Дански Ваденски Острови

островска група


Дански Вадеснки Острови (дански: Danske Vadehavsøer) — група острови на западниот брбег на Јитланд, Данска. Од 1 јануари 2007 година припаѓаат на регионот Јужна Данска. Претходно припаѓале на окрузите Јужен Јитланд и Рибе.[1]

Danish Wadden Sea Islands
Ветерница на островот Фане
Географија
МестоВаденско Море
Координати55°16′37″N 8°32′20″E / 55.277° СГШ; 8.539° ИГД / 55.277; 8.539
Вкупно острови6
Поголеми островиРеме, Фане
Управување
Данска
РегионЈужна Данска
ОпштиниЕсбјерг
Тендер
Демографија
Етнички групиДанци

Данските острови се разликуваат од германските Севернофризиски Острови, бидејќи на нив не живеат Фризи.[2]

Острови уреди

Фане е сместен близу Есбјерг, со кој е поврзан со ферибот. Главни градови на Фане се Нордби и Сендерхо. Други градови се Вестерхавсбад и Риндби. Островот е долг 16 километри и широк 5 километри и има површина од 56 км2. Во 2005 година имал 3.169 жители.[3] Целиот западен брег е исполнет со плажи, а на северозападниот дел на островот се наоѓа Серен-Јесенс-Санд, огромен песочен брег.

Манде е помал остров јужно од Фане, пооддалечен од копното. Тој е единствениот дански халиг, најблиску до описот на германските острови. Браната на Манде го држи морето кај заливот.[3] Поголемиот дел од историјата на островот вклучува напори за враќање на делови од нивниот остров од морето.

Реме е моментално најјужен остров од оваа група (мал ненаселен поранешен остров Јордсанд е појужно, но потонал во 1999 година, оставајќи зад себе само песочен брег). Реме е поврзан со данското копно со пат преку насип и островот се наоѓат само 3 километри од германскиот остров Зилт, до кого има ферибот.[3] Има бројни мали населби како Конгсмарк, Естерби, Лаколк и Сендерстранд.

Исто така, постои и малиот остров Лангли, кој се наоѓа во Хо Бугт, северно од Есбјерг. Тој е најсеверен остров од целата група. Некогаш бил дел од полуостров, но копнената врска била прекината во плимна бура пред неколку векови. Оттогаш, се создал провлак на запад и сега го штити Лангли од уништувачката моќ на морето. Денес, островот е дом на научна станица, сместена во вила изградена во XX век. Има површина од 8 км2 и може да се дојде од копното пеш на лето.

Јордсанд и Коресанд се два песочни брега во данскиот дел на Ваденското Море. Јордсанд е поранешен халиг.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Den Store Danske: Amt
  2. „Nordfriisk Instituut: Map of the North Frisian settlement and language area“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2019-01-20.
  3. 3,0 3,1 3,2 "Cultural Entities (Denmark)Danish Wadden Sea Islands" Архивирано на 1 март 2012 г.. Lancewad Plan. Retrieved 9 December 2010.

Надворешни врски уреди