Севернофризиски Гребенски Острови
Севернофризиски Гребенски Острови — збирен поим за три суви спрудови западно од германските хализи во архипелагот Севернофризиски Острови. Спрудовите дејствуваат како природен насип за хализите и другите острови источно од нив. Тие се ненаселени и се едни од неколкуте области во Ваденското Море кои се недопрени од човекот.
Географија | |
---|---|
Место | Северно Море |
Архипелаг | Севернофризиски Острови |
Вкупно острови | 3 |
Поголеми острови | Зидерогзанд, Нордерогзанд, Јапзанд |
Држава | |
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Северна Фризија |
Демографија | |
Население | ненаселени |
Спрудови
уредиСпрудовите од север на југ се следниве:
Бр. | Спруд | Областа (км²) |
---|---|---|
1 | Јапзанд | 3 |
2 | Нордерогзанд | 10 |
3 | Зидерогзанд | 15 |
Севернофризиски Гребенски Острови | 28 |
Спрудовите се предмет на постојана промена и тие бавно се движат кон копното на исток. Ова ја менува нивната местоположба и нивната површина. Во текот на последните 50 години, сите три спрудови ја зголемиле нивната површина, но нивниот поединечен развој бил различен. Вкупно, 43,5 милиони метри кубни песок биле однесени од ветрот и водата на западните брегови на спрудовите, додека 32,4 милиони метри кубни биле донесени на источните брегови. Особено Јапзанд, кој е намлад и најмал спруд, најмногу придобил и најбрзо се движел. Бројни симулации од Килскиот универзитет покажале дека е можно спојување на Јапзанд и Нордерогзанд до 2050 година. Ова може да го покрие и халигот Нордерог со песок, како и големи области на калливите рамнини кои се источно од бреговите денес.[1]
Највисоките точки на спрудовите достигнуваат околу еден метар над просечната висока плима. На лето, сувиот песок понекогаш се насобира на дини со височина од неколку метри. На нив понекогаш расте трева. Сепак, од 1999 година, на северниот дел на Нордерогзанд се забележува постабилна и поразлична растителност. Растителноста помага да се собира уште повеќе песок и така дината на Нордерогзанд достигнала височина од 3,5 метри во 2013 година. Поради овој развој, Нордерогзанд бил наречен нов остров.[2][3]
Сите три спрудови се природни резервати и создаваат важна област за птиците-преселници и фоките.[2] Заедно со протоците Хогер Лох (Hooger Loch) и Румелох-Вест (Rummelloch-West), како и хализите Нордерог и Зидерог, спрудовите се омилено одредиште за фоките и создаваат една од главните области за митарење на патките.[1]
Спрудовите се важен дел од Националниот парк Ваденско Море и им е забранет пристап, освен на северните делови на Јапзанд. Во 1985 година бил поставен мал светилник на Зидерогзанд на дрвена платформа. Направата е напојувана со сончева енергија и има засолниште во случај на бродолом.
Галерија
уреди-
Сателитска слика на Зидерогзанд (НАСА), најголемиот и најјужниот спруд, со халигот Зидерог во горниот десен дел
-
Зидерогзанд со светилникот
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Hofstede, Jacobus L. A. (1998). „Die nordfriesischen Außensände“. Во Umweltbundesamt und Nationalparkverwaltungen Niedersächsisches Wattenmeer/Schleswig-Holsteinisches Wattenmeer (уред.). Wadden Sea Environmental Atlas. 1, Nordfriesisches und Dithmarscher Wattenmeer. Штутгарт: Eugen Ulmer. стр. 36. ISBN 3800134918.
- ↑ 2,0 2,1 Рунге, Волфганг (30 јуни 2013). „The new island Norderoogsand is taboo for humans“. Die Welt (германски). Посетено на 30 јуни 2013.
- ↑ Бојановски, Аксел (3 јануари 2013). „North Sea: New bird island rises in the Wadden Sea“. Der Spiegel (германски). Deutsche Presseagentur. Посетено на 30 јуни 2013.