Нордштрандишмор (германски: Nordstrandischmoor; дански: Nordstrand Mor; фризиски: Lätj Möör; познат локално и како „Литмор“) — халиг близу севернофризискиот брег во Германија и сместен во рамките на Националниот парк Ваденско Море.

Нордштрандишмор
Халигот Нордштрандишмор, од лево на десно, Нордерварфт, Халбервегварфт и Шулварфт
Географија
МестоГермански Залив,
Северно Море
Координати54°32′59″N 08°48′44″E / 54.54972° СГШ; 8.81222° ИГД / 54.54972; 8.81222Координати: 54°32′59″N 08°48′44″E / 54.54972° СГШ; 8.81222° ИГД / 54.54972; 8.81222
АрхипелагСевернофризиски Острови
Површина1,9 км2
Должина2.600 м
Ширина800 м
Највисоко издигнување3 м
Највисока точкаНојварфт
Управување
Покраина Шлезвиг-Холштајн
ОкругСеверна Фризија
ОпштинаНордштранд
Демографија
Население27 (2008)

Географија уреди

Административно, Нордштрандишмор припаѓа на општината Нордштранд и се води како посебна нејзина единица. Халигот има површина од 1,9 км2. Во пролетта 2008 година, 27 луѓе живееле на Нордштрандишмор.

Неговата врска со копното е железничката линија од 600 мм, која води до копното кај Белтрингхардер Ког. При високи плими се употребуваат бродови. При ниски плими, до островот може да се пристапи и пеш преку калливите полиња.

На островот има четири варфтови (вештачки подигнати ридови), а на едно од нив се наоѓа основното училиште (со 3 ученици претставува најмало училиште во Германија)[1] и ресторан. Четирите варфтови, од исток на запад се:

 
Сателитска снимка на НАСА на Нордштрандишмор со наброените варфтови.
Десно: насипот Лорендам на Белтрингхардер Ког
Број Варфт Опис Население
30.06.2005
Население Домаќинства
1 Нојварфт 2 имот 14 2
2 Амалинварфт 3 училиште/црква - -
3 Халбервегварфт куќа 1 1
4 Нордерварфт куќа 7 1
  Нордштрандишмор халиг 22 4

Галерија уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди