Разговор со корисник:Виолетова/Архива6

Среќна нова 2009

уреди

Здраво. Најпрвин, сакам да Ви ја честитам новата 2009 и да Ви пожелам сѐ најдобро! Сликата беше во јавен домен, ноп сепак ја немавме подигнато за употреба на Википедија на македонски јазик, што се има случувано и претходно. Сехга ја подигнав сликата, а доколку во иднина Ви се случи нешто вакво, слободно подигнете ја сликата. СЛиката не може да прави никакви проблеми, бидејќи е слободна за употреба. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 09:49, 2 јануари 2009 (UTC)

Именување на насловите на статите за соѕвездијата

уреди

Дали мислиш дека е во ред насловите на статиите за соѕвездијата да бидат од типот Бик (соѕвездие) наместо Соѕвездие Бик.--brest (разговор) 22:17, 3 јануари 2009 (UTC)

Т.е. истото го мислам и за Категорија:Соѕвездие Бик, да биде Категорија:Бик (соѕвездие)--brest (разговор) 22:20, 3 јануари 2009 (UTC)

Пологично ми дојде така (а и на англиската Википедија е така), затоа што на пример имаме Бик (хороскопски знак), значи во продолжение иде Бик (соѕвездие). Веројатно треба да се направи и страница за појаснување на сите вакви статии. Ама па за категорија не ми го личи со заграда... --Виолетова 22:21, 3 јануари 2009 (UTC)

Види Категорија:Соѕвездија, овде има некоја логика да биде вака Категорија:Бик (соѕвездие).--brest (разговор) 22:29, 3 јануари 2009 (UTC)

Можеби, но знаеш зошто мислам дека не би било така добро, бидејќи има соѕвездија чие име не се поклопува со ништо друго познато, па нема смисла да ги ставаме со зборот соѕвездие во заграда, бидејќи во енциклопедијава само тие ќе бидат статии со такво чудно име... а кај категориите ќе се разликуваат. Што знам, јас би го оставила кај статиите со зборот во заграда, а кај категориите со зборот `соѕвездие` напред --Виолетова 22:45, 3 јануари 2009 (UTC)

Како е поправилно?

уреди

Како е по правилно

Родени во 10 век  Ок
Родени во 10-от век
Родени во 1246
Родени во 1246 година  Ок
Родени во 1246-та година
Родени во 1246-тата година

спореди со ова:

Родени во 1 век  Ок
Родени во 1-от век
Родени во 1
Родени во 1 година  Ок
Родени во 1-та година
Родени во 1-тата година

Ова ми треба, бидејќи не ми се допаѓаат категориите за роден/починал, па сакам да ги средам според правописот. Барам твое стручно мислење.--brest (разговор) 13:14, 4 јануари 2009 (UTC)

Објаснување: последното (1246-тата или 1-тата) не е правилно воопшто; и првото исто така: Родени во 1246 или Родени во 1 - бидејќи до бројката секогаш треба да стои што означува таа (век, година, ова-она...); е сега за векот: секогаш кога читаме или зборуваме, ние го членуваме векот, но не треба така да се запише. Тоа е многу добро уредено кога се пишуваат вековите со латинични бројки (I век, XX век, итн), но бидејќи не ги ставаме овде така - би требало да остане без членот: Родени во 1 век или Родени во 10 век. За годините: се членуваат само кога се збирни, како на пример - во 1940-те години... --Виолетова 13:36, 4 јануари 2009 (UTC)

Откривач

уреди

Погледни овде Википедија:Sandbox/10157 Asagiri, и дали е правилно да стои Откривач. Претходно стоеше Откриена од, од англиското Discovered by, но кај нас прават проблем машкиот и женскиот род. Ако се работи за планета е ок да стои Откриена од, ама кога се работи за астероид треба да стои Откриен од, па јас како неутрално го избрав Откривач иако не ми звучи баш најдобро, па барам совет.--brest (разговор) 20:57, 6 јануари 2009 (UTC)

