Разговор со корисник:Brainmachine/Архива 9
HBD
уредиАбе роденден ти било вчера и не кажуваш, а? ај сега
Р.Ѕ. Те има ли во избирачки сега?
- Фала, веќе целосно сум „излегализиран“ :) Инаку проверив на izbirackispisok.gov.mk, ама ме нема, што значи нема гласање утре. Среќна околност ми е што за време на избори даваат лични карти уште истиот ден на поднесувањето (а не по една недела), па малце ќе ја искористам ситуацијата ;) Поздрав, Brainmachinewtf? 00:42, 5 април 2009 (UTC)
- Happy birthday со закаснување :) Поздрав.--MacedonianBoy 08:59, 5 април 2009 (UTC)
Мало прашање
уредиЗошто не го користиш шаблонот Добредојде? Ботот и скоро сите го користат тој шаблон, па мислам дека е добар и треба сите да го користиме. Поздрав.--MacedonianBoy 08:59, 5 април 2009 (UTC)
- Јас повеќе си го преферирам стариот шаблон оти ми се чини пократок и позгоден. Во овој новиот шаблон не ми се допаѓа тоа што има црвени врски — Википедија:Слики и Википедија:Табели (како тоа ќе им помогне на новите корисници?); тоа што никаде не ја спомнува помошната табела која е од огромна помош за сите нови уредувачи за лесно потсетување на основните вики-синтакси; тоа што се спомнува „..во согласност со правилата за уредување на корисничките страници..“, а такви правила нема напишано и нема врска до нив; изразите „on-line“, „Без личнии напади“ и др. — отприлика затоа гледам да го одбегнувам. Би сакал да го модифицирам, но мислам дека на другите што го користат шаблонот нема да им се допадне. Поздрав, Brainmachinewtf? 13:21, 5 април 2009 (UTC)
Yo
уредиAj види тука! Незнам како да постапиме?--Р ашо 20:06, 11 април 2009 (UTC)
Вака ќе постапиш за да ги имаш сликите цакум-пакум средени и на Ризницата достапни:
- Најпрвин прашај го авторот дали дозволува да се издадат сликите под овие услови. Прати му е-пошта со следниов текст:
Здраво! Ги забележав фотографиите на Вашата веб-страница http://prespa.thruhere.net. Дали би ни дале дозвола за копирање, дистрибуирање, и/или модифицирање на сите фотографии кои се наоѓаат на веб-страницата под условите на ГНУ-овата Лиценца за слободна документација (http://www.gnu.org/copyleft/fdl.html), верзија 1.2 или било која понова верзија издадена од Фондацијата за Слободен Софтвер за потребите на проектите на Викимедија Фондацијата? [бла бла, потпис]
- Барај да ти даде одговор преку е-пошта. Нека кликне на Reply на твојот претходен мејл и нека пише:
Да, давам дозвола за копирање, дистрибуирање, и/или модифицирање на сите фотографии од мојата веб-страница http://prespa.thruhere.net под условите на ГНУ-овата Лиценца за слободна документација (http://www.gnu.org/copyleft/fdl.html), верзија 1.2 или било која понова верзија издадена од Фондацијата за Слободен Софтвер за потребите на проектите на Викимедија Фондацијата.
- Симни ги сите слики кои ти требаат од сајтот и исечи го долниот дел (банерот со логото/рекламата). Промените ги правиш под ГЛСД, така и ќе ги подигнеш сликите. Подигни ги сликите во Ризницата и на сите шибни им шаблонче {{OTRS pending}}.
- Претходниот мејл кој го доби од авторот целосно ќе го препратиш (forward) со твоето барање во него на permissions-commons(AT)wikimedia(точка)org и во него ќе ставиш само врски до сите слики кои си ги подигнал на Ризницата.
- Слободно користи си ги сликите во било кој проект.
Во меѓувреме некој волонтер на OTRS ќе го архивира барањето си имаш правилно докажана дозвола да правиш сè што сакаш со сликата, секако под рамиките на ГЛСД (вклучувајќи — сечење на банери од дното).
