Сазан
Сазан (албански: Sazani; италијански: Saseno; латински: Saso; старогрчки: Σάσων) — остров во Средоземното Море во јужна Албанија. Тој е најголемиот остров во Албанија и стратешки сместен помеѓу Отрантската Врата и влезот во Валонскиот Залив, формирајќи ја границата меѓу Јадранското Море и Јонското Море. Островот има површина од 5,7 км2 со должина од 4,8 километри, ширина од 2 километри и 1,2 километри и крајбрежје од околу 15 километри[3].
Сазан Sazani | |
---|---|
населено место | |
Поглед кон пристаништето | |
Координати: 40°29′37″N 19°16′50″E / 40.49361° СГШ; 19.28056° ИГД | |
Земја | Албанија |
Област | Валона |
Општина | Валона |
Површина | |
• Вкупна | 5,7 км2 (22 ми2) |
Надм. вис. | 344 м |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Координати | 40°30′14.3″N 19°15′59.8″E / 40.503972° СГШ; 19.266611° ИГД |
---|---|
Прва изградба | 1871 (прв) |
Осветлување | 1920s (моментален) |
Облик на кулата | цилиндрична кула во прилог на објект на два спрата |
Висина | 11.9 метарs (39 ст)[1] |
Фокална висина | 157 метарs (515 ст)[1] |
Опсег | 14 nautical miles (26 kм; 16 ми)[1] |
Особености | Fl (4) W 15s.[1] |
Адмирален број | E3723 |
Број според НГА | 14328 |
ARLHS number | ALB-004[2] |
Покрај тоа што е најголемиот остров во Албанија, островот претставува и воена зона. Понекогаш во јасни временски услови може да се види со голо око од брегот на Саленто, Италија на запад. Островот бил отворен за јавноста во јули 2015 година[4]. 2.721,87 хектари на територијата на морското подрачје на островот станало дел од морскиот парк Карабурун-Сазан во 2010 година[5].
Историја
уредиОстровот бил познат како Сасон (старогрчки: Σάσων) во антиката и бил спомнат од Полибиј во воена експедиција што се случила во 215 п.н.е. Бил дел од римските и византиските провинции, но бил освоен од Неапол во 1279 година, па го поседувале албанските лордови во 14 век, често под заштита на Венеција. Отоманските Турци го освоиле во околу 1400 година, но островот им припаѓал на Венецијанците до 1696 година. Во 1815 година островите во Јонско Море биле дадени на Британија како автономна република под британска заштита[6].
Во 1864 година островот бил отстапен во Грција со остатокот од Јонските Острови како дел од Диапонтиските Острови и островот де факто имал османлиска контрола. Во текот на Првата балканска војна во 1912 година грчките сили го освоиле островот. По завршувањето на Втората балканска војна во 1913 година, Италија и Австроунгарија вршеле притисок Грција да го евакуира јужниот дел на денешна Албанија[7].
Италија за возврат го окупирала островот на 30 октомври 1914 година и основала воен командант на островот. Ова подоцна било ратификувано на 26 април 1915 година со тајниот Договор од Лондон. По Првата светска војна, Албанија формално го отстапила островот на Италија на 2 септември 1920 година, како дел од албанско-италијанскиот протокол. Островот бил дел од Италија од 1920 до Втората светска војна, административно дел од Лагоста, во внатрешноста на италијанската провинција Зара. Во тие години италијанските власти изградиле светилник и некои поморски утврдувања и го населиле островот со неколку семејства на рибари кои се преселиле од Апулија[8]. Островот бил обединет со Италијанската управа на Далмација во 1941 година за време на Втората светска војна а по крајот на војната бил вклучен кон Албанија. За време на Студената војна меѓу Советскиот Сојуз и Соединетите Американски Држави, Албанија многу се потпирала на Советскиот Сојуз. Во тоа време, Советите изградиле бази на подморници и фабрика за хемиско и биолошко оружје на островот и околните области. По падот на комунизмот, четири подморници останале во Порто Палермо[9]. До ден-денес, многу маски за гас од советската ера сè уште се наоѓаат расфрлани низ долината на островот.
