Вик на Фер (германски: Wyk auf Föhr; фериншки: Wik, a Wik или Bi a Wik; дански: Vyk på Før) — единствен град на островот Фер, втор најголем на Севернофризиските Острови на германскиот брег во Северното Море. Како и целиот остров, и градот припаѓа на округот Северна Фризија, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Вик се дели на два окрузи Болдиксум и Зидштранд.

Вик на Фер
Шеталиштето крај плажата во Вик гледано од вода
Шеталиштето крај плажата во Вик гледано од вода
Шеталиштето крај плажата во Вик гледано од вода
Грб на Вик на Фер
Вик на Фер во рамките на Германија
Вик на Фер
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Северна Фризија
Месна заед. Фер-Амрум
Градоначалник Паул Рафелхишен
Основни податоци
Површина 8 км2
Надм. височина 1 м
Население 4.380 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 548 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NF
Пошт. бр. 25938
Повик. бр. 04681
Портал www.wyk.de
Местоположба на градот Вик на Фер во рамките на округот Северна Фризија
Карта
Карта
Координати 54°42′N 8°34′E / 54.700° СГШ; 8.567° ИГД / 54.700; 8.567

Градот претставува административно седиште на општинската заедница Фер-Амрум.

Географија

уреди

Вик се наоѓа на југоисточниот крај на островот. Во градот живеат околу 4.500 жители, но во текот на туристичката сезона населението достигнува 20.000 или повеќе луѓе кои престојуваат во градот. Служи како регионално средиште за островите Фер и Амрум, обезбедувајќи продавници, здравствени установи, пошта и други институции. Главен извор на приходи на Вик е туризмот.

Соседни општини

уреди

Вик се граничи со обете општини Вриксум и Ниблум.

Историја

уреди

Во 1704 година, Вик добил права на морско пристаниште, а две години подоцна и права на град. Во 1819 година била основана морска бања, прва од таков вид во Шлезвиг-Холштајн.

Така, покраината започнала да се изедначува со балтичкиот дел (Хајлигендам, 1794 и источнофризиската област (Нордернај, 1794). Во првата година дошле 61 посетител, а во 1802 година 102, но од 1840 година бројките надминувале 200. Од 1842 до 1847 година, данскиот крал Кристијан VIII го одбрал Вик како негова летна резиденција, што привлекло нови туристи. Во 1844 година, Ханс Кристијан Андерсен го следел кралот до Вик и е позната неговата изрека за плажата на Вик: „Се бањав секој ден и морам да кажам дека тоа беше најубавата вода, во која некогаш сум бил“. Но, Андерсен исто така дал критика за проблемите околу неговото патување. На пример, од Хамбург по пат, на посетител му требале четири дена за да стигне до Фер, а со брод преку Хелголанд, би му требале само два дена, но со вклучена опасност од болест.

 
Бањски кочии во Вик околу 1895 година.

Во 1910 година, Вик добил целосни градски права, а во 1924 година Болдиксум се приклучил на градот.

За време на Кристалната ноќ во ноември 1938 година имало нереди на еврејски семејства и децата од еврејските детски домови и Евреите морале да го напуштат островот.[2][3] Кратко пред завршувањето на војната во 1945 година, инженерската школа за воздушна техника се преселила во Вик. Таа продолжила со работа и по капитулацијата и била затворена во август 1945 година.

Од 1950 година Вик ја носела титулата „морска бања на Северното Море“.

Знаменитости

уреди
 
Црква Св. Никола во Вик

Во рамките на градот Вик, во округот Олхерн (Olhörn), постои помал светилник. Фризиските обичаи и историјата на Вик се прикажани во музејот д-р Карл Хеберлин, чиј влез е направен од две коски од кит.

Црквата Св. Никола е во романескнен стил, изградена во XIII век, која се наоѓа во округот Болдиксум. Поседува шаренолика и богато украсена внатрешност.

Во 1974 година била изградена католичката црква Св. Богородица на Ребелштиг.

Економија и инфраструктура

уреди

Туризам

уреди

Шеталиштето „Зандвал“ (Sandwall) во Вил не нуди само поглед на морето, туку и поглед на хализите, омилено од кралот Кристијан. Се вбројува помеѓу најубавите приморски шеталишта во Германија.

Не само поради високиот број на санаториуми и здравствени објекти, Вик е високо посетувана бања во текот на годината.

Во 2002 година, Вик припаѓал на десетте најважни туристички центри во Шлезвиг-Холштајн: 46.368 гости, 325 (0,7%) од нив од странство, со остварени 492.041 ноќевање. Градот има 4.733 кревети.

Во 2011 година бројот на ноќевања се искачил на околу 540.000, при што забележал благ пад.[4]

Сообраќај

уреди
 
Автомобилски и патнички ферибот го напушта Фер.

Вик е единствено пристаниште на Фер, обезбедувајќи фериботско пристаниште, рибарници и товарно пристаниште, како и марина. Од фериботското пристаниште испловуваат неколку фериботи на ден до пристаништето на копното, Дагебил, додека другите фериботи одат во спротивна насока до островот Амрум. Фериботите се управувани од Wyker Dampfschiffsreederei Föhr-Amrum GmbH чие седиште е во Вик. Покрај дневните фериботи, постојат бродски тури до хализите Лангенес и Хоге и во летната сезона, патнички фериботи до Хернум на Зилт.

До Вик може да се стигне и со мали авиони преку летaлиштето, а во летниот период постои дневен лет помеѓу Фер и Зилт. Автобуски линии ги поврзуваат селата на островот.

Образование

уреди

Вик поседува една гимназија, средно стручно училиште, основно училиште, специјално училиште и данско училиште. Воедно, во него се наоѓа и дисперзирани студии на Окружното музичко училиште.

Медиуми

уреди

Вик е седиште на редакцијата на дневниот весник „Дер Инзел-Боте“ (Der Insel-Bote).

Меѓународни односи

уреди

Збратимени градови

уреди

Вик на Фер е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе

уреди

Родени во Вик

уреди

Поврзани со Фер

уреди
  • Карл Хеберлин (1870–1954) — основач на фризискиот музеј во Вик и истражувач на фризиската историја; пионер во таласотерапијата
  • Stanfour — рок бенд

Почесни жители

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2022 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2023. (германски)
  2. Vortrag zur „Wyker Kristallnacht“ von Heinz Lorenzen Архивирано на 27 септември 2013 г. 22 февруари 2015 година.
  3. Vortrag zur „Zeit des Nationalsozialismus auf Föhr“ von Wilhelm Koops Архивирано на 27 септември 2013 г. 22 февруари 2015 година.
  4. Статистичка служба за Шлезвиг-Холштајн и Хамбург (PDF)

Надворешни врски

уреди