Вака постапувај со сите слики за кои ќе добиваш дозвола. Објасни му на човекот дека ова што го тераш да ти го прати е само чиста формалност, само нека ги има тие текстчиња во мејловите — барањето и одговорот. Многу глупа е целава бирократска постапка, ама, ајде... Поздрав, Brainmachinewtf? 20:38, 11 април 2009 (UTC)
- Па така и направив јас уште вчера. Човекот се согласи да ги користиме текстовите. Јас после го прашав и што е со сликите и еве што ми пиша:Da da vo red e da se koristat fotografiite SITE no celosni ve molam na niv se gleda logoto na PrespaSky.Com . После тоа ми даде уште еден негов сајт кај има илјадници слики, но сака да биде и логото. Да пробам ли да му објаснам дека не се дозволени такви нешта или сл.? Мислам жално е да ги пропуштиме тие слики. А патем човекот сака да направи едно интервју и сака да напише статија во вестите за википедијава.--Р ашо 20:58, 11 април 2009 (UTC)
- Не можеме да користиме такви слики (рекламирањето од било каков вид е спротивно од нашите принципи како проект). Пробај да му објасниш дека мора да ги користиме без логото, објасни му дека не може да се стави цена на знаењето, дека ние сме непрофитна организација и дека сме против било какво спонзорство, а со тоа и рекламирање на било каков ентитет, дека ако ни дозволи да ги модифицираме неговите слики, тие ќе служат за доброто на човештвото за едукација на народните маси и така натаму, и така натаму... Алтернативно може да го лиценцира делото под CC-BY-3.0 (http://creativecommons.org/licenses/by/3.0/). Ова му ветува задолжително препишување на заслуга (attribution) − врска до неговиот вебсајт на страницата на сликата. Но, не можеме да имаме жиг. Brainmachinewtf? 21:19, 11 април 2009 (UTC)
Избрана содржина
уредиЗдраво Зоки. Сите избрани содржини се преместени од глабниот именски простор, само останува да се трансклудира шаблонот на избрани слики и избрана медија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:08, 11 април 2009 (UTC)
- Готово — Го трансклудирав. Во иднина внимавај кога нагло преместуваш страници/шаблони кои се трансклудираат на главната страница или на други каскадни страници. Најубаво е првин да создадеш копија од страницата која ја менуваш и да ги тестираш промените за да видиш дали е сè ок. Поздрав, Brainmachinewtf? 23:33, 11 април 2009 (UTC)
Предлог за преведување на референци
уредиВидете ја дискусијата за предлогот за преведување на референците (не сите, видете за повеќе детали во излагањето на селската чешма) на македонски јазик, поткрепена со примери. Можете да дадете свој предлог и да придонесете кон развивањето на дискусијата. -{админинстратор}- гитардемон 23:35, 23 април 2009 (UTC)
Веродостојни наспроти доверливи
уредиЗдраво БМ. Гледав некои од твоите последни уредувања. Кога станува збор за извори на информаии (литература), тогаш изворите се веродостојни (достојни да се верува во сигурноста на информациите), а мислам дека може да имаме пријатели на кои може да им даваме или не доверливи информации.
Твојот коментар е добредојден.
Поздрав, --Wikimk (разговор) 19:47, 17 мај 2009 (UTC)
- Да, во право си, „веродостојни“ е навистина соодветниот збор. Впрочем, најпрвин така го преведував „reliable sources“ — како „веродостојни извори“, но подоцна ми текна да го менувам. Фала за советот и поздрав. --Brainmachinewtf? 23:58, 17 мај 2009 (UTC)
Преводот
уредиДа си во право, но си го преведел буквално, инаку ногу пати сум предупреден од него да користам Англиски јазик кога сум тамо, затоа нека важи тоа и за него. Се извиних за моето дело, но сепак мислам дека не направи ништо страшно? Поздрав.--Makedonij (разговор) 19:28, 20 мај 2009 (UTC)
Избрани саттии во 2008
уредиНи фалат избрани статии за 14. и 41. седмица од 2008. За 41. седмица како што се сеќавам беше Ден на востанието на Република Македонија, а за 14. не знам баш. Треба да ја побараме и да ги пополниме страниците.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:00, 23 мај 2009 (UTC)
- И јас тоа го забележав. Имаше ли статии тогаш избрани на главната или се скокани тие недели? И што е со 2006, од каде тие дупки се јавуваат? --Brainmachinewtf? 20:04, 23 мај 2009 (UTC)
За 2008 100% немаше дупки. Мислам дека може во историјата на моментната страница да видиме кои биле номинирани. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:23, 23 мај 2009 (UTC)
Одделување на многу статии од главниот именски простор
уредиВидете Википедија:Селска чешма (Идеи) за дискусија многу слична со онаа кога имавме проблем со избраните статии на главната страница кога тие архивираните се броеја како засебни статии. -{админинстратор}- гитардемон 11:02, 26 мај 2009 (UTC)
Една попаметна дискусија од претходната
уредиЗдраво БМ, разбрав дека ти си ја направил главната страница, па ме посоветуваа за евентуални измени да те консултирам.
