Халиг

мал, незаштитен или малку заштитен мочуриштен остров

Халиг (мн. хализи; германски: Halligen) — десет мали германски острови без заштитни брани во Ваденското Море, дел од Севернофризиските Острови, близу брегот на Шлезвиг-Холштајн, сместени низ округот Северна Фризија.

Севернофризиските Острови со хализите (темнозелено)

Името потекнува од келтскиот збор „хал“ (hal) што значи „сол“, одредница за ниските предели во областа, кои често се поплавувани од солената вода при плимите. Поголем број на хализи постоеле во средниот век, отколку во XXI век. Постоењето на хализите е последица на честите поплави и слабата крајбрежна заштита. Поплавите биле повообичани во средниот век и крајбрежната заштита била далеку послаба. На картите може да се види дека овој дел од Северното Море постои благодарение на сожалување на морето.

Областа на хализите околу 1650 година на карта од Јоханер Мајер

Хализите имаат области од 7 до 956 хектари и често се поранешни делови на копното, одвоено потоа од плимни бури и ерозија. Некои се делови на некогашни поголеми острови потопени од истите сили. Понекогаш, благодарение на седиментната база, островите се издигнувале и создавале еден поголем. Лангенес вклучува поранешен остров со истото име и два други кои биле наречени Нордмарш и Бутвел.

Градбите се изградени на повисоки вештачки ридови наречени Warften на германски јазик за заштита од плимните бури. Некои хализи исто така имаат пловечки брани.

На хализите не живеат многу луѓе. Нивните приходи главно доаѓаат од туризмот, крајбрежната заштита и земјоделството. Оваа последна дејност вклучува сточарство во плодните, често поплавувани, солени ливади.

Хализите се дел од Националниот парк Ваденско Море. Дел од нив, како Нордштрандишмор, Греде, Оланд, Лангенес и Хоге се опкружени од заштитното подрачје, но не се вклучени во него. Помалите хализи, како Хабел, Зидфал, Зидерог и Нордерог, како и Хамбургер Халиг се делови на националниот парк. Прошетки на калливите рамнини и информации може да се добијат од туристичките канцеларии.

На запад, германските хализи се заштитени од отвореното море преку Севернофризиските Гребенски Острови.

Островот Манде во данскиот дел на архипелагот е исто така технички дел од хализите, иако е далеку од останатите десет, кои се приближно еден до друг. До Манде може да се стигне од копното при ниска плима.

Список на хализи

уреди
 
Областа на хализите околу 1850 година

Моментално постојат десет хализи (halligen) во Германија. Следниов список не ги вклучува поранешните хализи, кои или исчезнале или биле споени со моменталните хализи или со копното:

  • Лангенес — 956 ha, 16 Warften, околу 110 жители. Теснолиниска железница до Оланд (преку насип).
  • Хоге — 574 ha, 10 Warften, околу 120 жители.
  • Греде — 277 ha, 2 Warften, 11 жители.
  • Нордштрандишмор — 175 ha, 4 Warften, 18 жители. Теснолиниска железничка врска со копното.
  • Оланд — 96 ha, 1 Warft, околу 30 жители. Теснолиниска железничка врска со копното и Лангенес.
  • Зидерог — 60 ha, 1 Warft, 2 жители.
  • Зидфал — 50 ha, 1 Warft, птичји резерват.
  • Хамбургер Халиг — 50 ha, 2 Warften, ненаселен, посетуван лете, споен со копното преку насип долг 4 километри и полдер.
  • Нордерог — 9 ha, нема Warften, птичји резерват.
  • Хабел — 3,6 ha, 1 Warft, ненаселен, птичји резерват.

На данската страна постојат три хализи, моментални или минати:

Полуостровот и поранешниот остров Гросер Вердер на Цингст на брегот на Балтичкото Море, именуван е како „Балтички Халиг“ (Ostsee-Hallig) поради неговата далечна местоположба и постоење.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
  • Johann C. Biernatzki (1856). The Hallig: or, The sheepfold in the waters. A tale of humble life on the coast of Schleswig. Boston: Gould and Lincoln.

54°34′N 8°39′E / 54.567° СГШ; 8.650° ИГД / 54.567; 8.650