Обичен елен
Обичен елен | |
---|---|
Мажјак | |
Женка (кошута) | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Парнокопитни |
Подред: | Преживари |
Семејство: | Елени |
Потсемејство: | Елени |
Род: | Елен |
Вид: | Обичен елен |
Научен назив | |
Cervus elaphus Linnaeus, 1758 | |
Подвидови | |
| |
Некогашна (светлозелено) и денешна (темнозелена) распространетост на обичниот елен |
Обичен елен, наречен и благороден елен, ридски елен или црвен елен (науч. Cervus elaphus) — еден од најголеимте видови од родот на елените (Cervidae). Живее ширум Европа, Кавказ, Мала Азија, Иран, делови од западна и средна Азија. Присутен е и во пределите на венецот Атлас, помеѓу Мароко и Тунис во северозападна Африка, како единствениот вид елен на тој континент. Доведен е и во други краишта, како Австралија, Нов Зеланд, Перу, Уругвај, Чиле и Аргентина.[2][3] Во многу делови од светот, животното се одгледува заради месото (често неисправно наречено „срнешко месо“).
Во Македонија, обичниот елен некогаш бил автохтон на ридските и планинските предели (оттаму и се нарекува „ридски елен“), но постепено исчезнал на највеќето места. Денес е повратен на повеќе места, особено националните паркови и ловните резервати. Покрај ова, примероци од животното можат да се видат во скопската и битолската зоолошка градина.
Животното спаѓа во подредот преживари и има четириделен желудник. Генетските наоди укажуваат на тоа дека обичниот елен всушност претставува видова група (комплекс) наместо единствен вид, иако останува да се види колку вида спаѓаат во истата.[4][5] Сродниот американски лос (вапити) од северна Америка и источна Азија традиционално се смета за подвид на обичниот елен, но поновите истражувања го одвојуваат како посебен вид. Веројатно предеокот на сите црвени елени (вклучувајќи го американскиот лос) потекнува од средна Азија и наликувал на дамчестиот елен (сика).[6]
Иако некогаш обичниот елен бил редок во Европа, никогаш не бил близу изумирање. Денес таму е многу поброен поради напорите за негов повраток и заштита на животната средина, додека пак во други краишта како Северна Африка неговата бројност продолжува да опаѓа.
Изглед
уредиПодвидовите на обичниот елен се со различна големина. На пример, поголемите единки на каспискиот елен (марал) и американскиот лос (вапити) тежат преку 300 кг, долги се преку 2,5 м и високи 130-160 см. Од друга страна, помалиот бухарски (бактриски) елен тежи помалку од 100 кг, со тело долго помалку од 175-190 см. Меѓу одликите е и обликот на роговите. На пример, европскиот елен има повеќе разграноци, додека пак каспискиот нема круна, па затоа самиот рог е мошне масивен и има по 6-7 разграноци.
Распространетост
уредиОбичниот елен се среќава во југозападна Азија (Мала Азија и Кавказ), Северна Африка и Европа. Претставува најголемото диво животно што сè ште живее во Холандија, Велика Британија и Ирска.[7] Берберскиот елен (кој личи на западноевропскиот) е единствениот елен во Африка и е најгусто застапен во северозападниот дел на континентот, кај венецот Атлас,[8] односно во Мароко, Тунис и Алжир.[9]
Видот е доведен и во други краишта од светот, особено во Нов Зеланд и, во помала мера во Австралија. Луѓето го имаат доведено и во поеќе јужноамерикански земји.
Во Македонија
уредиВо Македонија, обичниот елен некогаш бил распространет по ридско-планинските краишта, но подоцна исчезнал. Денес е рекламиран на повеќе места како резерватот „Јасен“, националните паркови „Маврово“ и „Пелистер“, како и во ловиштата „Кадина Река“ и „Пониква“. Според податоци од 2006 г., обичниот елен се одгледува на површина од 30.000 хектари, а бројната состојба е околу 300 грла.[10]
Во Македонија еленот е дивеч под заштита за кој е утврден ловостој од 1 февруари до 31 август[11].
