Источно од рајот (роман)
„Источно од рајот“ (англиски: East of Eden) — роман на американскиот писател Џон Стајнбек од 1952 година.
Содржина
уредиРоманот ги прикажува испреплетените судбини на две семејства кои живеат во богатата долина на реката Салинас во Калифорнија — Треск и Хемилтон чии припадници безнадежно ги повторуваат падот на Адам и Ева, како и смртоносното соперништво меѓу Каин и Авел.[1]
Осврт кон романот
уреди„Источно од рајот“ е најамбициозното дело на Стајбек кое извршило големо влијание врз современата книжевност и во кинематографијата. Во него, Стајнбек ги создава своите најхипнотизирачки ликови и ги истражува најинтригантните теми: мистеријата на идентитетот, необјаснивата љубов, како и убиствените последици на недостатокот од љубов. „Њујорк хералд трибјун“ го оценува како „роман осмислен на највисоко можно ниво... една од оние книги во кои писателот има поставено високи цели, а потоа ги вложува секој атом на енергијата, талентот, сериозноста и страста за кои е способен... целосно интересна и импресивна книга“,[2] а „Њујорк тајмс“ го опишува како „фантазија и мит... необично и оригинално уметничко дело“.[1]