Па проблем е... под тоа има: `Откриена во` - и тука ќе мора да стои машки или женски род... Наместо Откривач ако ставиме Пронаоѓач (во науката повеќе ги нарекуваме пронаоѓачи, бидејќи откривач звучи како некој што `покрива/открива`), ама за второто не ми текнува решение во моментов... --Виолетова 21:14, 6 јануари 2009 (UTC)
  • Мој предлог е да стои или „Откриено од“ како најнеутрално (среден род), или пак да биде „Открил(а)“. Подобро решение не гледам. --Б. Јанкулоскиразговор 20:20, 8 јануари 2009 (UTC)
Може, не се коси со граматиката :) --Виолетова 20:28, 8 јануари 2009 (UTC)

Категоризација

уреди

Мислам дека корисникот мислеше на оние од типот на Категорија:Поларни ѕвезди. Како што можеш да забележиш, категоријата води сама кон себе, т.е. категоризирана е (повторно) под „Категорија:Поларни ѕвезди“ наместо под поопшта категорија, како што мора да биде. Вака категоријата не функционира бидејќи не се однесува како делд од дрво со разгранување, туку како мал маѓепсан круг сам за себе, неповрзан со остатокот од разгранувањето на категориите, и како таква е практично нефункционална.

Тој исто така напомена (со апсолутно право) дека категориите мора да имаат интервики врски како што имаат и самите статии. Ова се прави исто како и статиите (ова е нешто што се игнорира само тука и на ниедна друга википедија). Препорачан начин е да се преземе содржината на еквивалентната англиска категорија и да се ископира на оваа, и да се преведе, со истата (или слична) категоризација. Потоа насловот на македонската категорија да се вметне барем во гореспоменатиот англиски еквивалент (од кој нешто подоцна бот автоматски ќе се ископира на сите википедии). Еве пример (надкатегориите се веднаш над дрвото, а поткатегориите се отвораат со знакот `+`). Поздрав и среќно уредување! --Б. Јанкулоскиразговор 20:43, 8 јануари 2009 (UTC)

Сега ми е појасно, иако не сум забележала дека категориите имале интервики врски... Во примерот што го посочи - веројатно тоа `поларни ѕвезди` и сличните ѕвездени категории треба да се подкатегории на категоријата: Ѕвезди, ама јас тоа не ни знаев како се прави :) --Виолетова 21:00, 8 јануари 2009 (UTC)
  • Јас се извинувам. Моја грешка е што ти дадов збунителна илустрација, која впрочем нема врска со функционалноста на категоризацијата. Една постоечка категорија се категоризира во поопшти со тоа што на самиот крај на истата (освен интервики, тие се последни) се додаваат поопштите категории. значи во случајот на „Поларни ѕвезди“, најдолу од страницата на категоријата додаваш [[Категорија:Ѕвезди]].Белешка: Не заборавај дека понекогаш треба да ставиш исправена црта и збор, заради азбучната логика во погорната статија. На пример, ако имаме категорија `Македонски писатели`, и таа се категоризира во погорна категорија `Македонци по занимање`, тогаш нема логика да ја оставиме да почнува на `М` бидејќи сите таму се македонци, туку долу во категоријата за македонските писатели ставаме [[Категорија:Македонци по занимање|Писатели]], за во горната категорија да можеме да ги најдеме под `П`, а не сите само под `М`. Но да не должам многу, еве ти пример кој го илустрира сето она што досега го кажав, и верувам дека наеднаш сѐ ќе ти се разјасни: Категорија:Градови во Италија - оди на „уреди“ и разгледај ја содржината. Поздрав уште еднаш :) --Б. Јанкулоскиразговор 21:33, 8 јануари 2009 (UTC)
Ако добро те разбрав - на категоријата треба да ѝ ставам категорија, и автоматски ќе се појави со `плус` како подкатегорија? --Виолетова 21:39, 8 јануари 2009 (UTC)

Здраво

уреди

Бидејќи Брест не е тука, па тебе ќе те прашам. До каде е ботот за правење статии за ѕвездите? Мислам тоа е добра идеа па треба да се реализира што поскоро. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 19:00, 11 јануари 2009 (UTC)