Островот денес е ненаселен, но постои мала италијанско-албанска поморска база, која главно се користи за да се спречи шверцот помеѓу јужна Италија и Албанија и како поле за обука на Кралската морнарица.[9][10] Во 2010 година, околните морски води на островот, како и оние на соседниот полуостров Карабурун, биле прогласени за Национален парк од страна на албанската влада.
Животна средина
уредиГеографија и клима
уредиСазан е најголемиот остров во земјата и најјужниот дел на Албанија. Тој е стратешки сместен на влезот на Валонскиот Залив, во источниот теснец на Отранто, одвојувајќи ја Италија од Албанија. Тој е исто така сместен во неформалната линија на Јадранското и Јонското Море внатре во Средоземното Море.
Островот е составен од карпи на варовник, и бил формиран за време на периодот креда, додека источниот дел е делумно составен од клистогенски депозити[11]. Островот има четири врвови, од кој највисокиот е 344 метри надморска височина, по што следат два врвови во центарот на островот од 331 м и 307 метри, и најнискиот од 228 метри кој се наоѓа во јужниот дел на островот. Островот има брег од околу 15 километри, кој брег се одликува со песочни плажи, карпи и подводна фауна. По должината на западниот брег карпите се спуштаат до 40 метри под водата.
Островот има невообичаена клима во Албанија, поради својата поморска локација. Климата не е средоземна, туку суптропска поради неговите топли зими и жешки лета. Климата и растителноста личат на оние на југ од Крит во Грција, Тунис, па дури и делови од Египет. Флората е различна од онаа на остатокот од Албанија по тоа што е суптропска. Едно мало торнадо било забележано по должината на крајбрежјето во август 2002 година[12]
Климатски податоци за Сазан (1991-2010) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 16.3 (61.3) |
17.5 (63.5) |
18.6 (65.5) |
20.1 (68.2) |
22.9 (73.2) |
25.6 (78.1) |
28.4 (83.1) |
28.4 (83.1) |
25.8 (78.4) |
23.4 (74.1) |
19.6 (67.3) |
17.4 (63.3) |
22 (71.59) |
Прос. ниска °C (°F) | 10.2 (50.4) |
10.5 (50.9) |
11.7 (53.1) |
13.3 (55.9) |
16.4 (61.5) |
21.3 (70.3) |
23.7 (74.7) |
23.4 (74.1) |
21.2 (70.2) |
16.5 (61.7) |
13.1 (55.6) |
11.1 (52) |
16.03 (60.87) |
Прос. бр. врнежливи денови | 10 | 9 | 7 | 6 | 4 | 3 | 1 | 2 | 4 | 7 | 10 | 11 | 74 |
Извор: METEOALB Weather Station |
Флора и фауна
уредиБиогеографски, островот Сазан спаѓа во илирските листопадни шуми, копнениот екорегион на шумите во Палеарктик, со средоземна растителност. Поради комбинацијата на јужната географска ширина и големата надморска височина, како и варијациите на климата, геолошките и хидролошките услови придонеле за формирање на единствена флора во внатрешноста на островот.
Разновидноста на флората и растителноста може да се објасни со нејзината стратешка положба меѓу западното и источното Средоземно Море[13]. Островот е дом на 435 видови од васкуларни растенија, или 8,2% од целокупната васкуларна флора во Албанија. Постојат ендемски (Limonium anfractum) и 3 субендемски (Centaurea pawlowski, Scutellaria rupestris и Verbascum guicciardini) растенија. Различните релјефи создаваат различни еколошки средини за растенијата, понатаму диверзифицирани од доминантните видови на карпи кои формираат варовнички терен на територијата на паркот. Карпестите брегови и карпите на варовник на јужните делови на Сазан се дом на бројни халофилски видови,. Шумите на Сазан главно се состојат од грмушки, дабови шуми, листопадни шуми и,.т.н.[13]
Поради својата специфична топографија, климатски, хидролошки и геолошки услови, островот се одликува со уникатна растителност и биоразновидност. Фауната е претставена од 15 видови цицачи, 39 видови птици[15], 8 видови влекачи, 1 вид на амфибија и 122 видови на безрбетници[14]. Во прилог на 15 видови на цицачи, 8 од нив се лилјаци. Видови птици кои се среќаваат на островот се гулаби, грабливи птици итн.
