Национален парк Ваденско Море (Шлезвиг-Холштајн)
Национален парк Ваденско Море Шлезвиг-Холштајн (германски: Nationalpark Schleswig-Holsteinisches Wattenmeer) — национален парк во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, дел од германското Ваденско Море. Бил основан од покраинскиот парламент на 1 октомври 1985 година со посебен закон донесен на 22 јули 1985 година и значително проширен во 1999 година. Заедно со другите два национални паркови Ваденско Море Долна Саксонија, Ваденско Море Хамбург и оние делови на естуарот на Елба кои не се природни резервати, го создава германскиот дел на Ваденското Море.
Национален парк Ваденско Море Шлезвиг-Холштајн | |
---|---|
Nationalpark Schleswig-Holsteinisches Wattenmeer | |
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Воздушна слика на Тришен, Ајдерштет и јужниот дел на Севернофризиските Острови | |
Место | брегот на Северното Море, Шлезвиг-Холштајн, Германија |
Најблизок град | Вестерланд, Хузум, Тенинг, Хајде |
Воспоставен(а) | 1 октомври 1985 г. |
Посетители | 1.746.293 (во 2002) |
Националниот парк се протега од поморската германско-данска граница на север до естуарот на Елба на југ. Во Северна Фризија ги вклучува блатата околу мочуришните и блатести острови и Халиг (небранети острови). На некои места постојат 40 километри блата во ширина. На југ се наоѓаат области на блата кои содржат особено големи песочни брегови. Покрај растенијата и животните кои се вообичаени за целото Ваденско Море, особено голем број на мали делфини, големи бели гуски и јагули можат да се видат во делот на Шлезвиг-Холштајн.
Со област од 4410 км² претставува далеку најголем национален парк во Германија. Некои 68% од неговата област е целосно под вода, а 30% се периодично суви. Земјишниот дел главно се состои од солени мочуришта. Од 1990 година, националниот парк, вклучувајќи ги Севернофризиските Халиги, станал биосферен резерват заштитен од УНЕСКО. Заедно со другите германски и холандски делови на Ваденското Море станало светско природно наследство на 26 јуни 2009 година.
Географија
уредиНационалниот парк зафаќа област долж брегот на Северното Море крај Шлезвиг-Холштајн од данската граница на север до естуарот на Елба на југ. Во северниот дел, границата на националниот парк се протега до 22 километри во територијалните води на Германија; на југ достигнува до три километри во водите. На копното оди до 150 метри од брегот.[1] Морските брани не влегуваат во рамки на националниот парк; така плажите во голем дел се исклучени од заштитните зониСветско наследство на УНЕСКО.[2] Исто така од националниот парк исклучени се и населените области во морето, вклучувајќи ги петте германски Севернофризиски Острови и поголемите Халиг острови Лангенес, Хоге, Греде, Оланд и Нордштрандишмор. Дел од паркот содржи ненаселени острови, островчиња и Халиг, како што се Тришен, Блауорт или Севернофризиските Песочни Острови.
Националниот парк може да биде поделен на два дела. На север, помеѓу данската граница и полуостровот Ајдерштет е севернофризискиот дел; од јужниот брег на Ајдерштет до естуарот на Елба е делот на Дитмаршен. Ваденското Море припаѓа на Северното Море. Затскриено е од отворено море од Севернофризиските Острови и Халиг. Островите главно биле создадени од делови на копното, кое се одвоило, главно како последица на поплавите. Блатата се заштитени и преминот помеѓу блатата. Не постојат поголеми речни естуари, а разликата во плимата и осеката е релативно мала, помала од два метри. Во северното Ваденско Море постојат карпи создадено во леденото доба, па така тоа се највисоките точки на брегот во инаку рамната област. Во делот на Дитмаршен и од јужниот брег помеѓу Елба и Ајдер го создаваат средишниот дел на Ваденското Море. Плимната разлика од преку три метри го спречила создавањето на острови. Некои песочни брегови излегле од морето, но само Тришен е доволно висок и доволно заштитен од олуите, дозволувајќи му да има одредена вегетација. Споредено со геолошки сличните Источнофризиски Острови во јужното Ваденско Море, Тришен е значајно помал и помлад. Сите обиди за живот и за утврдување на островот биле неуспешни. Со неколку големи естуари, соленоста во средишниот дел на Ваденското Море е помала отколку во остатокот на Ваденското Море и е предмет на повисоки промени.[3]
Поврзано
уредиФилмографија
уреди- „Во националниот парк Ваденско Море“ (Im Nationalpark Wattenmeer). документарен филм, 45 мин.., Германија, 1998, од Јенс-Уве Хајнс и Михаел Зутор, продукција: Komplett-Media-GmbH, Grünwald (ISBN 3-89672-492-4), Краток опис од ARD
Наводи
уреди- ↑ Legler, pp. 189–208
- ↑ Rudolf Eugen Kelch: Viel Lärm um nichts oder wie Schleswig-Holstein sein Nationalparkgesetz novelliert als pdf Архивирано на 19 јули 2011 г.
- ↑ CWSS S. 19–30
Надворешни врски
уреди- Национален парк Ваденско Море (Шлезвиг-Холштајн) на Ризницата ?
- Официјална страница Архивирано на 1 декември 2014 г. (германски)
- Заштитна станица Ваденско Море (германски)