Втора шлезвишка војна
Втора шлезвишка војна (дански: 2. Slesvigske Krig; германски: Deutsch-Dänischer Krieg[1]) — втор вооружен судир како последица на нерешениот статус на Шлезвиг-Холштајн. Започнала на 1 февруари 1864 година, кога пруските сили ја преминале граница во Шлезвиг.
Втора шлезвишка војна | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од војните за Обединување на Германија | |||||||||
Карта на Втората шлезвишка војна |
|||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
Австриско Царство | Данска | ||||||||
Команданти и водачи | |||||||||
Хелмут фон Молтке Фридрих Граф фон Врангел Вилхелм фон Тегетхоф | Кристијан Јулиус де Меца Георге Даниел Герлах |
||||||||
Сила | |||||||||
при избувнувањето на војната: 61.000 158 пушки доп. засилувања: 20.000 64 пушки | 38.000 над 100 пушки |
||||||||
Жртви и загуби | |||||||||
над 1.700 загинати, ранети или заробени | над 1.570 загинати, над 700 ранети, над 3.550 заробени |
Данска се бореле против Прусија и Австрија. Како и во Првата шлезвишка војна (1848–51), борбата била за контрола на Војводствата Шлезвиг и Холштајн поради нивното управување откако данскиот крал умрел без наследник прифатлив за Германскиот Сојуз. Одлучувачкиот спор произлегол по донесување на Ноемврискиот устав, со кој Војводството Шлезвиг се припојувало во данското кралство со што се прекршувал Лондонскиот протокол од 1852 година.
Причините за војната била етничката расправа во Шлезвиг и постоењето на двојни политички системи во рамките на данската унитарна држава.
Војната завршила на 30 октомври 1864 година, кога бил потпишан Виенскиот договор со кој Данска ги предала Војводството Шлезвиг, Холштајн и Саксо-Лауенбург на Прусија и Австрија.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Други имиња за војната се Данско-пруска војна, Германско-данска војна, Пруско-данска војна, Војната од 1864 и Војна на наследство на Шлезвиг-Холштајн.
Надворешни врски
уреди- Втора шлезвишка војна на Ризницата ?
- Данска воена историја - Шлезвишки војни Архивирано на 24 февруари 2009 г. (англиски) (дански)
- Данска воена историја - Статија за војната од 1864 година (англиски)
- Данска поморска историја Архивирано на 22 јули 2010 г. (англиски)
- Холштајнската бригада излегува од тврдината во Рендсбург Архивирано на 11 јули 2007 г.
- Детална карта на областа околу градот Шлезвиг
- Карта на источниот дел на Даневирке