Разговор со корисник:Виолетова/Архива7

Номинација за администратор на мк.вики

уреди

Честито администраторски статус

уреди

Често избор на админ. Јас го затворив гласањето бидејќи очигледно беше дека си избрана (да им олеснам работа на бирократите). Ќе почекаме на некој бирократ да те унапреди. Сè најдобро.--MacedonianBoy 19:47, 13 мај 2009 (UTC)

Благодарам и тебе и на сите што гласаа за мене. Поздрав --Виолетова (разговор) 19:49, 13 мај 2009 (UTC)
И од мене честито! :D Сè најдобро во иднина и нека следат многу успеси на овој проект :) Поздрав, Brainmachinewtf? 20:34, 13 мај 2009 (UTC)
Ај и од мене исто. Нека се множат успесите на википедија со успешни уредувачи!--Р ашо  20:40, 13 мај 2009 (UTC)

Честито и од мене, те ,,инаугурирав‘‘ во администратор на мк. Википедија! Поздрав, Boyan (разговор) 20:44, 13 мај 2009 (UTC)

Благодарам на честитките :) -- Виолетова (разговор) 21:03, 13 мај 2009 (UTC)

Честитки и од мене Виолетова. Се надевам дека во следниве четириесетина минути гласовите против нема да преовладеат. :-)
Ти посакувам и понатаму многу пријатни моменти и успешна работа на Википедија.
Поздрав, Wikimk (разговор) 21:12, 13 мај 2009 (UTC)

Wikimk, гласањето заврши во 17:11 :) Благодарам за честитките :) --Виолетова (разговор) 21:15, 13 мај 2009 (UTC)
E да така било. Некои повнимателно го мерат времето од мене. :-) Поздрав, Wikimk (разговор) 21:36, 13 мај 2009 (UTC)

Сречно и од мене и пријатен статус--77.28.214.8 (разговор) 22:32, 13 мај 2009 (UTC)

Благодарам :) --Виолетова (разговор) 22:36, 13 мај 2009 (UTC)

Честитки и од мене. Нека Ви се множат успесите.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:02, 13 мај 2009 (UTC)

Благодарам Кирил :) --Виолетова (разговор) 23:11, 13 мај 2009 (UTC)

Честитки за вашиот штотуку стекнат администраторски статус.--brest (разговор) 05:38, 14 мај 2009 (UTC)

Благодарам Брест :) --Виолетова (разговор) 16:46, 14 мај 2009 (UTC)

Ајде и од мене честитки--Астрион (разговор) 09:35, 15 мај 2009 (UTC)

Благодарам Астрион :) --Виолетова (разговор) 19:40, 15 мај 2009 (UTC)

Квалитетни статии

уреди

Здраво. Супер е статијата Оскар Вајлд, па ја додадов во порталот. Мислам дека треба да бидеме внимателни и да обрнеме внимание на новите корисници коишто уредуваат квалитетни статии. Активност на Википедија на македонски јазик како што има овие дваесетина дена, не паметам кога имало. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:38, 15 мај 2009 (UTC)

Е, да, пишав на меил за тоа :) --Виолетова (разговор) 19:39, 15 мај 2009 (UTC)

Вапцаров

уреди

Здраво Виолетова, да те прашам дали Вапцаров се изочува во училиштата во Република Македониjа? Дали можеш да ми кажеш нешто повеке по овоj вопрос? Поздрав! --Стан (разговор) 10:15, 16 мај 2009 (UTC)

Па нормално дека се учи за него, еден од ценетите македонски борци и писатели. Погрешно прашање.--MacedonianBoy 10:28, 16 мај 2009 (UTC)

Стан, а зошто да не се учи за Вапцаров во Македонија? Како прво, знаеш ли колку македонски училишта и други установи го носат името на овој деец? Boyan (разговор) 10:36, 16 мај 2009 (UTC)

