Римска религија

(Пренасочено од Римска релегија)

Римската религија била комбинација од неколку различни култови и практикувала неколку вида на обичаи. Римјаните првобитно ја следеле руралната анимистичка традиција, во која многу разни духови биле одговорни за разни сфери на живеењето, како да речеме орање. Раните римјани овие богови ги нарекувале нумени. Друг аспект на ова анимистичко верување било обожувањето на предците, со тоа што секое семејство ги обожувало своите предци со сопствени обреди.

Римската религија била главно заснована на грчката и етрурската митологија. Таа прифатила и стотици други религии, содзавајќи богата и комплексна митологија.

Најпосле, христијанството го заменило постариот пантеон како државна религија на Рим, и римската религија избледела, иако многу аспекти од нејзината хиерархија останале во христијанскиот ритуал и во западните традиции.

Раноримски култ

уреди

Римската култура и религија се развиле во контест на етрурската митологија. Архаичната римска „митологија“, барем што се однесува до боговите, не била сочинета од приказни, туку од комплексна корелација помеќу боговите и луѓето. За разлика од старогрчката митологија боговите не биле персонифицирани. Римјаните исто така верувале дека секој човек, место или нешто има свој гениј (како домашните духови или „Ларес Фамилијарес“ кои биле семејни духови-заштитници). Затоа, раноримскиот култ може да се каже дека бил колку полидемонизам толку и политеизам.

Според германскиот историчар Георг Висова римјаните разликувале две класи на богови: di indigetes и de novensides или novensiles. Indigetes биле поранешните богови на римската држава (видете Список на Ди Индигетес). Novensides биле подоцнежните богови чии култови биле донесени подоцна, обично како одговор на извесна криза или потреба.

На врвот на најраниот пантеон била тријадата составена од Јупитер, Марс и Квирин. Нивните свештеници, или фламени, биле по ранг погоре од другите. Подоцна оваа тројка била надмината од Капитолската Тријада, Јупитер, Јунона и Минерва.

Во раната историја на Римската република биле увезени странски богови, особено од Грција, кои извршиле големо културно влијание врз римјаните. Покрај ова, римјаните ги поврзувале нивните домашни божества со грчките богови и божици.

По облик, ритуалите се состоеле главно од либации и жртвувања, од кои најраскошните биле Суоветаурилиите.

Религијата за време на Римската република

уреди

За време на Римската република, постоел строг систем на свештенички функции под водство на Колегијатот на Понтифите, на чие чело стоел Понтифекс максимус кој бил главата на религијата. Фламените се грижеле за култовите кон разните богови, додека авгурите биле оние кои ги гледале предзнаците. Жртвениот крал, (rex sacrorum) ја играл религиозната улога која порано ја имале кралевите.

Како што римјаните сè повеќе контактирале со грците, влијанието на грчката леригија пончнало сè повеќе да се чувствува. Старите римски богови се поистоветувале, а некогаш и синкретизирале со грчки богови. Така Јупитер бил сметан за исто што и Зевс. Марс за Арес и Нептун за Посејдон. Се разбира, вистината е дека Јупитер имал изразени италски особини кои Зевс ги немал, и Јунона ја задржала нејзината етрурска воздржаност исто толку колку што примила од Хера. Грешка е да се мисли дека римските богови тотално се асимилирале со грчките, иако тие навистина биле поврзувани со нив.

Пренесувањето на антропоморфните особини од грчките на римските богови, и распространетоста на грчката филозофија меѓу образуваните римјани, донеле сè поголемо запоставување на старите обичаи. Во 1 век п.н.е. религиозната важност на старите свештенички функции рапидно се намалила, иако нивното граѓанско и политичко значење останало големо. Римската религија за време на царството имала тенденција да се концентрира на царската власт; неколку императори биле зодигнати до степен на божество по нивната смрт.

Промени за време на Римското Царство

уреди

За време на царството религијата во Рим еволуирала на многу начини. Мноштво странски култови добиле на популарност, како на пример обожувањето на египетската божица Изида и персискиот бог Митра. Важноста на царскиот култ постојано се зголемувала, достигнувајќи го својот зенит за време на третиот век. Исто така, христијанството почнало да се шири низ царството, нагло забрзувајќи се во вториот век. И покрај прогонствата, христијанството постојано добивало свои следбеници. За време на Константин I тоа станува официјална религија. Во 391 сите култови освен христијанството биле забранети со закон од царот Теодосиј I. Меѓутоа, дури и во четвртиот и петтиот век, римското паганство успеало добро да се одржи. Храмовите биле сѐ уште посетувани често, и така старите верувања и обичаи продолжиле да живеат.

