Анатолиј Сердјуков
Анатолиј Сердјуков (руски: Анатолий Эдуардович Сердюкóв; р. 8 јануари 1962) — руски политичар и Министер за одбрана на Русија од 15 февруари 2007 до 6 ноември 2012 г. Тој е познат по големите реформи во војската на Русија.
Анатолиј Сердјуков | |
---|---|
Министер за одбрана | |
На должноста 15 февруари 2007 – 6 ноември 2012 | |
Премиер | Михаил Фрадков Виктор Зубков Владимир Путин |
Претходник | Сергеј Иванов |
Наследник | Сергеј Шојгу |
Лични податоци | |
Роден(а) | 8 јануари 1962 Краснодарски крај, Русија |
Партија | Единствена Русија |
Сопружник | Јулија Зубкова |
Сердјуков дипломирал на Ленинградскиот институт во 1984 година по економија. Во 1984/85 служел во советската армија. Од 1985 година започнал да работи во една продавница за мебел а во периодот од 1995-2000 бил генерален директор на пазарот за мебел во Санкт Петербург. Неговата политичка кариера започнала да се развива многу успешно по доаѓањето на Владимир Путин на власт во 2000 година. Во 2001 година Сердјуков дипломирал на Правниот универзитет во Санкт Петербург. Во 2000-2001 работел како заменик-шеф во дирекцијата за даноци, од 2001 до 2004 бил на самото чело на дирекцијата, наследувајќи го Виктор Зубков. Во 2004 година бил назначен за заменик-министер за даноци во Русија.