Постојат 122 идентификувани видови, вклучувајќи 113 инсекти, но нивниот вистински број се проценува дека е повисок. Меѓу инсектите се 40 бубачки, 16 пеперутки, 22 хетероперии, 20 ортоптери, 5 видори и 10 хименоперии.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Предлошка:Cite ngall
- ↑ „Albania“. The Lighthouse Directory. University of North Carolina at Chapel Hill. Архивирано од изворникот на 2018-03-15. Посетено на 6 April 2017.
- ↑ Agjencia Kombëtare e Bregdetit. „MANAGEMENT PLAN FOR SAZANI ISLAND, ALBANIA“ (PDF). bregdeti.gov.al (англиски). стр. 9. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-08-20. Посетено на 2018-12-03.
- ↑ „FOTOLAJM/ Anija e parë turistike me 119 turistë mbërriti në Sazan“. 26 July 2015. Посетено на 2 July 2016.
- ↑ „Management Plan for National Marine Park Karaburun-Sazan“ (PDF). mcpa.iwlearn.org (англиски). стр. 10.
The total area of National Park Karaburun-Sazan is 12,570.82 ha, with marine area near Karaburuni having 9,848.95 ha and marine area near Sazani island having 2,721.87 ha.
- ↑ Sk (24 March 2009). „The island of Sazan (Saseno, Σασων)“. pyrroulas. Посетено на 2 July 2016.
- ↑ „Νήσος Σάσων: Πώς παραχωρήθηκε στην Αλβανία με Νόμο“.
- ↑ Olinto Mileta. Popolazioni dell'Istria, Fiume, Zara e Dalmazia 1850-2002. ediz. A.D.E.S. Trieste, 2005
- ↑ 9,0 9,1 Ryan (March 15, 2015). „Take a Look Inside These Abandoned Submarines & Bases“. History in Orbit website. стр. 38. Архивирано од изворникот на 2019-02-11. Посетено на July 6, 2018.
- ↑ Cooperation between Italy and Albania (in Italian) Архивирано на 6 март 2012 г.
- ↑ Agjencia Kombëtare e Bregdetit. „MANAGEMENT PLAN FOR SAZANI ISLAND, ALBANIA“ (PDF). bregdeti.gov.al (англиски). стр. 18. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-08-20. Посетено на 2018-12-03.
- ↑ http://www.tornadoit.org/lefoto28.htm Trombe marine e tornado sull'isola di Saseno (Albania) nell'agosto 2002, Tornadoit.org
- ↑ 13,0 13,1 13,2 Agjencia Kombëtare e Bregdetit. „MANAGEMENT PLAN FOR SAZANI ISLAND, ALBANIA“ (PDF). bregdeti.gov.al (англиски). стр. 21–26. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-08-20. Посетено на 2018-12-03.
- ↑ 14,0 14,1 Agjencia Kombëtare e Bregdetit. „MANAGEMENT PLAN FOR SAZANI ISLAND, ALBANIA“ (PDF). bregdeti.gov.al (англиски). стр. 27–35. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-08-20. Посетено на 2018-12-03.
- ↑ Euronatur. „ADRIATIC FLYWAY - BIRD CONSERVATION ON THE BALKANS“ (PDF). euronatur.org (англиски). стр. 107–118. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-05-16. Посетено на 2018-12-03.
Надворешни врски
уреди„Сазан“ на Ризницата ? |