Мислам дека би било згодно третата колона од десно (во која се наоѓаат заглавјата „Што е Википедија“ и „Тематски портал“ и др.) да се подигне малку погоре и да дојде на иста висина како и ќелијата во која се наоѓа „Добредојдовте на Википедија“. На таков начин техтот „Добредојдовте на Википедија“ ќе дојде на средината на екранот и ќе се пополни големиот бел празен и неинформативен простор при врвот на страницата. Не мора да ми одговориш веднаш, туку само помисли на евентуалната можност. Поздрав, Wikimk (разговор) 19:38, 25 јуни 2009 (UTC)
- [Тука имаше слика] На овој начин ли? --Brainmachinewtf? 19:50, 25 јуни 2009 (UTC)
- Да, така. Поздрав, Wikimk (разговор) 19:52, 25 јуни 2009 (UTC)
- Важи, да пробам технички да го изведам, па ќе разгледаме и ќе подискутираме. Brainmachinewtf? 19:59, 25 јуни 2009 (UTC)
- Да, така. Поздрав, Wikimk (разговор) 19:52, 25 јуни 2009 (UTC)
Твојата страница во Германската Википедиа
уредиЈа поправив твојата страница http://de.wikipedia.org/wiki/Benutzer:Brainmachine во германската Википедиа. Само поправив правопис и граматика. Значењето не менував. Се надевам дека немаш ништо против. Поздрав, Mafeu (разговор) 13:48, 30 јуни 2009 (UTC)
Извори
уредиСо задоволство би ја навел англиската верзија на Википедија како изворот на промените кои што ги направив на Втора светска војна, бидејќи таа ми беше и единствениот извор што го користев, иако планирам да направам и некакви дополнителни промени и надополнувања. Но поконкретно ме интересира како да ја потенцирам http://en.wikipedia.org/ (или http://en.wikipedia.org/World_War_II) како извор. Значи бидејќи направив измени во целиот текст ќе морам целата статија да ја ставам во <ref></ref> рамката поставувајќи <ref> на почетокот на статијата и </ref> на крајот од последното поглавје Пораз на Оската, победа на Сојузниците, но каде и како ќе ја наведам http://en.wikipedia.org/ (или http://en.wikipedia.org/World_War_II) како извор на текстот во рамката ? И би сакал да навестам дека не го копирав текстот од англиската верзија на Википедија, па го копирав, при што сум ги избришал референците, туку директно преведував од англискиот сајт на Википедија, воопшто не обрнувајќи внимание на референците. Јас ја направив и статијата за PlayStation 3 на македонскиот сајт на Википедија, меѓутоа истата ја започнав без да се логирам со корисничкото име Koki2008, но ја продолжив логиран со корисничкото име Koki2008, но не примив никакви пораки за референци и слично, а ја преведував директно од англиската верзија на Википедија на сосема истиот начин на кој што вршев промени и надополнувања на статијата Втора светска војна.
Поздрав
Константин Исаковски —Претходниот непотпишан коментар е додаден од Koki2008 (разговор • придонеси) 19:04, 3 јули 2009
Нè нема на en Wiki!
