0,18 0,08
Манган (мг) 0,16 1,09 3,01 0,15 0,38 0,55 0,26 - 0,40 -
Селен (µг) 0,6 15,1 89,4 0,3 0,7 1,5 0,6 0 0,7 1,5
Витамин Ц (мг) 6,8 0 0 19,7 20,6 29 2,4 0 17,1 18,4
Тиамин (мг) 0,20 0,58 0,42 0,08 0,09 0,44 0,08 0,24 0,11 0,05
Рибофлавин (мг) 0,06 0,05 0,12 0,03 0,05 0,18 0,06 0,14 0,03 0,05
Ниацин (мг) 1,70 4,19 6,74 1,05 0,85 1,65 0,56 2,93 0,55 0,69
Пантотенска киселина (мг) 0,76 1,01 0,94 0,30 0,11 0,15 0,80 - 0,31 0,26
Витамин Б6 (мг) 0,06 0,16 0,42 0,30 0,09 0,07 0,21 - 0,29 0,30
Фолат - вкуп. (µг) 46 231 43 16 27 165 11 0 23 22
Витамин А (МЕ) 208 0 0 2 13 180 14187 0 138 1127
Витамин Е, α-токоферол (мг) 0,07 0,11 0 0,01 0,19 0 0,26 0 0,39 0,14
Витамин К (µг) 0,3 0,1 0 1,9 1,9 0 1,8 0 2,6 0,7
β-каротин (µг) 52 0 0 1 8 0 8509 0 83 457
Лутеин+зеаксантин (µг) 764 0 0 8 0 0 0 0 0 30
Заситени масни киселини (г) 0,18 0,18 0,45 0,03 0,07 0,79 0,02 0,46 0,04 0,14
Мононезаситени масни киселини (г) 0,35 0,21 0,34 0,00 0,08 1,28 0,00 0,99 0,01 0,03
Полинезаситени масни киселини (г) 0,56 0,18 0,98 0,04 0,05 3,20 0,01 1,37 0,08 0,07
А пченка, слатка, жолта, сирова Б ориз, бел, долгнавест, обичен, сиров
В пченица, тврда Г компир, со лупка, сиров
Д маниока, сирова Ѓ соини зрна, зелени, сирови
Е сладок компир, сиров Ж сирак, сиров
Џ јам, сиров Ш готварска банана, сирова

Видови

уреди

Хибриди

уреди
  • Sorghum × almum
  • Sorghum × drummondii

Геном на сиракот

уреди

Во 2009, екипа на научни истражувачи од повеќе земји ја составиле низата на геномот на сиракот.[8][9]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  2. Ивановски, П. Р.; Прентовиќ, Т; Кабранова, Р. (2011). Практикум по фуражно производство (PDF) (I. изд.). Скопје: УКИМ. стр. 17.
  3. Сирак — Совет за житарки на САД (англиски)
  4. Цијанид (прусна киселина) и нитрат во посевите на сирак - Справување со ризиците. Главни стопански гранки и риболов Архивирано на 19 март 2012 г. - Влада на Квинсленд, 21 април 2011 (англиски)
  5. Алепски сирак (Џонсонова трева) Архивирано на 7 мај 2009 г. - Министерство за земјоделство на САД, пров. 12 март 2009 (англиски)
  6. „Производство на сирак во Македонија (1992-2017)“. Организација за исхрана и земјоделство на ООН. Посетено на 1 август 2019.
  7. „Nutrient data laboratory“. United States Department of Agriculture. Посетено на August 10, 2016.
  8. Завршено составувањето на геномската низа на сиракот - EurekAlert, 28 јануари 2010 (англиски)
  9. doi:10.1038/nature07723
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  • Watson, Andrew M. Agricultural Innovation in the Early Islamic World: The Diffusion of Crops and Farming Techniques, 700–1100. Cambridge: Cambridge University Press, 1983. ISBN 0-521-24711-X.

Надворешни врски

уреди