Еј, здраво. Немам појма со ботот до каде е... Со тоа Брест се занимаваше. Јас ги внесувам статиите рачно --Виолетова 19:10, 11 јануари 2009 (UTC)
ОК, благодарам и пријатна работа. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 19:18, 11 јануари 2009 (UTC)

Бретонците и ние

уреди

Здраво Виолетова,
Секоја чест за активноста која ја покажувате на МК Вики. Јас не сум во состојба во толкава мерка да допринесувам, па затоа се обидувам да помогнам на поинаков начин.
Како што и претходно реков работев на популаризација на проектот SETI@home во Македонија. Тогаш беше полесно. Луѓето требаше да го инсталираат screensaver-от и тоа беше сѐ. Овде треба нешто повеќе. Овде треба да се одвои квалитетен дел од своето слободно време. Зашто волонтерската работа во МК не е баш многу ценета. Во вакви околности повикувањето и мотивацијата на поединци да се приклучи и да напишат нешто за МК Википедија мислам дека е голем предизвик. Така што секој напор е добредојден.
Поздрав,
Wikimk (разговор) 22:07, 11 јануари 2009 (UTC)

Архива

уреди

Те молам види ја првата архива што ја напиша и види како треба да биде насловот. Јас ти ја пренасочив од Виолетова/Архива1 во Разговор со корисник:Виолетова/Архива1 (мора вака). Пренасочи ги новите архиви со наслов како првата а потоа на еден ќе ти ставам шаблонче за навигација за да видиш како изгледа. Поз-- MacedonianBoy  Oui? 23:45, 13 јануари 2009 (UTC)

Сега се ти е готово. Каде што ти е шаблончето најгоре, секогаш оставај по едена цервена архива, за да кога сакаш нова архива да правиш ќе кликнеш на црвената во шаблончето и автоматски ќе ти ја именува. Секогаш оставај плус една за помалку работа.-- MacedonianBoy  Oui? 23:55, 13 јануари 2009 (UTC)

Аха, ОК :) Фала многу за помошта --Виолетова 23:56, 13 јануари 2009 (UTC)

Астрономија

уреди

Здраво. Мене ми е навистина мило што постои астрономски ентузијазам. Јас ќе покренам дури и иницијатива ако треба. Ако создадеме доволно голем број на статии, би можеле и во порталот да воведеме избрани содржини на секој месец. Поздрави само напред.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:20, 18 јануари 2009 (UTC)

Пред некој ден го гледав нашиот портал и порталите на англиската Википедија. Тие имаат посебно портал за нашиот сончев систем, посебно за астрономија, и посебно за вселена. Е сега, можда поарно да одделиме два портала - за сончев систем (само со податоци за нашиот сончев систем) и посебно за астрономија, наместо да ги менуваме месечно статиите... ова само како предлог што ми падна на ум кога ги гледав :)

п.с. Мислам дека статијата за ѕвездата Бетелгез може да ја ставиме и на главна страница некоја недела. --Виолетова 00:27, 18 јануари 2009 (UTC)

Да, статијата за Бетелгез ќе ја избереме. За порталот сончев систем знам. Го видов кога го уредував порталот астрологија. Има исто така и портал Марс и портал Ѕвезда, и уште многу астрономски портали, но затоа има и многу повеќе статии. Мислам дека може наскоро да уредам портал:Сончев систем, но сепак не сакам да ја правиме грешката како со некои други портали, а то е да немаме доволно статии. Најпрвин ќе ги прошириме статиите, ќе уредиме статии за природните сателити, па порталот ќе биде создаден во меѓувреме. А, и една иницијатива може да биде од корист. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:34, 18 јануари 2009 (UTC)

РЕ: Предлог идеја

уреди

Шкртни нешто на SETI@home статијата, таман ти е позната темата :)

п.с. Браво за СЕТИ, супер е статијата сега :) Поздрав --Виолетова (разговор) 21:54, 18 јануари 2009 (UTC)

