Сергеј Иванов
Сергеј Иванов (руски: Сергей Борисович Иванов, роден на 31 јануари 1953 година) — руски висок функционер и државник. Тој бил министер за одбрана во периодот од март 2001 до февруари 2007 година, заменик-премиер од ноември 2005 до февруари 2007 година, и прв вицепремиер од февруари 2007 до мај 2008 година. Претходно, како секретар на рускиот Совет за безбедност, Иванов работел како советник на претседателот Борис Елцин, а подоцна и кај претседателот Владимир Путин (ноември 1999 - март 2001) за прашања поврзани со националната безбедност на земјата. По изборот на Дмитриј Медведев за претседател на Русија, Иванов бил повторно именуван како вицепремиер во втората влада Владимир Путин.
Сергеј Иванов | |
---|---|
Сергеј Иванов во 2016 | |
11-ти раководител на администрацијата на Претседателот на Русија | |
На должноста 22 декември 2011 – во служба | |
Претседател | Дмитриј Медведев Владимир Путин |
Премиер | Владимир Путин |
Вицепремиер на Русија | |
На должноста 12 мај 2008 – 22 декември 2011 | |
Претседател | Дмитриј Медведев |
Премиер | Владимир Путин |
Прв вицепремиер на Русија | |
На должноста 15 февруари 2007 – 12 мај 2008 Служи со Дмитриј Медведев | |
Претседател | Владимир Путин Дмитриј Медведев |
Премиер | Михаил Фрадков Виктор Зубков Владимир Путин |
Претходник | Дмитриј Медведев |
Наследник | Виктор Зубков Игор Шувалов |
Министер за одбрана | |
На должноста 28 март 2001 – 15 февруари 2007 | |
Претходник | Игор Сергеев |
Наследник | Анатолиј Сердјуков |
Совет за безбедност на Руската Федерација | |
На должноста 15 ноември 1999 – 28 март 2001 | |
Претходник | Владимир Путин |
Наследник | Владимир Рушаило |
Лични податоци | |
Роден(а) | 31 јануари 1953 |
Сопружник | Наталија |
Пред да се приклучи на федерална администрација во Москва, Иванов, кој течно го зборува англискиот јазик, служел најпрвин во советската а подоцна и во руската странска разузнавачка служба како специјалист по право и странски јазици, (во Европа и Африка) од доцните 1970-ти до крајот на 1990-тите. Во 1975 година, Иванов дипломирал на Одделот за филологија на Ленинградскиот државен универзитет, каде што студирал англиски и шведски, а подоцна и завршеил последипломски студии во контраразузнавање.
Во 1976 година тој ја започнал својата служба во ленинградската област за КГБ, каде што станал пријател со тогашниот негов колега Владимир Путин.[1]. Од јули 1998 до август 1999 Иванов бил заменик на Владимир Путин, потоа директор на Федералната служба за безбедност. Во ноември 1999 година, Елцин го назначил Иванов за секретар на Советот за безбедност на Русија, тело задолжено за советување на претседателот за прашања од национална безбедност. Иванов станал министер за одбрана. На 15 февруари 2007, Иванов поднел оставка како министер за одбрана, за да подоцна биде поставен на функцијата заменик премиер.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Владимир Путин |
Секретар на Советот за Безбедност на Русија 1999–2001 |
Наследник Владимир Рушалијо |
Претходник Игор Сергеев |
Министер за одбрана на Русија 2001–2007 |
Наследник Анатоли Сердјуков |
Претходник Дмитриј Медведев |
Заменик премиер на Русија со Александар Жуков 2005–2007 |
Наследник Александар Жуков Сергеј Нарјишкин |
Претходник Дмитриј Медведев |
Прв заменик премиер на Русија со Дмитриј Медведев 2007–2008 |
Наследник Виктор Зубков Игор Шувалов |
Претходник Дмитриј Медведев |
Заменик премиер на Русија со Александар Жуков, Алексеј Кудрин, Игор Сечин и Сергеј Собјанин 2008–моментално |
На должноста |
Наводи
уреди- ↑ Ivanov, Sergei, Lenta.ru (на руски).