Нордштранд

општина и полуостров во Германија

Нордштранд (германски: Nordstrand; севернофризиски: Noordströön) — полуостров и поранешен остров во Северна Фризија на брегот на Северното Море во Германија. Се наоѓа во округот Северна Фризија, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн. Зафаќа површина од 50 км2 со 2.300 жители. На полуостровот се наоѓаат две општини, Нордштранд и помалата Елизабет-Софиен-Ког, кои се дел од општинската заедница Северно Море-Трене. Пред 2008 година, двете општини образувале посебна општинска заедница наречена Нордштранд, со седиште во поголемата општина Нордштранд.

Нордштранд
Црквата Св. Винценц во Оденбил
Црквата Св. Винценц во Оденбил
Црквата Св. Винценц во Оденбил
Нордштранд во рамките на Германија
Нордштранд
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Северна Фризија
Месна заед. Северно Море-Трене
Градоначалник Јенс-Јохан Јакобсен (ДХС)
Основни податоци
Површина 57,43 км2
Надм. височина 2 м
Население 2.237 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 39 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NF
Пошт. бр. 25845
Повик. бр. 04842
Портал www.nordstrand.de
Местоположба на Нордштранд во рамките на округот Северна Фризија
Карта
Карта
Координати 54°29′0″N 8°53′0″E / 54.48333° СГШ; 8.88333° ИГД / 54.48333; 8.88333

Во средновековниот период, Нордштранд бил дел од поголемиот остров Штранд, кој бил потопен на делови во катастрофалната плимна бура во 1634 година. Над 6.000 луѓе се удавиле. Пред 1634 година, површината на островот била 540 км2.[2] Други остатоци на Штранд се островот Пелворм и хализите.

До Нордштранд води пат над насип, кој го поврзува со копното и бил изграден во 1936 година. Во 1987 година, полдерот Белтрингхардер Ког бил завршен, со што поранешниот остров станал полуостров.

Географија и сообраќај уреди

Општината Нордштранд се состои од најголемиот дел на истоимениот полуостров, халигот Нордштрандишмор и еден дел од севернофризиското копно. Сите делови на општината се морски бањи, кои се достапни преку насипи, а Нордштрандишмор само преку железница.

 
Пристаништето Штрукланунгсхерн

Во западниот дел на северната страна на островот се наоѓа пристаништето Штрукланунгсхерн (Strucklahnungshörn), преку кое води постојана фериботска врска до Пелворм и излети кон хализите. Други општински единици се:

  • Херендајх,
  • Кифхук,
  • Морзумког,
  • Нордерхафен,
  • Оденбил,
  • Зиден,
  • Зидерхафен и
  • Вестен.

Северноамериканско презиме уреди

Првичниот остров Нордштранд (пред поплавата во 1634 година) се верува дека бил дом на северноамериканското презиме „ван Ностранд“ (вклучувајќи повеќе варијанти). Двајца браќа емигрирале од тука во денешниот Њујорк, САД, во 1637 година и 1638 година, по поплавата.

Еден од трите гранитни плочи на канадскиот споменик „ван Ностранд“, сместен во гробиштата Јорк Мил во Торонто покажува кон островот Нордштранд.

Питер Карстензе ван Нортстрант е роден околу 1605 година на островот. Добивајќи го името на неговиот татко, Кастен или Керстен, и фактот дека неговите деца биле крстени во лутеранската црква во Амстердам, се верува дека има германско, фризиско или данско потекло. Не е познато кога Питер Карстензе дошол во Амстердам, веројатно како дете со неговиот татко, иако нема запис. Синовите на Питер Питерсен Острандер (син на Питер Карстензе ван Нортстранд), биле наречени Ван Норстранде или Ван Ностранде.[3]

Локален алкохолен пијалак уреди

Од Нордштранд потекнува локалниот познат алкохолен пијалак, Феризер (Pharisäer), кој островјаните го направиле во 1872 година со цел да можат да пијат алкохол во присуство на локалниот свештеник Георг Блајер, кој проповедал апстиненција. Направен е од силно топло кафе, шеќер, темен рум и шлаг (со цел да го спречи мирисот на алкохолот). Свештеникот ја добивал единствената чаша без рум, но еден ден чашите се измешале. Кога го открил гревот, извикал „Вие Фаризер“, означувајќи „хипокрити“ (Ihr Pharisäer!), од каде потекнува и името.[4][5]

Наводи уреди

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2020 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2021. (германски)
  2.   Nordstrand (англиски)“. Encyclopedia Americana. 1920.
  3. „PATRONYMICS AND SURNAMES“. Ostrander Family Association. Архивирано од изворникот на 2015-06-13. Посетено на 5 јуни 2012.
  4. Jysk Ordbog[мртва врска] (дански)
  5. Jyllands-Posten Архивирано на 17 ноември 2006 г. (дански)

Надворешни врски уреди