Сламите (Рапеш)
„Сламите“
| |
Местоположба | 41°6′11″N 21°38′53″E / 41.10306° СГШ; 21.64806° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Рапеш |
Општина | Новаци |
Тип |
|
Период | железно време |
доцноримско време | |
Портал „Археологија“ |
Сламите — археолошко наоѓалиште во битолското село Рапеш. Претставува тумул — некропола од железно и доцноримско време. Се наоѓа во југозападниот дел на Мариовската висорамнина, на околу 1,5 км североисточно од селото, на сртот од ридот што се издига и го обградува левиот брег на Маковска Река. Се работи за две локации, оддалечени 400 метри една од друга, на кои се гледаат камени конструкции од гробови оштетени со земјоделските работи. Со пробните археолошки ископувања во 1989 година од страна на Заводот и музеј од Битола на локацијата Возишта, со површина од 70 × 20 м, се откриени три погребувања во гробови од камени плочи – цисти, под тумул со калота од нафрлени камени плочи и прстен во основата од обичен и кршен камен. Исто така се најдени и други 4 гроба што биле секундарно вкопани во доцноантичкото време. На втората локација, Каменот – зарамнет дел од падината, истражувачите откриле 6 гроба, со доста оштетени конструкции и скромни прилози од железното време. Концентрацијата на камењата и поставеноста на гробовите асоцираат на погребувања под тумули, и тоа на два мали со по неколку покојници. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]
Поврзано
уреди- Каранка — некропола од железно време;
- Лисичин Камен — населба од римско време;
- Бел Камен — некропола од железно време;
- Чуки — некропола од доцноантичко време;
- Рапеш;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |