Бобинка

вид плод
(Пренасочено од Бобинки)

Бобинка е плод чиишто сите три слоја на перикарпот се сочни. Бобинки се плодовите на виновата лоза, рибизлата, доматот.

Плодовите на боровинката претставуваат бобинки.

Изменети бобинки уреди

Посебна форма на бобинка, хесперидиум, имаат плодовите на лимонот, портокалот, грејпфрутот и други растенија од фамилијата Rutaceae. Тиквата, дињата, лубеницата и други растенија од фамилијата Cucurbitaceae имаат плодови, тврди бобинки или пепо.