Костадинка Палазова
Костадинка Палазова Ѓорѓиоска (родена во Сехово, Кукушко, Грција, во 1939 година) — позната македонска фолк-пејачка.[1]
Костадинка Палазова Ѓорѓиоска | |
---|---|
Роден(а) | 1939 Сехово, Кукушко, Грција |
Националност | Македонка |
Занимање | пејачка |
Животопис
уредиПалазова е родена во кукушкото село Сехово во 1939 година. Таа ја претрпела трагедијата и егзодусот на Македонците од Грција во 1948 година. Од Сехово пребегала во Гевгелија, а од таму била однесена во Гаково, Војводина и таму завршила трето одделение и по нејзина желба се вратила во Вардарскиот дел на Македонија во село Зубовце, гостиварско. Работела во книговодство, како и учителка во село Сретково, гостиварско цели 4 години, па потоа како наставничка во Симница каде се запознала со сопругот. Како наставничка продолжила и во ОУ „Братство и Единство“ 20тина години. Со пеењето започнала уште од рана возраст, пеела во хор во Гевгелија и во Гаково. Официјално пред телевизија почнала со ,,Вие пред микорофон” со песната ,,Врни се врни либе Мариче” со која победила и вратите на телевизијата се отвориле за неа. Костадинка пее од 1960тите години. На фестивалот „Роса“ во Универзалната сала во Скопје добила награда за животно дело, 50 годишен јубилеј. Костадинка 8 години живеела и работела во Швајцарија. Повеќето од нејзините песни се врзани за Егејскиот крај како и за Гоце Делчев, на кого е горда, преку 40 песни. Нејзини авторски песни се: Филка мома моле бога, Сношти отидех џанам и многу други. Таа има огрoмен број настапи како во Македонија така и во странство. Најчесто придружувана од Васка Илиева, Есма Реџепова, Кочо Петровски. Живее во Гостивар. Во 2016 година во Гостивар бил организиран голем велигденски концерт во нејзино име.[2]