Најпрво благодарам за коментарите за СЕТИ статијата. Со оглед на тоа што ме интересираа(т) такви работи, кога видов дека ја имаш започнато, ѝ се нафрлив веднаш. Прости ако ти се замешав во нешто што самата планираше да го доработиш. :-)
Што се однесува до статија за SETI@home и самиот помислив на таа работа. Веќе пишав на Википедија дека имам напишано 3 статии на таа тема ([SETI@home na Hemija.net]), ама статиите се пишани пред околу 7-8 години. Ќе треба прво да си повторам и да соберам нови информации, оти тоа што го имам на ум треба да се дополни.
Поздрав,
Wikimk (разговор) 22:54, 18 јануари 2009 (UTC)

Фала за помошта.

уреди

Незнаев дека сте лекторка. Инаку вас ќе ве прашав за тоа! :). Ако го убедам Зоки да го вметнеме тоа во водичот за стил или во нешто слично веднаш ќе те известам! Колку толку ми помогна, фала уште еднаш! --Макс(разговор) 14:07, 19 јануари 2009 (UTC)

За именувањето на статиите

уреди

Здраво, би сакал да се придружите на оваа дискусија по повод дискутабилното именување на статиите за филмови, компании, музички групи и сл. Вашата помош е ценета. --Brainmachinewtf? 17:51, 19 јануари 2009 (UTC)

Предлог

уреди

А зошто не се кандидираш ти за администратор? И онака, фали дама во списокот администратори. ;-) --FlavrSavr (разговор) 14:03, 22 јануари 2009 (UTC)

Мало прашање

уреди

Како би било правилно транскрибирано на македонски името на градот Osijek, Осијек или Осиек? Мислам дека е без ј бидејќи така го пишуваме и Сараево (не Сарајево), но сепак кажи ми за да поправам. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 19:23, 22 јануари 2009 (UTC)

Без `ј` го пишуваме - Осиек. Поздрав Виолетова 19:40, 22 јануари 2009 (UTC)

Иницијатива 2009-година на астрономијата

уреди
Иницијатива
           Здраво, Виолетова/Архива6!
Голема благодарност за Вашите придонеси во исполнувањето на целите на досегашните иницијативи. Како што веќе знаете 2009 е прогласена за меѓународна година на астрономијата, па затоа на Википедија на македонски јазик е покрената иницијатива за зголемување на бројот на статии поврзани со астрономијата, како и проширување на постоечките, создавање на нови портали, шаблони и инфокутии во тековната година. Во функција на оваа иницијатива е ВикиПроектот Астрономски објекти. Секој Ваш придонес е добредојден. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 13:59, 23 јануари 2009 (UTC)

„...да ви го спасам мајчиниот јазик на Википедија“

уреди

Дискусијата е префрлена на Википедија:Селска чешма#„...да ви го спасам мајчиниот јазик на Википедија“

Очи широко затворени!

уреди

Нема проблем веднаш ќе се нафатам да ја преуредам и да видам што е проблемот! Поздрав! --Макс(разговор) 14:52, 31 јануари 2009 (UTC)

Ја средив. Шаблонот кој ти се појавувал најдоле е шаблон кој се уште го немаме воведено во нашава Википедија, а се надевам дека и нема да го воведеме бидејќи е навистина непотребен. Категориите се добри, само немаме многу категории поврзани со филмовите и затоа некои се појавуваат во црвена врска. Категоријата „Категорија:Филмови“ јас лично не ја ставам бидејќи таа всушност служи за во неа стојат многу подкатегории. Но некои членови просто ја ставаат. Веднаш по насловот го ставам шаблонот „lang-en“каде стои името на англиски, исто така во инфокутијата веднаш под нашето име стои името на оригиналот со закосени букви. Котекстот на реченицата ...е филм драма-мистерија... не е правилен. Моментално жанровите се испомешани во нашава Википедија, литературните со филмските. Јас имам поставено барање да се направи некоја иницијатива во врска со тоа кај ВикиПроектот Филм, но никој никогаш не ми одговорил. Инаку правилно е само драма, и со тоа нема да значи дека тоа не е филм туку драма, бидејќи во случајов драма е филмски жанр, а не форма на литературно дело. Тоа мистерија нема смисла каде да се стави, така да го оставаме така. Категориите јас ќе ги додавам и вадам ако е потребно, другото мислам дека е средено, сега ти додај си само синопсис и тоа е се. Поздрав! --Макс(разговор) 15:24, 31 јануари 2009 (UTC)

