Република Дагестан (Руски: Респу́блика Дагеста́н), е една од републиките во составот на Руската федерација. Таа е најголема руска република во северниот Кавказ, како по површина така и по население.

Республика Дагестан
Република Дагестан
Знамето на Дагестан
Знамето на Дагестан
Грбот на Дагестан
Грбот на Дагестан
Знаме Грб
Положба во Русија
Положба во Русија
Држава: Русија
Федерален округ: Јужен
Површина: 50.300 км2
Население: 2.576.531 (2002.)
Главен град: Махачкала
Густина на население: 51 жит./км2
Мапа на Дагестан
Панорама на главниот град Махачкала
приказ на машка и женска носија

Зборот Дагестан или Дагстан доаѓа од туркискиот израз за земја планина. Дагестан има површина од 50.300 км2. Има 2.576.531 жител. Дагестан претставува многунационална средина.Службен јазик е рускиот, а се зборуваат преку 30 локални јазици.

Историја

уреди
 
5000 години старата тврдина Нарин Кала во градот Дербент

Најстарите записи зборуваат за држава на југот која се викала Кавкаска Албанија. Северните делови биле конфедерација на пагански племиња. Во првиот век после Хр. Кавкаска Албанија господарела со денешниот Азербејџан. Се бореле со Римјаните и Персијците и рано поминале во христијанство. Персиските Сасаниди во X век изградиле силна тврдина т.н. Касписка врата, а северниот дел на Дагестан го разрушиле Хуните, а после нив Аварите. Аварската држава постоела во Дагестан во сенката на Хазарија сè до деветтиот век. Арапите ги победиле Персијците во 7 век, па тогаш и Хазарите, така што исламот станал главна религија во градските центри. Аварската држава потполно ја снемало во 12 век, а албанското христијанство исчечнува до 15 век. За време на турското владеење на овој дел од казказот, а особено во Кавкаска Албанија, голем дел од автохтоното население е насилно иселувано, кое заедно со Курдите се населувани на Балканот. Овие Кавкаски Албанци се населувани во денешна Албанија и веднаш исламизирани.

Се воспоставиле муслимански држави зависни од Златната орда и Монголците. Монголците повеќепати извршиле разорни инвазии. Монголскиот авторитет со време станувал се послаб и послаб, а рускиот се зајакнувал. Петар Велики прв ги анектирал деловите на Дагестан. Со време Русија го запоседнала целиот Дагестан до почетокот на 19 век. Се појавиле бројни побуни на радикални муслиман во текот на првата половина од 19 век. Тоа биле побуните на Гази Мухамед (1828-1832), Гамзар-бег (1832-1834) и Шамил (1834-1859). Кавкаската војна траела до 1864, а тогаш Шамил е конечно фатен. Дагестан и Чеченија повторно и се побунија на Русија во текот на руско-турската војна 1877.-1878. Побуната повторно е скршена. Во текот на 1999 група муслимански фундаменталисти предводени од Шамил Басаев се побуни против Русија. Во тек на побуната имаше стотици мртви борци и цивили. Таа побуна ја наведе Русија да изврши инвазија на Чеченија истата година.

Народи и религија

уреди
Народ Бр.во 2002 во илјади.

(* Архивирано на 26 јануари 2012 г.)

Авари 758,4 (29,4 %)
Андијци 21,3
Дидојци 15,2
Ахвахци 6,4
Бежтинци 6,2
Каратинци 6,0
Даргинци 425,5 (16,5 %)
Кумики 365,8 (14,2 %)
Лезгини 336,7 (13,1 %)
Лаки (народ) 139,7 (5,4 %)
Руси 120,9 (4,7 %)
Азербејџанци 111,7 (4,3 %)
Табасарани 110,2 (4,3 %)
Чеченци 87,9 (3,4 %)
Ногајци 38,2 (1,5 %)
Рутулци 24,3 (0,9 %)
Агули 23,3 (0,9 %)
Цахури 8,2
Ерменци 5,7
Татари 4,7
Украинци 2,9
Евреи 1,5
Горски Евреи 1,1
не се прикажани народи кои ги има помалку од 1000

Топонимија

уреди

Зборот Дагестан има турско и персиско потекло. Турскиот збор dağ значи планина, а персиската наставка -стан значи „земја“. Некои делови на Дагестан биле познати како Кавкаска Албанија, Кавкаски Авари, Лезгистан и понекогаш Тарков.

Помеѓу 1860 и 1920,под Дагестан се подразбирала Дагестанската Област,која се поистоветува со денешниот кугоисточен дел на државата.Сегашните граници биле утврдени со помош на Дагестанската Автономна Советска Социјалистичка Република во 1921 година.

Имиња на Дагестан

уреди

Службени јазици

уреди

Географија

уреди

Дагестан се наоѓа на планините во јужен Кавказ.Територијата е најјужен дел на Русија и е на источната страна на Каспиското Езеро.Зафаќа површина од 50,300 км2.

Дагестан се граничи со Азербејџан и со Грузија.

Највисоката точка се наоѓа на планината Базардузу на надморска височина од 4,446 метри.

 
Дагестан, 1818–1826

Најголемата оддалеченост од југ до север е 400 километри.

Најголемата оддалеченост од исток до запад е 200 километри.

Реки

уреди

Низ Дагестан поминуваат повеќе од 1,800 реки. Попознати реки се : Сулак, Самур и Терек.

Езера

уреди

Дагестан има околу 405 километри долго крајбрежје на Каспиското Езеро.

Природни извори

уреди

Дагестан е богат со нафта,природен гас,јаглен и други значајни минерали.Планини во Дагестан

 
Планини во Дагестан

Клима

уреди

Преку лето во Дагестан е топло и суво,а зимите се сурови во планинските предели.Просечната температура во јануари е +2 °C (36 °F).Просечната температура во јули изнесува +26 °C (79 °F).