Ајан
Ајани — првенци на вилает или град за време на Отоманското Царство.[1]
Честопати посредувале помеѓу народот и управните власти. Од 18 век, посебен вид народни претставници, избирани на одредено време или доживотно. Се грижеле за собирање на државните приходи, з снабдување и опремување на војската, но и за безбедноста на својот крај. Во текот на 18 век, со задолженијата и привилегиите што ги имале, станале силни феудалци. Оттогаш започнале да собираат за себи и за валијата посебна давачка, наречена ајание.
За нивната позиција и власт, се дознава и од Турските документи и фермани. Еден таков документ е и ферманот издаден од Турскиот султан со кој се забранува премин на лица без документи од Албанија во Румелија, од крајот на јули, 1800 година во кој се вели:[2]
“До славните меѓу кадиите и судиите...од десниот ракав на Румелија -... и до славните... месни ајани, офицери, видни граѓани и други градски службеници...
Со моите, на неколку пати издадени свети заповеди беше заповедано за натаму да не му се дозволува на ниедно лице да премине од Албанија во Румелија без дозвола и ферман; да се затворат сите прооди и места, а на војниците што се испраќаат на служба при мутесарифот на окрузите на Трикала и Чермен, мојот славен везир, Пласли Мехмед - паша - ...да им се издаваат од месните власти исправи и најпосле, освен сејмените што ќе одат на служба со такви исправи при спомнатиот везир, никому да не му се дозвоили да премине од Албанија во Румелија.
Сега пак дознавам и слушам дека вакви албански башибозуци преминале во Румелија без дозвола и без фермани и се растутриле по разни краишта.
Бидејќи оваа положба несомнено настанала по недостиг на будност и небрежноста на чиновниците, да дена му е полна самостојна власт на мојот прославен везир, румелискиот валија Хаџи Осман паша...- по прашањето за затворањето на дервените, па со оглед на тоа вие, спомнатите кадии, ајани и офицери да се чувате и да одбегнувате да давате дозволи кому и да е од Албанија да премине во Румелија, без ферман и дозвола; да постапувате по наредбите во тој однос примени од спомнатитот валија...”
Наводи
уреди- ↑ Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 16. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ, Том 1. Скопје: Државен архив на НРМ. 1951. стр. 11, 23.