За училиштата знам, прашањето поточно ми е дали се изочува во часовите по литература, односно дали се изочуват негови творби. Не бев многу точен во прашањето. Мислам дека ова е важно да се спомене во статиjата, ако се изочува во часовите по литература. --Стан (разговор) 10:41, 16 мај 2009 (UTC)
Да, на пример во „Литературата за II година средно образование“ има пет страни за неговата биографија и плус има извадоци од делата негови во „Примери од литература за средно образование“. Во Македонија учиме само што е македонско не присвојуваме туѓо.--MacedonianBoy 10:47, 16 мај 2009 (UTC)
Стан, се изучува Вапцаров, ете веќе ти одговориле. Но, сметам дека тоа не е важно прашање да се спомене тоа во статијата... Поздрав --Виолетова (разговор) 12:23, 16 мај 2009 (UTC)
И Едгар Алан По се изучува па не го споменуваме тоа во статијата. Нема никаква релевантност за една статија. Ако напишеме дали се изучува во Македонија тогаш треба да напишеме и за училиштата во цел свет, бидејќи ова не е википедија на македонскиот народ, нација и држава, туку википедија напишана на македонски. Така статијата мохито има иста важност со статијата Гоце Делчев. Е сега ако сакате да споменете дека во Македонија се смета за Македонец а во Бугарија за Бугарин, автоматски значи дека во Македонија ако се узучува во училиште ќе се изучува како македонски писател, а во Бугарија како бугарски. Нема потреба од толку тегнење. -{админинстратор}-   гитардемон 15:29, 16 мај 2009 (UTC)

Благодарам

уреди

Благодарам за наградата, инспиративна беше!--Gordi (разговор) 18:28, 16 мај 2009 (UTC)

Последици од големите географски откритија

уреди

Здраво Виолетова, те молам ако можеш погледни го делот за последиците во оваа статија Големите_географски_откритија. Истовремено додека ти си го коригирала јас правев поголеми претумбации на тој дел од текстот па сега не можам да се снајдам да ги барам грешките во твојот претходен текст. Благодарам. Поздрав, --Wikimk (разговор) 18:34, 18 мај 2009 (UTC)

Ситно беше, завршив, мислам. Поздрав --Виолетова (разговор) 18:57, 18 мај 2009 (UTC)

Петар Карпош

уреди

Здраво Виолетова, убаво е кога требе 2 статии да се споjуват, прво да се пренесе информациjата, па после да се брише. Jа преместив во страницата за разговор, ако некоj сака да jа спои со основната статиjа. Поздрав! --Стан (разговор) 18:55, 18 мај 2009 (UTC)

Стан, јас ја копирав исто така, ама директно во новата статија и ја средував во изминативе минути. Поздрав --Виолетова (разговор) 18:56, 18 мај 2009 (UTC)
Да, го видов ова сега, ОК е, мислата ми беше прво да се споjува, па после брише и пренасочува. Само како совет. Поздав и лека работа. --Стан (разговор) 19:00, 18 мај 2009 (UTC)

За статијата за датумот

уреди

Зошто стои како посебна статија само за родени, кога имаме целосна статија за 6 јануари сите настани за тој ден? Треба да се избрише... освен ако е важна статијава за некаде? --Виолетова (разговор) 20:50, 21 мај 2009 (UTC)


Јас веќе пред подолго време се имам заинтересирано зошто и кој се согласил да се направат овие страници (веројатно не бев активен кога се договориле), но никој ми нема кажано. Навистина е глупаво да има 4 статии за секој датум (за датумот, за родени, починати и настани на датумот), тоа е 4x366 дена во годината, значи 1464 статии наместо 366... Значи 1098 лажни статии. Исто како што има милијарда статии од типот на Барокни композитори на буква С или Романтистички композитори на буква Ц. Јас кога прашав зошто е ова вака, ми рекоа ами ќе се наполнат евентуално толку многу статиите за датумите што ќе биде неизбежно да се поделат. Јас не гледам ни на англиската да ги поделиле ни никаде, бидејќи логично не се пишува секоја ситница за секој жив човек. Се избираат само најважните настани, па така на 7 јануари нема да напишеме родени некојси фудбалери од целиот свет, ќе напишеме божиќ и уште 10-тина работи. А ова со композиторите е најголема глупост, и ќе се потрудам да ја уредам, бидејќи мислам дека е дел од некои портали, па така може да бидат потстраници на портали наместо да се бројат како статии. За такви работи има категории и има сортирање по почетна буква. Затоа или некој бот да ги премести или јас да ги преместам рачно (преку 100-тина се, 31 буква за 4 или 5 правци во музиката). -{админинстратор}-   гитардемон 21:15, 21 мај 2009 (UTC)
Сосема се согласувам со тебе... во случајов, тоа се толку многу непотребни статии, што повеќе збунуваат и одвлекуваат внимание, отколку што информираат. --Виолетова (разговор) 21:19, 21 мај 2009 (UTC)
Има друга работа. Сите тие потстатии (за родени, починати и настани) се поврзани со главната статија за датумот. Сепак, и тие се сметаат за статии, што мене повеќе ме иритира отколку практичноста во употребата (која е исто така отежната). Значи еве го кодот:

{{Јануари {{CURRENTYEAR}}}}

'''6 јануари''' е 6-иот ден во годината според [[Грегоријански календар|грегоријанскиот календар]]. Остануваат 359 денови до крајот на годината (360 во [[престапна година|престапна]]).

