Злата Димко Маџовска (1920 - ?) — била дел од Равногорското движење.

Животопис

уреди

Злата Димко Маџовска е родена во селото Самоков, Порече, на 26 или 27 декември 1920 година. Татко и се викал Димко, брат и Велимир живеел во Ропотово. Таа била партнерка на еден од водачите на Равногорското движење во Македонија, Миливоје Трбиќ. По уништувањето на четничкото движење во Македонија. Миливоје Трбиќ и Злата Маџовска се криеле илегално во селата Гостиражни, Рилево, Браилово, Зрзе, кај свои луѓе. За време додека се криел, Трбиќ имал план да побегне заедно со Маџовска во Грција, но до тоа не дошло, зошто во 1947 година, Маџовска и Трбиќ биле уапсени. Маџовска затворската казна ја издржувала во Скопје, додека Трбиќ добил смртна казна, и во септември 1947 бил стрелан.[1]

Наводи

уреди
  1. . Александар Симоновски, Миливој Трбиќ (1913 - 1947), ИНИ, Скопје 2018. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)