Иницијатива 500 (избрани) статии

уреди
Иницијатива 500 (избрани) статии
           Здраво, Виолетова/Архива6!
Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за Вашите придонеси во остварувањето на целите на претходните иницијативи. Сакам да Ве известам дека на Википедија на македонски јазик се покренува иницијативата за уредување на 500 (избрани) статии, која ќе има за цел проширување на постоечките и уредување на нови квалитетни статии, кои без поголеми промени може да бидат избрани на Главната страница. Може да придонесувате со уредување на квалитетни статии од сите области. Подобрените квалитетни статии или новите квалитетни статии додадете ги во порталот со 500 статии. Порталот служи и како увид за тоа како напредуваме во остварувањето на целта, а е и помагало за полесен избор на избрана содржина. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 00:42, 1 февруари 2009 (UTC)

Прашање

уреди

Здраво Снежана. Како да биде ова на македонски marginal sea? Маргинално, ивично, рабно, крајно,....Кој би бил правилниот македонски термин?--Raso mk (разговор) 12:26, 1 февруари 2009 (UTC)

Ова е географски поим, и најубаво да се провери во географски прирачник, или така нешто... Не знам со сигурност, не сум го сретнала поимот до сега. Виолетова (разговор) 12:38, 1 февруари 2009 (UTC)

Само проверка

уреди

„Каде што“ се пишува разделено, нели? Не слеано: „кадешто“ Хм? --Brainmachinewtf? 22:03, 3 февруари 2009 (UTC)

Да, разделено --Виолетова (разговор) 22:05, 3 февруари 2009 (UTC)


Ознака на статиите за астрономски објекти

уреди

Здраво. Ќе Ве замолам во иднина, кога ќе уредувате статии поврзани со астрономски објекти, во страницата за разговор на статијата да го додавате шаблонот:{{ВикиПроект Астрономски објекти статија}}. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:12, 6 февруари 2009 (UTC)

ОК, го додавам --Виолетова (разговор) 22:14, 6 февруари 2009 (UTC)

Оставете ми ја мене статијата за Херцпрунг-Раселовиот дијаграм. Ќе ја направам супер, а имам и литература за тоа. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:35, 8 февруари 2009 (UTC)

Со задоволство ти ја оставам :P --Виолетова (разговор) 19:00, 8 февруари 2009 (UTC)

Конвенции за именување.

уреди

Те молам види го ова! [1] --Макс(разговор) 14:05, 9 февруари 2009 (UTC)

Ѕвездена астрономија

уреди

Здраво. Мислам дека ќе биде подобро доколку сите подкатегории поврзани со ѕвездите ги категоризираме во глвната категорија ѕвездена астрономија, а не во категоријата ѕвезди. Категоријата ѕвезди исто така може да биде подкатегорија на категоријата ѕвездена астрономија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:36, 10 февруари 2009 (UTC)

Мене ми е сеедно по тоа прашање. Поздрав --Виолетова (разговор) 20:45, 10 февруари 2009 (UTC)

Два века, а повеќе векови?

уреди

Нели се два века (двоина), а повеќе од два векови?
Само прашувам.
Поздрав,Wikimk (разговор) 22:05, 17 февруари 2009 (UTC)

века е збирна множина: два века, три века, пет века... --Виолетова (разговор) 22:10, 17 февруари 2009 (UTC)
Благодарам. Поздрав, Wikimk (разговор) 22:15, 17 февруари 2009 (UTC)
Нели оваа беше бројна множина, а збирна беше класје, лисје и сл. Не се правам паметен, само прашувам да видам дали сум за’рѓал или уште се сеќавам :) -- -{админинстратор}-   гитардемон 00:57, 19 февруари 2009 (UTC)