{{#ifexist:6 јануари (настани) |'''Настани:''' {{:6 јануари (настани)}}}} {{#ifexist:6 јануари (родени) |'''Родени:''' {{:6 јануари (родени)}}}} {{#ifexist:6 јануари (починале)|'''Починале:''' {{:6 јануари (починале)}}}} {{#ifexist:6 јануари (празници)|'''Празници:''' {{:6 јануари (празници)}}}}

Сега гледам и дека сум згрешил, не се само 3, туку 4 потстатии за секој датум. Значи 1464 лажни статии! Според мене би можеле да се префрлат овие во формат 6 јануари/родени и како такви да се трансклудираат во статијата за 6 јануари, но сепак не ја гледам практичноста ни на тоа (се постигнува истиот резултат како тука, само што со сегашниот формат се пумпа статистиката џабе со плус 1500 непостоечки статии - или постоечки, но беспотребни и бескорисни). Покрај тоа, статиите биле правени со бот па забележете вика дека 6 јануари е 6-иот ден во годината. Е тоа 6-иот е кратенка која никој не може да каже од каде произлегува :) Самоволие, кој како сака. И дали според Вас поправилно е да се вика статијата 6. јануари, а не 6 јануари ? Мислам дека е време и тоа да се запрашаме бидејќи на македонски не сум чул датум да се вика шест јануари, туку шести јануари. Треба да се покрене иницијатива да се променат овие работи -{админинстратор}-   гитардемон 21:52, 21 мај 2009 (UTC)

Датумите во македонскиот јазик правилно е да се запишуваат со бројката без точка, значи - 6 јануари е правилно да се запише, а се чита, како што се чита („шести“) :) -- Виолетова (разговор) 21:56, 21 мај 2009 (UTC)

Големи букви

уреди

Здраво. Проблем со големите букви. Дали во имињата на политичките партии, сите зборови (освен сврзниците) се пишуваа со големи букви?--Р ашо  20:21, 23 мај 2009 (UTC)

Не, со големи се пишува кратенка од првите букви (СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ), или збор во целото име кој сам по себе треба да е со голема буква (...на Македонија, ... на Македонците, ... на Власите, ... на Албанците...) --Виолетова (разговор) 20:26, 23 мај 2009 (UTC)
Danke :D..Но сепак треба некаде да се напише тоа правило, бидејќи на пр. во статијата за ДПМНЕ сè е напишано со големи букви.--Р ашо  20:35, 23 мај 2009 (UTC)
Во голем број статии има правописни грешки... таа статија не е ни прва ни последна, за жал --Виолетова (разговор) 20:52, 23 мај 2009 (UTC)

За странски имиња

уреди

Здраво. Ми треба помош за странски имиња затоа што не сум сигурен баш точно како треба да ги преведам, па сакав да се консултирам со вас. Еве ги луѓето:

  • Wanderley Luxemburgo (бразилец)
  • Rogério Ceni (бразилец)
  • Jared Borgetti (мексиканец)
  • Antonio Carbajal (мексиканец)
  • Lothar Matthäus (германец) (ова само дали е Матеуз или Матеус со оглед на тоа што с кај германците се чита како з)
  • Juninho Pernambucano (бразилец) (Pernambucano доага од некоја бразилска област Pernambuco)
  • Moacir Barbosa Nascimento (бразилец)

Па фала во секој случај. поздрав --MrBones (разговор) 13:07, 25 мај 2009 (UTC)

Одделување на многу статии од главниот именски простор

уреди

Видете Википедија:Селска чешма (Идеи) за дискусија многу слична со онаа кога имавме проблем со избраните статии на главната страница кога тие архивираните се броеја како засебни статии. -{админинстратор}-   гитардемон 10:57, 26 мај 2009 (UTC)

Општо за порталите

уреди

Здраво. Сакам да Ви се заблагодарам за идејата да се уредат портали закои има доволен фонт на статии кои би можеле да одржат еден пристоен портал за таа област. Одамна немам уредувано портали и не следам како стојат работите и какви се можностите за уредување на нови портали. Навистина, секоја чест за овој Ваш чекор.

