Валонски Залив
Валонски Залив (албански: Gjiri i Vlorës — залив во Јадранското Море југпозападна Албанија. Отворен е кон морето на северозапад, а претежно ограден со лагуната Нарта на север; на североисток е градот Валона, а на исток и југоисток се планините на венецот Канали, додека на југозапад и запад се полуостровот Карабурун и островот Сажен.
Валонски Залив Gjiri i Vlorës | |
---|---|
Валонскиот Залив на карта | |
Подрачје | Балкан |
Координати | 40°27′0″N 19°24′0″E / 40.45000° СГШ; 19.40000° ИГД |
Океански/морски извори | Јадранско Море, Јонско Море |
Сливни земји | Албанија |
Најг. должина | 10 км |
Површина | 250 км2 |
Прос. длабочина | 25 м |
Заливот е прогласен за подрачје од важност за птичјиот и растителниот свет поради исклучителните услови и големата разновидност на птици и растенија.[1][2] Морскиот парк Карабурун-Зажен, каде се среќаваат Јадранското и Јонското Море, го зафаќа западниот брег на заливот и има мошне ридест и нерамен терен.[3]
Историја
уредиЗаливот бил важно место во антиката, и во него се одиграле некои од битките на Јулиј Цезар. Според едно предание, во Балонскиот Залив се потонати 18 брода со трговски стоки. Во последно време морепловниот факултет на Валонскиот универзитет се претежно се занимава со изучување на заливот.[4] На југозападниот крај на заливот е морнаричката база „Пашалиман“, каде имало пристаниште уште во стариот век, а градот се нарекувал Орик. Во Студената војна извесно време служело како советска база — единствената во Средоземното Море.
|
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ BirdLife International. „Vlora Bay, Karaburun Peninsula and Cika mountain“. datazone.birdlife.org (англиски). стр. 1.
- ↑ МСЗП, Светски фонд за природа, Plantlife. „Важни растителни подрачја во јужното и источното Средоземје“ (PDF). portals.iucn.org (англиски). стр. 75.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) (англиски)
- ↑ „Management Plan for National Marine Park Karaburun-Sazan“ (PDF). mcpa.iwlearn.org (англиски). стр. 10.
- ↑ „UNIVERSITETI I VLORES 'Ismail Qemali' – Virtus Scientia Veritas“. Univlora.edu.al. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-02-03. Посетено на 2013-04-22.
Надворешни врски
уреди- Валонски Залив на Ризницата ?