Известување

уреди

Да ве информираме дека на Facebook се формира група Wikimedia Macedonia. Доколку сакате да бидете дел од таа група слободно придружете се. Поздрав--MacedonianBoy 09:06, 20 февруари 2009 (UTC)

ОК, тогаш нема проблем ќе си бидеме во контакт тука. Поздрав--MacedonianBoy 19:42, 20 февруари 2009 (UTC)

Гинисови рекорди и Викисредба

уреди

Здраво. Мислам дека на статијата Гинисови рекорди ѝ треба уште малце проширување. Може нешто да се земе од другите јазични изданија, но може и нешто од книги или од други извори. Инаку за Викисредбата мислам дека се согласивме тоа да биде сабота (28 февруари). Мислам дека рековте дека е можно да ја организирате во близина на Владата, па можете слободно да дадете известување во Селската чешма. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:18, 22 февруари 2009 (UTC)

Па добро, колку што видов во англиската статија, имаат дел за музеј што го нема на нашата. За средбата - кажете саат, па да ја пишеме. Поздрав. --Виолетова (разговор) 07:55, 22 февруари 2009 (UTC)

Мислам дека англиската не треба да биде мерка за тоа како треба да изгледаат нашите статии. Ако е некоја мала статија на англиската и на сите други јазични изданија не значи дека статијата е толку и не може да се проширува. Во случајов темата е позната и ќе побарам нешто за да ја прошириме. Инаку за средбата, мислам дека најдобро време е 17:00. Тоа не е ни рано ни доцна. А, за прашањето на MacedonianBoy за договорањето околу одржувањето на средбата, тоа го правевме на мејлинг листата, па те повикувам и тебе да се вклучиш. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:04, 22 февруари 2009 (UTC)

Кога со кому и каде сте се договарале за Вики Средба? Јас немам прочитано такво нешто.

Поз--MacedonianBoy 09:13, 22 февруари 2009 (UTC) На минатата средба зборевме секоја последна сабота од месецот да има вики-средба, а 28 февруари е последна сабота од овој месец. Поздрав -- Виолетова (разговор) 14:39, 22 февруари 2009 (UTC)

Лекторска помош!

уреди

Здраво. Имам мал „проблем“ и ти како лектор мислам дека можеш да ми помогнеш. Вака како да ги преведувам работите од типот:

  • 1st Academy Awards
    • Прво доделување на Оскар
    • 1 доделување на Оскар
    • 1то доделување на Оскар
  • 81st Academy Awards
    • Осумдесет и прво доделување Оскар
    • 81 доделување Оскар
    • 81то доделување Оскар

Значи те прашувам дали бројката треба да се пишува, да стои само бројка, или бројка со „наставка“? Како е правилно!? Гледам дека Кирил те прашал слично прашње ама неможам од тоа да извлечам заклучок, затоа те прашувам. Благодарам однапред и поздрав! --Макс(разговор) 12:07, 22 февруари 2009 (UTC)

Во случајов правилно е со збор, а не со бројка (ова е по истиот принцип како и „Прво заседание на АСНОМ“ и слично. Поздрав --Виолетова (разговор) 14:41, 22 февруари 2009 (UTC)

викиречник

уреди

Можеби знаеш, можеби не знаеш, незнам дали знаеш или незнаеш, но сакам да ти кажам дека би било добро да знаеш дека постои и мк.викиречник проект. Мислам дека некои од темите кои ги начнавме деновиве може таму да ги разработиме подетално. Доколку не си знаела еве врска до мк.викиречник. Овој проект е малку запоставен, но еве прилика да се поработи и на него. Поздрав. --brest (разговор) 14:13, 23 февруари 2009 (UTC)

Немав појма Брест. Го ѕирнав сега, и немам појма што треба да се прави таму - само категории гледам... --Виолетова (разговор) 18:00, 23 февруари 2009 (UTC)