Подвидoви
уредиСпоред поновите сознанија, разликуваме околу 18 подвида на овој елен, иако точниот број сè уште не е доистражен поради сличностите, според кои извесни подвидови може да се истоветни еден на друг. На следнава табела се прикажани најзастапените девет подвида:
Назив | Научно | Статус | Изворно живеалиште |
---|---|---|---|
западноевропски елен |
C. e. elaphus | Западна Европа | |
ридски / средноевропски елен |
C. e. hippelaphus | Средна Европа, Балкан (вкл. Македонија) | |
марал/ касписки елен |
C. e. maral | Мала Азија, Крим, Кавказ, северозападен Иран | |
шкотски елен |
C. e. scoticus | Шкотска, Англија | |
пиринејски елен |
C. e. hispanicus[12] | Пиринејски Полуостров | |
корзикански елен |
C. e. corsicanus | речиси загрозен (NT)[13] | Корзика, Сардинија;[14] |
бухарски / бактриски елен |
C. e. bactrianus | ранлив (D1) | Авганистан, Казахстан, Туркменистан, Узбекистан, Таџикистан |
јаркандски елен | C. e. yarkandensis | загрозен (A1a) | Синѓанг (Кина) |
берберски елен |
C. e. barbarus | речиси загрозен | Алжир, Тунис, Мароко |
Исхрана
уредиИсхраната на обичниот елен е мошне разновидна. Најзастапени во исхраната се тревестите и бобовите растенија. Напролет,елените јадат растенија богати со белковини и витамини за да ја надоместат оскудицата во текот на зимата. Зиме, ако снегот не е длабок, ја користат можноста да дојдат до листови паднати од дрвата во есен, разни стеблена и кора од грмушки. Јадат и гранчиња од борови и смрча, а од голема помош во студениот период се желадите кои ги наоѓаат под снегот. Јаде и костени, секакви оревести плодови, семиња од многу видови растенија, како и печурки, лишаи, плодови и бобинки . Исхраната може да е менува во зависност од тоа каков бил родот минатата година. Покрај храната, имаат потреба и од сол солени камења. Недостатокот на минерали во организмот го надоместуваат со лижење на камења, џвакање на грутки и пиење од минерални извори. Не се хранат на силна сончевина, туку лежат во сенка, а пасат наутро и на квечерина. Кога им е топло, се разладуваат во реките, каде знаат да проведат добар дел од денот.
Поведение
уредиВозрасниот мажјак ја проведува речиси целата година во исклучиво машка група. Кога ќе дојде сезоната на парење, полово зрелите мажјаци почнуваат да се натпреваруваат за вниманието на женките и потоа се обидуваат да ги одбранат женките што ќе ги привлечат. Соперниците одат напоредно на предизвиканите и си ги одмеруваат роговите, телото и борбената способност. Ако ниеден од двајцата не се повлече, следува борба со роговите, која понекогаш завршува со значајни повреди.[8]
Доминантните мажјаци следат групи женки за време на сезоната, од август до почетокот на зимата. Еден мажјак може да има дури до 20 женки кои ги штити од други, помалку привлечни мажјаци.[15] Овие групи (наречени хареми) ги водат само возрасните мажјаци, и мажјакот е најуспешен во парењето на возраст од 8 години. Оние на возраст од 2-4 години ретко имаат свои хареми, и ја проведуваат сезоната за парење во надворешните делови на поголемите хареми, а истото важи и за мажјаците стари преку 11 години. Помладите и постарите мажјаци што успеваат да направата харем го водат подоцна во сезоната отколку што тоа го прават мажјаците кои се на „подобни“ години. Кога го води харемот, мажјакот ретко јаде и губи до 20% од телесната тежина.[8]
Мажјаците на обичниот елен во сезоната на парење се огласуваат со карактеристичен рев, за разлика од мажјаците на американскиот лос, кои се огласуваат со трубечки глас, погоден на отворените предели во кои живеат. Огласувањето на мажјакот служи да ги држи женките заедно. Од своја страна пак, женките првично се привлекуваат кон мажјаците со најчест и најгласен ред. Истото огласување се слуша и во натпреварот за женки помеѓу мажјаците заедно со поставување на телото и борбите со рогови.[16] Викот е најчест на изгрејсонце и на залез, кога е впрочем и најактивен самиот елен.
Парење, бременост и животен век
уредиМажјакот по правило прави дузина обиди за парење пред да наиде на успех. ТОј се пари со една женка повеќекратно, пред да прејде на друга во неговиот харем. За време на втората есен од животот, женките раѓаат по едно (или многу ретко по две) младенчиња годишно. Бременоста трае 240 до 262 дена, а новороденчето тежи околу 15 кг. По две недели, младото се оспособува да му се придружи на стадото, а по два месеца сосема се одвикнува од цицање.[17] Како и кај многу други видови елени, младенчињата по телото имаат дамки кои ги губат на крајот од летото. Сепак, некои возрасни единки задржуваат по неколку дамки на летното крзно.[6] Младото останува со мајката речиси цела година и ја напушта кога ќе дојде време да се роди следното поколение.[16] Периодот на бременост е ист кај сите подвидови.
