Михаил Фрадков
Михаил Ефимович Фрадков (р. 1 септември 1950) — руски политичар и поранешен Премиер на Русија.
Михаил Фрадков | |
| |
Мандат 5 март 2004 – 14 септември 2007 | |
Претходник | Виктор Христенко |
---|---|
Следбеник | Виктор Зубков |
Роден | 1 септември 1950 Самара, Русија |
Партија | неврзан |
Сопружник | Елена Фрадкова |
Фрадков е роден близу Самара во еврејско семејство. Студирал на московскиот „Станкоинструментальный институт“ (дипломирал 1972) и на Академијата за меѓународна трговија (дипломирал 1981). Во 1973, се вработил во економскиот оддел на амбасадата на СССР во Индија, каде останал да работи две години. Подоцна држел неколку други функции во Русија. Во 1991, Фредко ја претставувал Русија на Општата спогодба за царини и трговија (GATT) во Женева.
Доцна во 1992, Фрадков бил назначен за Заменик Министер за надворешни економски врски. Помалку од една година подоцна, во октомври 1993 станал Прв Заменик Министер за надворешни економски врски. На 15 април 1997, по претседателска одлука, Борис Елцин го назначува Фрадков за Министер за надворешни економски врски и трговија, каде служел речиси една година. Кон средината на 1999, со друга претседателска одлука Фредков станува Министер за трговија.
Во 2001 Владимир Путин го назначува за директор на Федералната Даночна Полиција, пред што бил Заменик Секретар на Советот за Безбедност. Во 2003 бил назначен за претставник на Русија во Европската Унија. На 1 март 2004, Путин го номинира Фрадков за следен премиер и ова назначување добива согласност од Думата на 5 март истата година.
Назначувањето на Фрадков за премиер било изненадување за многу луѓе, бидејќи тој видливо не бил дел од потесниот круг на Путин. Некои ова го објаснуваат со идејата да се постави некој независен, кој не припаѓа на ниту еден од „клановите“ во Кремљ. Поранешниот Премиер Сергеј Степашин, под чие водство служел Фрадков, се искажал за Фрадков како за човек кој е „апсолутно независен од било кој вид на политички клан или група“. Путин и неговите соработници го величаат Фрадков како искусен, професионален и чесен. Неговото назначување побудило незадоволство кај руските националисти, бидејќи Фрадков е евреин.
На 12 мај 2004, Фрадков повторно бил назначен за премиер, по повторната изборна победа на Путин и неговото пристапување на 7 мај.
На 12 септември 2007 Фрадков му најавил оставка на претседателот Путин, која тој ја прифатил, и го номинирал Виктор Зубков за наследник. Фрадков останал на должност сѐ до потребната потврда од Думата. Зубков бил потврден на 14 септември.
„Михаил Фрадков“ на Ризницата ? |
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Виктор Христенко |
Премиер на Русија 2004–2007 |
Наследник Виктор Зубков |