Windward Islands

уреди

Едно прашање. Како се викаат овие острови на македонски? Јас не се сеќавам од школо дали сум ги учел како Виндвардски, Вентски или Ветровити Острови? Плус тоа тука немам никаков атлас. --Р ашо  13:06, 20 март 2009 (UTC)

Не сум ги сретнала ни јас. Сега проверував дали има карта на нет на тој дел од планетава, ама не најдов. Чек, пак ќе проверам и во наш географски атлас (немам до мене, треба да ѕвонам негде). --Виолетова (разговор) 13:12, 20 март 2009 (UTC)
Веќе спомнав. Нешто морам. Но може да се поправи и после.--Р ашо  13:28, 20 март 2009 (UTC)

Имиња во превод на македонски јазик

уреди

Здраво. Ме извести ја дека вие повеке се рабирате за превод на имиња на македонски јазик па сакав да ве прашам дали можете да ми помогнете. Имињата за кои ми треба помош се:

Ви благодарам во секој случај. Поздрав.--MrBones (разговор) 15:51, 29 март 2009 (UTC)

Благодарам за помошта:) Поздрав.--MrBones (разговор) 08:17, 30 март 2009 (UTC)

Здраво, јас имам уште неколку имиња што не знам да ги преведам, т.е. не сум баш сигурен, па ако можете да ми помогнете би ви бил многу благодарен.

  • Alberto Zaccheroni - италијанец

--MrBones (разговор) 09:37, 9 април 2009 (UTC)

Земање (во) предвид?

уреди

Едно прашање: која јазична конструкција е поправилна — да земеме во предвид или да земеме предвид? --Brainmachinewtf? 16:04, 29 март 2009 (UTC)

Здраво БМ. Без „во“. Оти инаку би земал и „во“ и „пред“ и тоа истовремено. Гарант! :-)
Поздрав, --Wikimk (разговор) 17:49, 29 март 2009 (UTC)
Правилно е да земеме предвид. Поздрав --Виолетова (разговор) 07:56, 30 март 2009 (UTC)

ISO 639-1 код

уреди

Здраво, Виолетова. Дали знаеш некаде да има листа на ISO 639-1 кодовите на jазиците и имињата на овие jазици, например:

  • bg - бугарски
  • en - англиски
  • mk - македонски , и таку натаму. --Стан (разговор) 19:10, 18 април 2009 (UTC)
На англиската Википедија има Листа на тие кодови - ОВДЕ --Виолетова (разговор) 19:26, 18 април 2009 (UTC)
Да, видох ги овде, но ми требат имињата на македонски jазик, а таму се на англиски. --Стан (разговор) 20:09, 18 април 2009 (UTC)

Ме потсети дека ги немаме, па еве ја средувам таа статија. Поздрав --Виолетова (разговор) 20:12, 18 април 2009 (UTC)

Предлог за преведување на референци

уреди

Видете ја дискусијата за предлогот за преведување на референците (не сите, видете за повеќе детали во излагањето на селската чешма) на македонски јазик, поткрепена со примери. Можете да дадете свој предлог и да придонесете кон развивањето на дискусијата. -{админинстратор}-   гитардемон 23:36, 23 април 2009 (UTC)

Бројна множина

уреди

Отсекогаш сум имал малку проблем со бројната множина, па ми треба појаснување, не можам да најдам дефиниција никаде. Нели бројната множина секогаш се применува во машки род (со мали исклучоци)? Дали тогаш не е точно десет потега наместо десет потези? И десет компјутера наместо десет компјутери? Или десет мажа наместо десет мажи? Кои беа исклучоците сум заборавил, затоа не ми е јасно ова, ако може да ми го разјасните :) Благодарам. -{админинстратор}-   гитардемон 00:37, 27 април 2009 (UTC)

Во `мое` време ја викавме избројана множина ;) За примерите што ги кажуваш: првите се избројана множина, вторите се обична множина. Ќе се употреби таа множина која е потребна според смислата на реченицата. Сега баш на дефиниција не се сеќавам... Поздрав --Виолетова (разговор) 20:19, 28 април 2009 (UTC)
Назад на корисничката страница на „Виолетова/Архива6“.