Ногајски јазик (ногай тили) — туркиски јазик зборуван во југозападна Русија. Јазикот има три различни дијалекти и тоа: караногајски што се зборува во Дагестан и , ногајски што се зборува во Ставрополски крај и акногајски што се зборува во Карачаево-Черкесија. Според граматичката и фонолошката смисла, акногајскиот се разликува од останатите два.

Ногајски јазик
ногай тили (nogay tili) 
Изговор: ногај тили
Зборуван во: Русија 
Регион: Кавказ
Вкупно говорници:
Јазично семејство: Алтајски
 Туркиски јазици
  Ногајски јазик 
Писмо: Ногајска азбука
Јазични кодови
ISO 639-1: нема
ISO 639-2: nog
ISO 639-3: id=nog nog

Јазикот е дел од ногајско-кипчакската, или јужна кипчачката, подгрупа на кипчачките јазици, во која спаѓаат и каракалпачки јазик и казашки јазик.

Во големата кипчакска група спаѓаат и татарски, башкирски, кумички, карачајско-балкарски, кримскотатарски и други јазици.

Азбука

уреди

Од 1928 до 1938 година јазикот ја користел следнава латинична азбука.

A a B в Ç ç D d E e Ә ә G g Ƣ ƣ
I i K k L l M m N n N̡ n̡ O o Ө ө
P p Q q R r S s Ş ş T t U u Y y
J j Ь ь Z z V v

Од 1938 па сè до денес јазикот ја користи следнава кирилична азбука:

А а Аь аь Б б В в Г г Д д Е е Ё ё
Ж ж З з И и Й й К к Л л М м Н н
Нъ нъ О о Оь оь П п Р р С с Т т У у
Уь уь Ф ф Х х Ц ц Ч ч Ш ш Щ щ Ъ ъ
Ы ы Ь ь Э э Ю ю Я я