уредиДали сте приметиле дека, од за мене непознати причини, нас нè снема од интервикијата на главната страница на англиската Википедија!? Дали некој воопшто знае зошто?? Веќе поставив тема на Селската чешма --Б. Јанкулоски (разговор) 21:59, 7 јули 2009 (UTC)
Здраво, Зоки. Мислам дека добро ќе биде во шаблонот да остане денот на предложување на статијата. Инаку, со новите промени, мислам дека треба да го ограничиме времето за гласање и да го утврдиме минималниот број на гласови, кој ќе биде потребен за статијата да биде избрана. Разгедав, како целата постапка се одвива на другите јазични изданија и минималниот број на гласови, кој е потребен за една статија да стане избрана се движи од 60 до 80% гласови „За“, при што гласовите „Воздржан“ се одземаат од вкупниот број на гласови. Мислам, дека би било премногу да започнеме со 80% гласови „За“ и најдобро ќе биде да започнеме со 60, а со тек на време правилото за избор да го менуваме, односно овој однос да го зголемуваме.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:18, 13 јули 2009 (UTC)
- По грешка го тргнав времето на предложување, мислев дека е друго. Сега го вратив назад. А за процентите — ај компромис — нека биде со >= 70%. Што ќе кажеш? --Brainmachinewtf? 05:54, 13 јули 2009 (UTC)
- Можеби поарно е 60%. Зашто ретко кај нас гласаат повеќе од тројца-четрворица. Помислете:
2/3 > 0,6
3/4 > 0,6 и 3/4 > 0,7.
Помислете.
Поздрав, --Wikimk (разговор) 09:28, 13 јули 2009 (UTC)
- Можеби поарно е 60%. Зашто ретко кај нас гласаат повеќе од тројца-четрворица. Помислете:
Јас мислам да запонеме со >=60%, бидејќи и така сме малце уредвачи, а и малце гласаат. Како што реков, со тек не време овој мин имален однос ќе го зголемуваме. Тоа најмногу ќе зависи од бројот на корисници кои гласаат и целта за подобрување на квалитетот при избор на статијата.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:55, 13 јули 2009 (UTC)
- Но, јасно ви е дека гласањето не е конечно и дури една статија да има доволно гласови, ако здравиот разум ни вели дека таа не може да биде избрана — таа нема да биде избрана? Brainmachinewtf? 14:22, 13 јули 2009 (UTC)
Не се секирај. И тоа ќе го решиме. Ќе формираме посебен одбор, во кои ќе влезат неколку корисници, кои ќе го дадат главниот збор. Мислам дека добро е оваа дискусија да продолжи во селската чешма. Се надевам само дека нема да останеме без ниту една избрана статија.:(--Kiril Simeonovski (разговор) 14:42, 13 јули 2009 (UTC)
Ре:Воведи на „Географија на X“
уредиНема проблем, ама немам идеја шо да биде воведот на тие мали статии. Ако имаш ти, додај--Астрион (разговор) 22:03, 21 јули 2009 (UTC)
Неслободни слики
уредиЗдраво Brainmachine! Ги видов сите пораки за неслободни слики кои си ми ги пратил, јас почнав да ги копирам од англиската википедија и еве види дали треба и останатите вака да ги направам за да бидат правилни. Ај види и кажи ми д ги направам останатите вака Податотека:2009 RSA logo.jpg. Ако е во ред сите ќе ги направам вака. Ајде поздрав --Stefan40-3e3e (разговор) 10:36, 23 јули 2009 (UTC)
Хвала
уредиВидео сам да имате јако мало слика у чланцима, па ајде да вам мало помогнем. Могу да вам препоручим још алатки ако досада нисте знали за њих:
- за проналажење истих слика овде и на Commons-y
- за превођење .svg слика
- за пребацивање слика на Commons. Поздрав. --BokicaK (разговор) 06:48, 28 јули 2009 (UTC)
Izvori na sliki
уредиSite sliki koi sto gi imam podignato se prevzemeni od angliskiot sajt na Wikipedia, http://en.wikipedia.org/. Edinstvena pricina poradi koja sto morav da gi podignam bese bidejki ne bea prepoznavani. Samo ke kopiram originalnoto ime na slikata od angliskiot sajt na Wikipedia i vednas avtomatski ke gi prikaze, voopsto ne moram da gi podignuvam. No nekoi ne gi prepoznavase koga ke gi kopirav iminjata i zatoa morav istite da gi podignam. Gi kopiram od angliskiot sajt na Wikipedia vo kompjuter i potoa gi podignuvam na makedonskiot sajt na Wikipedia. So zadovolstvo bi go potenciral angliskiot sajt na Wikipedia kako originalen izvor na slikite, samo ve molam pisete mi kako ke treba da go napravam toa. Porakata so koja me predupreduvate deka slikite ke bidat izbrisani dokolku ne gi potenciram originalnite izvori ja primiv duri deneska, sreda, 29 juli 2009. Ne znam koga tocno ste mi gi pratile. Ve molam da mi pisite kako da gi potenciram izvorite i da ne gi izbrisete slikite zatoa sto najdocna do nedela, 2 avgust 2009 ke gi potenciram izvorite. Ve molam za vreme zatoa sto ne znam koga ke mi odgovorite, pretpostavuvam deka ke dobijam odgovor najdocna za 2 dena.
