Сергеј Собјанин (руски: Серге́й Семёнович Собя́нин, роден на 21 јуни 1958) — руски политичар и моментален градоначалник на Москва од 21 октомври 2010 година. На таа позиција го наследил на долгогодишниот градоначалник Јуриј Лушков. Градскиот совет во кој доминира владејачката партија Единствена Русија, го потврдил изборот на Собјанин со 32 гласа за наспроти 2 против на местото на Јуриј Лужков кој беше градоначалник 18 години, но доби отказ од претседателот Дмитриј Медведев.

Сергеј Собјанин
3. градоначалник на Москва
На должноста
Стапил
28 октомври 2010
Претходник Јуриј Лушков
Владимир Лесин
Лични податоци
Роден(а) 21 јуни 1958(1958-06-21)(66 г.)
Нјаксимбол, Ханти-Мансија, Руска СФСР, СССР
Националност Русин
Партија Единствена Русија
Сопружник Ирина
Деца Ана
Олга
Установа Кострома
Вероисповед Руска Православна црква

Тој бил вицепремиер на Русија и поранешен шеф на администрацијата на претседателот на Русија во периодот од 2005 до 2010 година. Собјанин се смета за многу близок соработник на Владимир Богданов, генералниот директор на Сургутнефтегаз.