Зоолошка градина Скопје
Зоолошката градина Скопје — зоолошка градина во Скопје, формирана во 1926 г. од страна на тричлена комисија со која раководел д-р Станко Караман[1]. Во истата 1926 година е предложено денешното место која во тоа време опфаќала 4 хектари површина, а градината располагала со скромен број на животни кои претежно биле добиени како подарок.
![]() | |
![]() Влезот на зоолошката градина | |
Отворена | 1926 |
---|---|
Место | Градски парк, Скопје, Македонија |
Површина | 12 ха |
Координати | 42°00′25″ N; 21°25′01″ E / 42.007078° СГШ; 21.41687° ИГДКоординати: 42°00′25″ N; 21°25′01″ E / 42.007078° СГШ; 21.41687° ИГД |
Бр. на животни | 500 |
Бр. на видови | 85 |
Мреж. место | zooskopje.com.mk |
Со решение на Градското собрание во 1965 година и со донесувањето на елаборатот во 1966 година за ново урбанистичко решение, Зоолошката градина Скопје го добива денешниот изглед. Денес, градината е сместена на површина од 12 ха и располага со 503 животни, од кои: 261 птица од 36 вида, 230 цицачи од 42 вида и 16 влекачи од 8 вида. Основни дејности на градината се: културна, образовна и научна, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност.
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Урошевиќ, Влада (1988). Скопски раскази. Мисла.
ГалеријаУреди
Надворешни врскиУреди
„Зоолошка градина Скопје“ на Ризницата ? |
- Страница на Скопската зоолошка градина (македонски)
Оваа поврзана со Скопје статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |