Тодор С. Аврамоски ( 1914 во Самоков, Порече10 ноември 1944 во Дечани, Косово и Метохија) — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија.[1]

Тодор Аврамоски
Роден 1914 година
Самоков, Порече
Починал 10 ноември 1944 година
Дечани, Косово и Метохија
Народност Македонец

Животопис

уреди

Бил роден во 1914 година во селото Самоков кај Македонски Брод. По занимање бил земјоделец. Доброволно пристапил кон Првата македонско косовска ударна бригада. Загинал во борбите против балистите кај Дечани на Косово, на 10 ноември 1944 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.249