Konstantin Isakovski
Izvori na sliki
уредиSite sliki koi sto gi imam podignato se prevzemeni od angliskiot sajt na Wikipedia, http://en.wikipedia.org/. Edinstvena pricina poradi koja sto morav da gi podignam bese bidejki ne bea prepoznavani. Samo ke kopiram originalnoto ime na slikata od angliskiot sajt na Wikipedia i vednas avtomatski ke gi prikaze, voopsto ne moram da gi podignuvam. No nekoi ne gi prepoznavase koga ke gi kopirav iminjata i zatoa morav istite da gi podignam. Gi kopiram od angliskiot sajt na Wikipedia vo kompjuter i potoa gi podignuvam na makedonskiot sajt na Wikipedia. So zadovolstvo bi go potenciral angliskiot sajt na Wikipedia kako originalen izvor na slikite, samo ve molam pisete mi kako ke treba da go napravam toa. Porakata so koja me predupreduvate deka slikite ke bidat izbrisani dokolku ne gi potenciram originalnite izvori ja primiv duri deneska, sreda, 29 juli 2009. Ne znam koga tocno ste mi gi pratile. Ve molam da mi pisite kako da gi potenciram izvorite i da ne gi izbrisete slikite zatoa sto najdocna do nedela, 2 avgust 2009 ke gi potenciram izvorite. Ve molam za vreme zatoa sto ne znam koga ke mi odgovorite, pretpostavuvam deka ke dobijam odgovor najdocna za 2 dena.
Алатка за викифицирање
уредиЗдраво, Зоки. Ќе те замолам веќе кога работиш во статиите од именскиот простор МедијаВики, да ја додадеш и алатката за викифицирање. Благодарам. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:16, 3 август 2009 (UTC)
- Види Разговор за МедијаВики:Common.js. Подобро е да не го додаваме тоа копче оти скриптата ја полни од надворешен извор (од руското вики мислам дека беше) и различно (т.е. погрешно) ги форматира работите кај нас. --Brainmachinewtf? 14:30, 3 август 2009 (UTC)
Поткатегорија
уредиДа, тоа е правилно. Поздрав --Виолетова (разговор) 06:33, 5 август 2009 (UTC)
Помош и напатствија
уредиБлагодарам на одликувањето, ќе го носам со гордост! Нашата заедница мора да напредува, да биде присутна, па и да им парира барем на нашите соседи - она Гоцевото „светот како поле за култрен натпревар меѓу народите“.