Но, сепак уредувањето на порталите не е едноставна работа. Најпрвин, потребно е порталот да има естетски изглед, боите во позадина да одговараат на насловот на темата, а секциите (деловите) да бидат правилно осмислени. Исто, така порталот не е добро да има мал број на преобемни секции. Подобро е да има поголем број на кратки секции, кои со внатрешни врски водат до посакуваните статии.

Сепак, најтешко е уредувањето од технички аспект. Постојат голем број на зборови и делчиња, кои изгледаат безначани, но имаат суштинско значење. Јас имам уредено голем број на портали, па не го знам значењето на сите. Сепак, со секое наредно уредување се учи нешто ново. Ве охрабрувам да продолжите и понатаму со оваа интересна работа, која според ене е попривлечна од обичното уредување на статии. Само напред! Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:40, 26 мај 2009 (UTC)

Бришења/причини за бришења

уреди

Кога бришеш вандалски страници (ВП:КББ#ОП3), или општо било кои страници кои содржат вулгарности во нив, секогаш бриши го полето „Други/дополнителни причини:“ кое автоматски се потполнува со „содржината беше:“ и следуваат првите зборови од страницата. Глупо делува кога во скорешните промени (кои сите ги гледаат) ќе се појави „содржината беше: 'Вибраторот е нели голем пластичен ташак на батерии ,ти го пикиш уф путката ,он са тре…'“, нели? Поздрав, Brainmachinewtf? 13:25, 27 мај 2009 (UTC)

Е, да, ај ќе пробам наредниот пат да не го промашам тоа „Други/дополнителни причини:“ :) --Виолетова (разговор) 13:31, 27 мај 2009 (UTC)
Поглупаво од тоа може да биде само повторувањето на истата работа кога при тоа знаеме дека тоа не е добро. :-) --Wikimk (разговор) 13:44, 27 мај 2009 (UTC)

соѕвездија

уреди

Во шаблонот стави local_name со долна црта, и ќе го прикажува името на македонски јазик. Поздрав.--brest (разговор) 23:20, 4 јуни 2009 (UTC)

ОК, сфатив кога видов како ти го реши проблемот :) --Виолетова (разговор) 23:23, 4 јуни 2009 (UTC)

За странски имиња

уреди

Здраво, пак јас:D. Повторно имам проблем со превод на имиња на луге и на фудбалски клубови, овој пат претежно француски:), па ми треба малку помош. Еве ги имињата:

  • Blois-град во франција:)
  • Blois Foot 41 - француски фудбалски клуб исто од франција од горенаведениот град(за ова само да се осигурам, хехе)
  • Olympique de Saint Jean de la Ruelle - француски фуд. клуб
  • FC Gueugnon - француски фуд. клуб
  • Manuel Jesualdo Ferreira - Португалец

Фала однапред. поздрав --MrBones (разговор) 15:44, 14 јуни 2009 (UTC)

Питане!!!!

уреди

Добра нок. Ево, од неколко дена сканирав и редактирав материала на Димо Хаджидимов, кой го постирав во мойот личен блог, бидейки не сум и не сакам да бидам повръзуваан со некои пропаганди...

Го поставив без НИКАКОВ коментар на страницата на македонска уикипедия и послед еден час, кога побарав да видам дали врзката постой се уште со изненада установих, дека Вие сте я прекинале...

Ви прашам-дали требе да плакям пари за домейн, повторно-за хостинг услуга, за да мога да разчитам мойот ЛИЧЕН безкористен труд, да найде чат-пат место у македонската верзия на Уикипедия.

Однапред Ви благодараам за одговорот!


"Макето"

Хмм, Маке, видете го ова. Бојан имаш за кажување? 22:19, 26 јуни 2009 (UTC)
Здраво Маке, материалот штом е од Димо Хаџи Димов‎ е во public domain (поминали са 70 години од смртта му) и нема проблем да биде на Викиизвор [1]. А штом е на вики извор, може да се наведе врска од статиjата Димо Хаџи Димов‎, кон вики извор. Ако имам твоjата дозвола ке го префрла на вики извор. --Стан (разговор) 23:49, 26 јуни 2009 (UTC)
Јас не ги измислив правилата на Википедија (блоговите не се сметаат за сериозен извор на инфорамции), само ги спроведов. Ете Стан нека ги префрли текстовите на вики извор, ако се за таму. Поздрав --Виолетова (разговор) 09:27, 27 јуни 2009 (UTC)
Назад на корисничката страница на „Виолетова/Архива7“.