Хонориј Августодунски
Хонориј Августодунски (латински: Honorius Augustodunensis) — католички теолог од XI век. Неговиот прекар Августодунски дал повод за бројни претпоставки во врска со неговото потекло. Првично се мислело дека тој бил Французин, а неговиот прекар се толкувал како „Отенски“ (според денешниот град Отен), но подоцна била отфрлена оваа претпоставка и денес се мисли дека тој бил Германец кој со образованието и со духовната кариера бил поврзан со Англија.[1]
Творештво
уредиХонориј Августодунски пишувал дела во кои ја популаризирал теологијата со намера да ја приближи до свештениците кои непосредно општеле со верниците. Негови најпознати дела се: „За образот на светот“ (De imago mundi), „За слободната волја“ (De libero arbitrio), „Обредник“ (Sacramentarium), „Клуч за спознанието на светот“ (Clavis physicae), „Светило“ (Elucidarium)[2] и „Огледало на црквата“ (Speculum Ecclesiae.[3]