Алчак

гевгелиско село во Кукушко, Егејска Македонија

Алчак (грчки: Χαμηλό, Хамило; до 1926 г. Αλτσάκ, Алцак[2]) — гевгелиско село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 117 жители (2011).

Алчак
Χαμηλό
Алчак is located in Грција
Алчак
Алчак
Местоположба во областа
Алчак во рамките на Пајонија (општина)
Алчак
Местоположба на Алчак во Кукушкиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°6.17′N 22°28.53′E / 41.10283° СГШ; 22.47550° ИГД / 41.10283; 22.47550
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаПајонија
Општ. единицаБојмица
Надм. вис.&10000000000000180000000180 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно117
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа околу 3 км југоисточно од Гевгелија и 4 км југозападно од граничниот премин Сехово (Идомени) во Р Македонија.[3] Лежи на североисточните падини на планината Пајак во областа Бојмија, на растојание од 26 км северно од гратчето Бојмица.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Алчак било турско село во Авретхисарската (Кукушка) каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Алџак (Aldjak) било село во Авретхисарската каза со 160 домаќинства од 455 жители муслимани.[4] Васил К’нчов во 1900 г. на ова подрачје забележал само неколку маала кои не се спомнуваат на друго место, од кои отсуствува селото Алчак.[5], додека пак Боривое Милоевиќ нешто подоцна правилно го завел со 50 турски куќи.[3]

Во Грција

уреди

По сила на Букурешкиот договор, во 1913 г. селото е припоено кон Грција, кога е испуштено од пописот таа година. Селото било принудно иселено во Првата светска војна бидејќи, како погранично, низ него минувала фронтовата линија.[3] Во 1920 г. се заведени 144 жители. По сила на Лозанскиот договор во 1924 г. населението е иселено во Турција, а на негово место населиле грчки доселеници, како и едно македонско семејство од с. Моин преку границата. Во 1926 г. властите го преименувале во Хамило со значење ниско или тивко.[6] Со овие промени, во 1928 г. Алчак е заведено како наполно дојденско село 44 семејства од 125 жители — сите Грци дојденци[7][8] (занемарувајќи го едното македонско семејство). Во 1940 г. нивниот број пораснал на 283, но поради Грчката граѓанска војна и оскудноста на крајот, селото доживеало пад на 220 лица 1951 г.[3] Во 1961 г. се попишани 258 жители, но дошло до повторно намалување, со 154 лица во 1971 и 163 во 1981 и 140 жители во 1991 г.[3] Бројката останала релативно стабилна во 2001 г. кога се заведени 154 лица, за да опадне на 117 на следниот попис во 2011 г.

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 283 220 258 154 163 140 154 117
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Селото е прилично пасивно, а населението се занимава со производство на тутун, жито и други земјоделски производи. Во помала мера застапено е и сточарството.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αλτσάκ -- Χαμηλό
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 53.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 168-169.
  5. 5. Гевгелиска каза. „Македонија. Етнографија и статистика“
  6. χαμηλός — Грчко-македонски речник на офф.нет
  7. Симовски дава бројка од 219 лица за 1928 г.
  8. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.