Обичниот елен живее преку 20 години во заробеништво, а 10 до 13 години во дивина, зависно од степенот на опасност од грабливци. Некои подвидови со помалку непријатели во дивината живеат просечно по 15 години.
Непријатели
уредиНајголем природен непријател на обичниот елен се волкот. По правило, сам возрасен елен не може да се справи со еден поголем грабливец, и за таа цел му помага стадото, кога е наоколу. Елените се штитат со копитата, а мажјаците и со роговите. Меѓу другите непријатели се вбројуваат тигарот, леопардот, рисот, лакомецот и мечката. Најчест плен се младите еленчиња и изнемоштените или болни единки.
Покрај ова, меѓу непријателите на еленот може да се смета и човекот. Ловот на обичниот елен во дивина е на многу места забранета, и се дозволува само во ловишта, под контролирани услови. Благодарение на усилбите на ентузијастите, бројноста постепено му се зголемува.
Наводи
уреди- ↑ „Cervus elaphus“. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 5 April 2009.
- ↑ Red Deer – South America | Online Record Book Preview. scirecordbook.org
- ↑ Red deer – Cervus elaphus Архивирано на 25 јануари 2020 г.. photoshelter.com
- ↑ doi:10.1080/03014223.1989.10422568
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно - ↑ doi:10.1093/jhered/ess085
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно - ↑ 6,0 6,1 Geist, Valerius (1998). Deer of the World: Their Evolution, Behavior, and Ecology. Mechanicsburg, Pa: Stackpole Books. ISBN 0-8117-0496-3.
- ↑ „The Ecology of Red Deer“. Deer-UK. Архивирано од изворникот на 2012-06-23. Посетено на 2006-10-02.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ 8,0 8,1 8,2 Walker, Mark. „The Red Deer Cervus elaphus“. World Deer Website. Архивирано од изворникот на 2008-02-12. Посетено на 2015-05-30.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Cervus elaphus ssp.barbarus“. International Union for Conservation of Nature and Natural Resources. Архивирано од изворникот 2007-06-30. Посетено на 2006-10-03.
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Дивеч: Распространетост и бројна состојба на главните ловно-стопански видови (2006)“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 460. Text "series " ignored (help)
- ↑ Закон за ловство Службен весник на Република Македонија бр. 26 2009
- ↑ PMID 19860987 (PubMed (англиски))
Citation will be completed automatically in a few minutes. Jump the queue or expand by hand - ↑ Kidjo, Nicolas; Feracci, Gérard; Bideau, Eric; Gonzalez, Georges; Mattéi, César; Marchand, Bernard; Aulagnier, Stéphane (2007). „Extirpation and reintroduction of the Corsican red deer Cervus elaphus corsicanus in Corsica“. Oryx. Cambridge University Press. 41 (41): 488–494. doi:10.1017/S0030605307012069.
- ↑ Hmwe, S.S.; Zachos, F.E.; Eckert, I.; Lorenzini, R.; Fico, R.; Hartl, G.B (2006). „Conservation genetics of the endangered red deer from Sardinia and Mesola with further remarks on the phylogeography of Cervus elaphus corsicanus“. Biological Journal of the Linnean Society 2006. 88 (88): 691–701. doi:10.1111/j.1095-8312.2006.00653.x.
- ↑ „Elk (Cervus elaphus)“. South Dakota Department of Game, Fish and Parks. Архивирано од изворникот на 2006-09-05. Посетено на 2006-10-03.
- ↑ 16,0 16,1 Thomas, Jack Ward; Dale Toweill (2002). Elk of North America, Ecology and Management. New York: HarperCollins. ISBN 1-58834-018-X.
- ↑ „Cervus elaphus“. Animal Diversity Web. University of Michigan, Museum of Zoology. Посетено на 2006-10-04.
Надворешни врски
уреди„Обичен елен“ на Ризницата ? |
- Обичен елен на Викивидовите ?
- „Обичен елен“ — Енциклопедија на живиот свет
- Обичен елен — Словопедија (руски)