Авгур
Авгур (латински: augur) — староримски жрец; птицогаталец, кој предвидува главно преку летот и крикот на птиците (лат. auspicium), како и со одредени небесни појави (облаци, молњи, грмотевици итн.) дали државните зафати ќе бидат одобрени од боговите. На почетокот во Стариот Рим имало 3, потоа 9 авгури, по владеењето на Сула — 15, а по Јулиј Цезар — 16. Нивната првобитна работа била да се молат на боговите за добра жетва и благосостојба на империјата (лат. inaugurare). Носеле закривен стап (lituus) како знак. Зборот авгур се користи и како синоним за гаталец, пророк или личност што ја знае иднината. И изразот „авгуриска насмевка“ има такво преносно значење.[1][2]
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Авгур“ на Ризницата ? |
- article Augurium in Smith's Dictionary of Greek and Roman Antiquities
- Wissowa, Augures in Paulys Realencyclopaedie der Classischen Altertumswissenschaften vol. II (trans. into English)
- Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica. 2 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 903–904.