Што се однесува до помошта, напатствијата и сл., мислев на оние страници на Ризницата кои служат за таква намена, а како што гледам, имаат верзии на разни јазици. Но тоа и не ми е приоритет доколку сметаш дека има потреба од изработка на такви страници тука, на нашата Википедија. Впрочем убеден сум дека има голема потреба од нив. Затоа, ајде да почнеме со нив. Само би сакал да знам кои се поприоритетни и поважни за нас во моментов, а кои не. Претпоставувам дека ти си позапознаен со тоа, па затоа чекам да ме упатиш и да почнеме. Поздрав и уште еднаш благодарам! --Б. Јанкулоски (разговор) 00:33, 9 август 2009 (UTC)
Вики средба
уредиЗдраво. Ве известуваме дека на 29 август, сабота, со почеток во 12:00 ќе се одржи Вики средба во трговскиот центар Ramstore во Скопје, на која главно ќе се разговара за здружението Викимедија Македонија, за чие основање сте заинтересирани. Ве поканувам да присуствувате да оваа средба, а Вашето присуство може да го потврдите овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:58, 24 август 2009 (UTC)
Презакажана Вики средба
уредиЗдраво. Ве известуваме дека Вики средбата е презакажана за 2 септември, со почеток во 18:00. Се надеваме дека ќе бидете во можност да присуствувате. Сепак, без оглед на Вашата одлука, Вашето присуство или отсуство може да го потврдите овде, а може да оставите и дополнителен коментар.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:23, 31 август 2009 (UTC)
ВикиПроект Медицина
уредиЗдраво Зоки. Гледам дека си почнал да чепкаш по шаблонот за медицина, па ми текна да те потсетам дека нема да биде лошо да ги создадеме Википроектите и да се подготвуваме за создавањето на специјализирани групи на уредувачи, кои ќе бидат организирани во Википроектите. Добро ќе биде да избереме и одговорен уредник за секој Вики проект. Тоа ќе бида искусен Википедијанец, кој доволно добро ги познава принципите и напатствијата на Википедија, а има и доволно познавања од областа за која се однесува Википроектот. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:37, 4 септември 2009 (UTC)
- Знаеш што правам моментално? Создавам прелиминарна листа на потребни статии за ВикиПроект Медицина. Затоа чепкам по шаблоните. Инаку, ми се допаѓа идејата со одговорните уредници, некој што ќе ја организира целата работа. --Brainmachinewtf? 13:52, 4 септември 2009 (UTC)
- Може и да направиме план и да одредиме одговорни корисници за сите проекти, само проблемот е што немаме доволно активни корисници. Сепак, мислам дека ова може да биде стимул понатаму за некои корисници да си земат за право да продолжат активно да уредуваат на Википедија.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:55, 4 септември 2009 (UTC)
Земи го предвид и порталот Медицина. Во последно време, новоуредените портали содржат посебна секција, насловена „Работи кои може да ги направите“, во која се дадени потребни статии и статии кои треба да се прошират, а добро е да направиш и шаблон за навигација до порталот. Јас, моментно имам работа со статии за Универзијадите, па откако ќе завршам ќе ти помогнам. Откако ќе завршам со овие статии и ајс ќе земам да уредувам ВикиПроекти. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:05, 4 септември 2009 (UTC)
Тековни настани
уредиЗдраво Зоки. Видов дека од Главната страница во кутијата навигација, во десниот дел, веднаш под лентата за пребарување врската до статијата Википедија:Тековни настани е заменета со врска до статијата Портал:Избрана содржина. Мислам дека ова воопшто не е добро, бидејќи до порталот со избрани статии има врска, веднаш под извадокот, а врска до тековните настани, коишто се особено значајни нема никаде. Не знам дали ти си ја направил промената, но сепак ова ти го пишувам добронамерно. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:24, 4 септември 2009 (UTC)
- Јас ја направив промената. Врската до Википедија:Тековни настани ја преместив во {{портална навигација}} оти, според мое мислење, не е корисна за да биде во главната навигација, а вака пак ќе може да биде достапна. Врската до порталот за избрана содржина од поодамна е ставена во главната навигација (MediaWiki:Sidebar). Реално, тековните настани е само попис за тоа како се движел бројот на статии — како е тоа од корист за читателите, или пак за уредувачите? --Brainmachinewtf? 16:24, 17 септември 2009 (UTC)