Царски култ

уреди
Главна статија: Царски култ

Бжественоста на царот и култот околу него биле важен дел од римската религија. Во напорите да се зајакне политичката лојалност кај народот, царевите ги повикувале граѓаните да учествуваат во обожувањето на императорите како божества. Царевите Октавијан Август, Клавдиј, Веспазијан и Тит биле воздигнати на ниво на божества, и по владеењето на Марко Кокцеј Нерва, ретко кој цар не бил воздигнат на овој начин.

Религијата во царството сè повеќе се концентрирала на царскиот дом. Особено во источната половина на царството, царскиот култ бил многу популарен, и клутниот комлекс станал средиште на граѓанскиот живот во римските градови. Како таков, тој бил еден од главните агенти на романизацијата. Централните елементи во царскиот култ биле до храмот 1)театарот или амфитеатарот за гладијаторски паради и игри 2) јавни бањи и здравствени установи. Понекогаш царскиот култ бил додаван кон култовите на други храмови или бил прославуван во специјални хали во бањските комплекси.

Докази за важноста на царскиот култ се Достигнувањата на божествениот август (Res Gestae Divi Augusti) во Рим напишан на два големи бронзени столба, римски моменти каде царот е прикажан со ореол или нимб над главата и написи на храмови како "Божествен август цезар, ин божји, император на целата земја и сите мориња..." (натпис на римски храм во Мира, Ликија).

Верски обичаи

уреди

Пред надоаѓањето на христијанството кај речиси сите култови ортопраксата (правење на правилни нешта), била поважна од ортодоксијата (правилно верување). Ова било случај и со римската религија. Религиозните обичаи биле составен дел од секојдневниот живот.

  • жртвување/гозби
  • годишни свештенства
  • поворки
  • пророчиштата
  • посветени натписи
  • календар

Фестивали

уреди

Римскиот религиозен календар ја рефлектира римската гостопримливост за сите култови од освоените земји. Римските религиозни фестивали познати од старите времиња биле малку по број. Меѓутоа некои од најстарите останале сè до самиот крај на паганството, зачувувајкќи ги спомените од плодноста и обредите на примитивните земјоделци. Меѓутоа биле воведени нови фестивали, за да се одбележи натурализацијата на новите божества. По некое време имало повеќе празници отколку работни денови. Во поважните фестивали се вбројувале Сатурналиите, Луперкалиите, Еквириите и Секуларните игри.

За време на царството Сатурналиите се прославувале седум дена, од 17 декември до 23 декември, за кое време се појавувала зимската сончева пресвртница. За тоа време не се работело, на робовите им била дадена привремена слобода, луѓето си разменувале подароци и насекаде се чувствувала веселба. Луперкалиите бил стар фестивал, првобитно во чест на Луперк, пасторален бог на италијаните. Фестивалот се празнувал на 15 февруари кај пештерата на Лулеркал на Палатинското брдо, каде легендарните основоположници на Рим, Ромул и Рем, според преданијата биле доени од волчицата. Меѓу римските легенди поврзани со нив е легендата за Фаустул, овчарот кој се верува дека ги пронашол двете деца во дувлото на волкот и ги однел дома, каде нив ги изгледала неговата жена Ака Ларенција. Видете: Основање на Рим.

Еквириите, фестивал во чест на Марс, се празнувал на 27 февруари и 14 март, традиционално времето од годината кога се спремале воени походи. Меѓу другото, важно одбележје на овој празник биле коњичките трки на Марсовото поле.

Секуларните игри, кои се состоеле од атлетски спектакли и жртвувања, се одржувале во нередовни интервали, традиционално еднаш на околу еден век, за да се одбележи почетокот на новиот saeculum, или „ера“. Тие по правило требале да се одржуваат по смртта на последниот посетител на минатите Секуларни игри, така симболично одбележувајќи ја ерата. Оваа традиција, која често била запоставуваназ, оживеала во спектаклот на Октавијан Август. Поетот Хорациј исто така им оддава почит на овие игри во неговите оди.

Жртвување на луѓе

уреди

Римјаните имале стара традиција за човечки жртвувања. Робови, воени заробеници и други биле закопувани живи за да се смират маните и мојрите по дизвесни околности. За време на републиката човечкото жртвување станало поретко, но сѐ уште се случувало - обично во времиња на екстремна опасност. По катастрофалниот пораз на Битката кај Кана, машки и женски парови од грчки и галски робови биле закопани живи за да ги помират лутите богови. Ова исто така се случило и во 228 и 113 п.н.е.

Поврзано

уреди
Серијал Римска религија
Функции
Авгур | Фламен | Харуспекс | Понтифекс Максимус | Рекс Неморензис | Жртвен крал | Весталка
Верувања и обичаи
Апотеоза | Фестивали | Погреби | Царски култ | Митологија | Прогонство | Сибилински книги | Храм