- Врска до тековните настани има на главните страници на сите јазични изданија. Инаку, промената на бројот на статии, на регистрираните корисници и на сите други статистички податоци може да се прошири и со некои други информации. А овие информации се значајни за секој кој се интересира, бидејќи за да ги надје основните статистички податоци на прелистувач ќе му треба време, а вака ги има одма. А, исто така подобро е да има по една врска до две страници, отколку две до една, а ниту една ду друга.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:19, 17 септември 2009 (UTC)
- Мисалм дека соодветно решение може да биде, доколку ја вратиме врската до тековни настани во кутијата за навигација, а доколку врската до порталот на заедницата се префрли во интеракција, што мислам дека е посоодветно.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:22, 17 септември 2009 (UTC)
- Ајде вака: порталот на заедницата да го претвориме во мапа на сајтот: буквално листа на сите важни страници на Википедија — помош, принципи, википроекти, статистики и сè друго. Да ја ставиме таа врска директно под „Главна страница“ за сите почесто да ја кликаат и да се снаоѓаат. Тоа ќе биде ептен корисно. --Brainmachinewtf? 13:10, 18 септември 2009 (UTC)
- Ок. И вклучи се на Scype во 18:00. Ќе разговараме за планови за во иднина. Јас сега работам со една нова корисничка и и покажувам како се уредува. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:29, 18 септември 2009 (UTC)
- Фаќам автобус за Штип во 18:30, нема да можам. Ај вечер или утре. --Brainmachinewtf? 14:22, 18 септември 2009 (UTC)
- Ок. И вклучи се на Scype во 18:00. Ќе разговараме за планови за во иднина. Јас сега работам со една нова корисничка и и покажувам како се уредува. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:29, 18 септември 2009 (UTC)
- Ајде вака: порталот на заедницата да го претвориме во мапа на сајтот: буквално листа на сите важни страници на Википедија — помош, принципи, википроекти, статистики и сè друго. Да ја ставиме таа врска директно под „Главна страница“ за сите почесто да ја кликаат и да се снаоѓаат. Тоа ќе биде ептен корисно. --Brainmachinewtf? 13:10, 18 септември 2009 (UTC)
- Мисалм дека соодветно решение може да биде, доколку ја вратиме врската до тековни настани во кутијата за навигација, а доколку врската до порталот на заедницата се префрли во интеракција, што мислам дека е посоодветно.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:22, 17 септември 2009 (UTC)
Incident
уредиHi, there is an issue at the Wikipedia:Administrators' noticeboard that requires your attention. Regards! --Стан (разговор) 10:05, 19 септември 2009 (UTC)
Проблем
уредиЗдраво Зоки. Што би можело да значи ова при подигање на слики:
- Предупредување при подигнување
- Податотеката содржи HTML или скриптен код што може да биде погрешно интерпретира од страна на веб прелистувачите.
Пробав се, но неможам да подигнам. Поззз--Р ашо 17:08, 20 септември 2009 (UTC)
- Ја средив, но сепак ме интересира зошто тоа се случува. позз--Р ашо 18:34, 20 септември 2009 (UTC)
- Ја пронајдов системската порака која го прикажува тоа (МедијаВики:Uploadscripted) и пробав да најдам во MediaWiki прирачникот ([1]) што значи, но немаше ништо. Ако само еднаш се случило, за една податотека, не е проблем. --Brainmachinewtf? 12:10, 22 септември 2009 (UTC)
- Пет пати се обидов но се појавуваше повторно. После сликата ја отворив во пеинт и пак ја сејвирав. Е тогаш немаше проблем веќе. Позз--Р ашо 12:21, 22 септември 2009 (UTC)
- Ја средив, но сепак ме интересира зошто тоа се случува. позз--Р ашо 18:34, 20 септември 2009 (UTC)
Сликите
уредиЗдраво. Ако се твои сликите кои сега ги подигнуваш, не е лошо да ги префрлиш на Комонс а од тука да ги избришеме. Поздрав--Никола Стоіаноски 23:17, 8 февруари 2010 (UTC)
- Оуууу... заборавив! Ќе ги пренесам, немаш гајле. --Brainmachinewtf? 23:20, 8 февруари 2010 (UTC)
ок.... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 14:34, 9 мај 2010 (UTC)